Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Македонија може

Димитар Чулев

„Сакаме да се осигуриме дека Скопје е меѓу оние земји во регионот што одат по патот кон подлабоко интегрирање во ЕУ“!

Појасна порака од ова – здравје. Еврокомесарот за проширување, Штефан Филе, потсети дека препораката за започнување преговори со ЕУ од 2009 година се' уште е во сила, но дека земјата на планот на реформите треба да ја доврши „домашната задача“, а на надворешно-политички план да направи се' да се ослободи од баластот на наметнатиот спор за името.

Сакаме да веруваме дека Македонија и треба и може. Од 5 јуни имиџот на земјата е значително подобрен: големата излезност на изборите во извесна мера претставуваше референдумско изјаснување на народот дека сака да опстои на демократскиот пат што води кон престижниот ЕУ-клуб, а мирните и фер избори беа најграѓанскиот придонес за тоа. Оние што ќе ја формираат власта ќе ја преземат во пакет со министерските фотелји, и обврската да го обработат сето она нереформирано за што од Брисел постојано потсетуваат и одвреме-навреме не' „плескаат“ по прсти.

��одобрената клима во регионот, која од ладна и магловива мина кон стабилна, ведра и проевропски ориентирана со исчекорите на Хрватска, Србија Црна Гора на патот кон Брисел, дава простор за оптимизам дека Македонија нема да одбере облачна опција без разлика на песимистичките метеопати и евроскептици.

Се разбира, Брисел ќе мора исто така да испрати јасен сигнал дека по главоболките во еврозоната и напливите на ксенофобичност во шенген-просторот, ќе опстои на агендата дека проширувањето на ЕУ нема да запре.

Летово Македонија ќе одбележи десет години од Охридскиот договор, кој не само што ги вразуми разулавените националистички екскурзијанти, туку постави модел како едно мултиетничко општество треба и може да функционира. Во услови кога една Меркел, еден Саркози... во момент на слабост јавно признаа дека „мултикултурализмот не функционира“, малата Македонија ги демантира. Веќе десет години и особено сега кога е на потег формирањето нова влада во која на рамноправна основа (и согласно со изборниот резултат) ќе партиципираат граѓани исти пред законот и уставот без разлика на нивната етничка, јазична, културна и конфесионална различност. Токму одбележувањето на годишнината од Рамковниот треба да се искористи за лобирање од сите во прилог на заедничката корист.

Неблагодарно е да се одмерува ударот од економската криза во услови кога на планетарно ниво сите се согласија дека минале лошо или – полошо. Ако навистина најтешкото помина, новата влада ќе треба да ги засука ракавите и менаџерски да се инволвира во што побрзо отстранување на последиците и за создавање амбиент за заживување на економијата, која беше доведена на работа на вегетирање. Нема веќе „екскјуз“, а пријателите од Европа јасно порачаа дека не можат да примаат овдешни социјални случаи што бараат економски азил.

Конечно – соочување со Грција. Како земјата која е пред банкрот ќе се справува со тоа е проблем на Атина. Македонија не може како алиби да го искористи дишењето на кредитни жабри на јужниот сосед, туку мора да ја преземе палката во преговорите и да бара интензивирање на разговорите. Смирено и со постигнат консензус дома, и жестоко и нападно надвор се додека не ја натера Атина заеднички да се испегла разликата за името. Ако на Папандреу не му е до муабети, нам ни е зашто „кипаризацијата“ (одолжување) на проблемот оди на негативното конто на Македонија. Тоа го знаат и граѓаните и партнерите во власта и, веруваме, опозицијата. Проблемите се знаат, пораката е јасна, се очекува разврска...


