Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Скопје

Груевски доби мандат да формира нова Влада



28.06.2011, 14:05

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска му го врачи мандатот за состав на Владата на Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, партија која на предвремените парламентарни избори освои најмногу пратенички места.

По добивањето на мандатот, Груевски има 20 дена до Собранието да ги достави составот и програмата на новата влада.

Претседателот на Собранието, во рок од три дена од денот на приемот на известувањето од претседателот на државата ги известува пратениците за кандидатот за претседателот Владата.

Предлогот за состав на Владата се доставува во писмена форма. Седницата за избор на Владата се одржува во рок од 15 дена од денот на приемот на предлогот за состав на Владата и програмата. По програмата на мандаторот и предлогот за состав на Владата, Собранието води единствен претрес, кој треа најмногу два дена.

Гласањето за избор на Владата се врши по предлогот за соста на Владата во целина, со јавно гласање. Гласањето се врши по завршувањето на претресот, а најдоцна на полноќ. Собранието ја избира Владата со мнозинство гласови.

Никола Груевски, кој е шести премиер од независноста на Македонија, а по трет пат добива можност да формира влада откако ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите во 2011, 2008 и 2006 година.

Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор вчера Абдулаќим Адеми изјави дека е договорена заедничка владина платформа меѓу ДУИ и ВМРО–ДПМНЕ.

- Во платформата ќе бидат сите теми и сите отворени прашања што досега не се затвориле и можеби ги нарушувале меѓусебните односи. Со затворање на сите теми ние сакаме на Македонија да и обезбедиме европска иднина, како и економски развој. Ова е првпат во плурална Македонија, владината програма да биде заедничка и составена од изборните програми на двете партии-победнички на изборите - изјави Адеми.

Според него, се уште не се знаат имињата на новите министри.

Ермира Мехмети - Деваја од ДУИ, во саботата по изборот на претседател на Собранието, рече дека првичната поделба на позициите и ресорите во новата власт ќе биде 2:1.

На првата конститутивна седница која се одржа во саботата, Собранието едногласно ги верификуваше мандатите на новите 123 пратеници во Законодавниот дом, а Трајко Вељаноски беше повторно избран за прв човек на оваа институција.




#
Статијата е прочитана 499 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonski Lav
Датум: 28.06.2011 17:34:20
KAKO SE PREVRTE OPSTESTVOTO VO CELINA, DOJDE VREME KOMITI I BALISTI DA FORMIRAAT VLADA I TOA VO MAKEDONIJA, NE E NI CUDO STO VIKAAT SE BLIZI KRAJOT NA SVETOT. POCNAV VEKE DA VERUVAM VO PREDVIDUVANJATA ZA 2012. DENES E PODOBRO DA SI TERORIST OTKOLKU NORMALEN COVEK STO SI JA BRANI KUKJATA OD TAKVI, BAREM KAKO TERORIST KE STANES DEL OD VLADA A TOA GO IMA SAMO VO AFGANISTAN, IRAK I MAKEDONIJA.

Најди! во Утрински
Насловна
Нови имиња во новата влада
Доксијадис, Танге и недовршените реченици
„Тигри“ ги спасиле Финците
Згаснуваат „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“
Македонија може
Зошто нема среќа во љубовта?
Пеколни протести на улиците во Атина
Стресот убиец на срцето
Руската манекенка се разведува
Дневник на интелектуалецот во егзил
Весниците од „Перо Наков“ продолжуваат со работа
Александар ја згази економијата
Македонија ги исполнува стандардите за борба против трговија со луѓе
Не одете во Грција преку Богородица
Рен
Карикатура
Просечна бруто-плата за април 30.172 денари
Стол
Бе­ле­ти ја за­вр­ши ка­ри­е­ра­та
Почнува поставувањето на споменикот на Цар Самоил
Онлајн вести

"""