Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Македонија ги исполнува стандардите за борба против трговија со луѓе


28.06.2011, 15:22

Република Македонија повторно оваа година од страна на Стејт Департментот е рангирана меѓу земјите кои целосно ги исполнуваат стандардите за борба против трговија со луѓе во извештајот ТИЕР Репорт 2011.

Несоменено е дека Стејт Департментот е најрелевантната меѓународна институција, а извештајот за 2011 година е најмеродавниот документ за справувањето со овој вид криминал, кој, потенцира министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, се базира на огромна база на податоци и други компаративни истражувања.

- За нас е исклучително важно што Стејт Депртментот ги препозна напорите и резултатите што ги постигнува МВР, Владата и државната комисија. Уште е позначајно што е и огромно признание не само за надлежните органи и институции кои работат на оваа поле, туку за Република Македонија, рече на денешната прес - конференција Јанкулоска.

Таа укажа дека позитивниот извештај не смее да се сфати како нешто што ни е подарено или засекогаш заслужен и признаен статус. Нап��отив, подвлече, ние на него гледаме како на уште еден дополнителен мотив во определбата постојано да докажуваме дека имаме волја и знаење да се справуваме со трговијата со луѓе.

- Човечкото достоинство, правата и слободите беа и ќе останат наши врвни приоритети. Секако дека не може и не смее да не остави рамнодушни фактот дека Македонија е препознаена како земја на извор, транзит и дестинација на жртви на трговија заради сексуално искористување или присилна работа, предупреди министерката Јанкулоска.

Македонија во 2008 и 2009 година беше рангирана во ТИЕР 1, додека 2005, 2006 и 2007 година вратена во групата земји ТИЕР 2 кои нецелосно ги исполнуваат минималните стандардите.

- Лани земјата е вратена во ТИЕР 2, но благодарение на напорите на МВР, на членовите на државаната комисија и на другите релевантни инсититуции Република Македонија за само една година успеа да ги корегира сите недостатоци, да ги подобри резултатите и се врати меѓу земјите кои целосно ги исполнуваат стандардите, истакна Јанкулоска.

Напредокот на Република Македонија оваа година е нотиран заедно со уште 22 други земји, така што се наоѓа во друштво со Австрија, Канада, Данска, Луксембург, Норвешка и Шведска. Од рангирањето на вкупно 184 држави од сите континенти, нотирано е дека други 22 земји назадуваа во рангирањето. Соседните земји, вклучувајќи ги Бугарија и Грција, како земји членки на ЕУ, остануваат во групата ТИЕР 2, заедно со осум други земји како што се Романија, Чешка, Малта, Унгарија....

Од објавувањето на минатогодишниот извештај заклучно со мај годинава МВР откри и процесуираше четири случаи на трговија со луѓе, од кои две со трговија со малолетно лице. За овие четири дела се поднесени кривични пријави против вкупно14 лица. Во два од случаите злоупотребена е немоќта и интелектуалниот развој на жртвите.

МВР во изминатата година откри и 21 дело криумчарење мигранти, за кои се пријавени 41 сторител и четири дела организирање група и поттикнување на трговија со луѓе и криумчарење мигранти. За овие дела се пријавени 21 сторител, за криумчарење 132 мигранти, од кои преовладуваат лица со потекло од блискиот и далечниот исток и од северна Африка.

Во извештајот на Македонија меѓу другото и се препорачува шелтер центрите и центрите за реинтеграција да бидат колку е можно подостапни за жртвите од Македонија и странство, да се зајакне учеството на НВО како активни партнери за давање помош за потребите на жртвите и нивната реинтеграција, да се развие специјализирана помош за мажи и помладите деца кои се жртви на трговија. Се препорачува зајакнување на законската регулатива заеднички со НВО и граѓански здруженија за да се зголеми довербата кај потенцијалните жртви, да се демонстрира забележителен прогрес во идентификацијата на домашните и странски жртви на трговија преку проактивен скрининг на нерегистрирани работници во ноќните клубови, барови, градежниот и земјоделскиот сектор за присилна работа и проституција....



#
Статијата е прочитана 341 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Нови имиња во новата влада
Доксијадис, Танге и недовршените реченици
„Тигри“ ги спасиле Финците
Згаснуваат „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“
Македонија може
Зошто нема среќа во љубовта?
Пеколни протести на улиците во Атина
Стресот убиец на срцето
Руската манекенка се разведува
Груевски доби мандат да формира нова Влада
Дневник на интелектуалецот во егзил
Весниците од „Перо Наков“ продолжуваат со работа
Александар ја згази економијата
Не одете во Грција преку Богородица
Рен
Карикатура
Просечна бруто-плата за април 30.172 денари
Стол
Бе­ле­ти ја за­вр­ши ка­ри­е­ра­та
Почнува поставувањето на споменикот на Цар Самоил
Онлајн вести

"""