#
Статијата е прочитана 1367 пати.

Испрати коментар

Од: pameten
Датум: 28.06.2011 00:52:15
Makedonija mozhe i treba da najde mesto megju evropskite narodi so svoj moderen identitet. No prvo treba da se izjasni zoshto ovo dosega ne se sluchilo? Grcija e crnata ovca na Evropa, ama nikoj ne gi tera za popushtat? Poshto e ochiglednost deka Aleksandar kakov i da bil shirel helenizmot. Site gradbi na statui nema da go promenta ovoj fakt. Begajki od zaednichkata istorija so Bugarite odime na konflikt so Grcite. Filip, Aleksandar, Vasilij Makedonski Bugaroubiecot... jasno pripagjat na tugja kultura. Sv Klimen, Sv Naum, Krchovski, Pejchinovik, Miladinovci, osnovachite na VMRO, Aleksandrov, Talev, Buneva, Venko Markovski se ni zaednichki so Bugarite. Makedonija mozhe da go najde spasot. Prifakjane na istorijata takva kakva shto bila! Povrzuvanjeto na Makedonskiot identitet so istoriski nevistini e predavstvo!
Од: ak47
Датум: 28.06.2011 02:04:06
Vesnikot kje vi propadne, a vie ushte kje go tupite za promena na imeto. Koga kje razberete deka taa ideja *ne se prodava vo Makedonija*. Mozhe vo Grcija da se obidete, kje bidete pouspeshni.
Од: Димитар
Датум: 28.06.2011 08:14:26
„Сакаме да се осигуриме дека Скопје е меѓу оние земји во регионот што одат по патот кон подлабоко интегрирање во ЕУ“! Ова е цитатот како поднаслов на овој напис. Реагирам на "скопјанизирањето" на мојата земја, Македонија. Не смее македонски медиум (новинар, уредник итн) да си дозволат вакви конструкции, "Скопје" да биде употребено како замена за називот на нашата земја. Каква и да е изјавата на ЕУ "кумот" Вие треба да ја дадедете во оригинал без превод и со коментар-превод-забелешка. За сугестиите од написот, само би прашал, дали можете да пресметате колку е ревалозираната вредност на имотите и загубената добивка на Македонците што под присила ја напуштиле територијата на окупираниот дел Македонија, затоа што на доселениците ("просфигес" како што самите се нарекуваа) им беше поделен тој имот и со бесповратни средства помогнати-намамени да се преселат во ново освоените територии. Грција е повеќе од 100 години презадолжена земја, затоа што нивната "мегали идеа" ѓи чинеше многу.
Од: Миле - Охрид
Датум: 28.06.2011 09:40:03
Што да се направи „... заеднички да се испегла разликата за името...“? Ајде да се правиме недоветни и да речеме дека не разбираме што заговарате. Одговорите ми јасно и недвосмислено. Кое е решението? Што ќе прифати Грција? Која отстапка е крај на шовинистичките уцени на Грција? Што доколку останат на сегашните свои позиции за промена на сите идентитетски атрибути на Македонците? Па веќе 20 години тие бараат промена на идентитетот. Промената на името е само средство за промена на идентитетот и уништување на македонскиот народ. Дали тогаш ќе јадеме корења? Дали тогаш ќе бараме алтернативи за НАТО и ЕУ?
Од: bitola troa skolovan
Датум: 28.06.2011 13:54:30
G-dine Culev dobro e da se saka da se veruva deka ovaa administracija ke ne odvede vo eurointegraciite no na ovaj narod treba da mu se kaze deka vo kancalarijata vo Brisel za Makedonija bea zaposleni 14 lica koi ocekuvaa predmet na rabota iniciran od ovaa administracija za zal denes se samo dvajca koi i niv ako prodolzime vaka ke gi nema.

Најди! во Утрински
Насловна
Нови имиња во новата влада
Доксијадис, Танге и недовршените реченици
„Тигри“ ги спасиле Финците
Згаснуваат „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“
Зошто нема среќа во љубовта?
Пеколни протести на улиците во Атина
Стресот убиец на срцето
Руската манекенка се разведува
Груевски доби мандат да формира нова Влада
Дневник на интелектуалецот во егзил
Весниците од „Перо Наков“ продолжуваат со работа
Александар ја згази економијата
Македонија ги исполнува стандардите за борба против трговија со луѓе
Не одете во Грција преку Богородица
Рен
Карикатура
Просечна бруто-плата за април 30.172 денари
Стол
Бе­ле­ти ја за­вр­ши ка­ри­е­ра­та
Почнува поставувањето на споменикот на Цар Самоил
Онлајн вести

"""