Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Рен: Мерките за штедење единствен начин Грција да избегне банкрот



28.06.2011, 15:29

Прифаќањето на планот за штедење од страна на грчкиот Парламент е единствен начин Грција да избегне банкрот, не постои „план Б“, предупреди денеска во Брисел еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен.

Долгогодишната програма за строги економски мерки (2012-2015 година), чии детали беа утврдени минатата недела од грчката Влада и меѓународните кредитори, предвидува пакет мерки во вредност од 28,4 милијарди евра и приватизација за 50 милијарди евра.

Дебатите во грчкиот Парламент започнати вчера и прифаќањето на програмата в четврток се услов за добивање пари од ЕУ и ММФ, со кои земјата ќе ги врати долговите.

- Не постои план Б за избегнување инсолвентност, оцени Рен, повикувајќи ги грчките политички раководители да преземат своја одговорност.

Весникот „Фајненшел тајмс“ денеска пишува дека европските финансиски институции составиле план за продолжување на намалувањето на значителен дел од грчкиот државен долг за 30 години, откако кредиторите се обединија околу предлогот на Франција за примена на моделот со „Брејди обврзниците“, користени за спас на Латинска Америка пред 22 години.

Околу 50 претставници на банкарскиот и осигурителниот сектор, повеќето од Франција и Германија, се сретнаа вчера во Рим, за да го разгледаат предлогот на француските банки за доброволно продолжување на матуритетот на половината од долгот во наредните три години преку нови 30-годишни обврзници.

Француската банка Бе-Ен-Пе (БНП) поседува најголем дел од грчките обврзници во износ од пет милијарди евра, додава весникот.

Според друг напис на „Фајненшел тајмс“ европски претставници го разгледуваат „планот Б“ за секој случај, ако Парламентот во Атина не успее да го одобри пакетот мерки за строго штедење во износ од 28 милијарди евра. Тие мерки се условот под кој меѓународните кредитори во јули ќе одделат помош од 12 милијарди евра.

Инаку, во Грција денеска започна 48-часовен генерален штрајк, организиран од двата најголеми синдиката - Здружена конфедерација на трудот (ГССЕ) и Синдикатот на државните службеници (АДЕДИ).



#
Статијата е прочитана 260 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Нови имиња во новата влада
Доксијадис, Танге и недовршените реченици
„Тигри“ ги спасиле Финците
Згаснуваат „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“
Македонија може
Зошто нема среќа во љубовта?
Пеколни протести на улиците во Атина
Стресот убиец на срцето
Руската манекенка се разведува
Груевски доби мандат да формира нова Влада
Дневник на интелектуалецот во егзил
Весниците од „Перо Наков“ продолжуваат со работа
Александар ја згази економијата
Македонија ги исполнува стандардите за борба против трговија со луѓе
Не одете во Грција преку Богородица
Карикатура
Просечна бруто-плата за април 30.172 денари
Стол
Бе­ле­ти ја за­вр­ши ка­ри­е­ра­та
Почнува поставувањето на споменикот на Цар Самоил
Онлајн вести

"""