|
|
|
|
|
|
Економија
Просечна бруто-плата за април 30.172 денари
28.06.2011, 13:56
Просечната месечна исплатена бруто- плата по вработен изнесува 30.172 денари при што бележи зголемување од 0,3 отсто за април 2011 година, во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во април годинава, два отсто од вработените во Македонија не зеле плата.
Зголемување од 0,3 отсто е резултат растот на просечната месечна исплатена бруто плата по вработен во секторите „други услужни дејности“ - 25,9 отсто, „информации“ и „комуникации“ - 15,9 и „стручни, научни и технички дејности“ - 12,2 отсто.
Намалување на просечната месечна исплатена бруто плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите „финансиски дејности“ и „дејности на осигурување“ за 2,6 отсто, „преработувачка индустрија“ за 1,9 и трговија на големо и трговија на мало во секторот „поправка на моторни возила и мотоцикли“ за 1,6 отсто.
|
#
|
Статијата е прочитана 954 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: ivo |
Датум: 28.06.2011 16:42:30 |
|
E kako taka? Da ne e 300.172 denari? So staro- novata "SPOMENICNO -KIPARSKO-VAJARSKA -VLADA" (takanarecena spored istoriskite aktivnosti vo izgradba na spomenici ), samo vo turizmot platite sigurno se povekekratno zgolemeni zaradi naezdata na turisti koi dosle zaradi spomenicite i statuite! Strancite dobro znaat deka Skopje e vo faza na "zlatnoto doba na Perikle" pa zatoa tolku nagrnale! Verojatno e greska deka platata vo prosek e samo 30.000 denari! Isto kako sto e "greska" ona sto bese objaveno deka novinarite na utrinski zemaat samo po okolu 300 evra! Mozebi zemaat po 3.000 evra mesecno, mozebi i poveke od Premierot?! Isto kako i kiparite sto zemaat solidni honorari za kipovite! Molam da gi proverite objavenite podatoci, za da ne se zabunuvam . Prekrasno e koga site se srekni i zadovolni od visokiot standard i od visokite plati koi se dostignati so samopregoren trud na Vladata za koja samo vo superlativi moze da se zboruva , iako ne pocnala uste so rabota! |
|
|
|
|
|
|
Од: "Nepismen. |
Датум: 28.06.2011 18:23:16 |
|
Кој неписмен лаже дека просечна бруто плата била над 30 иљади????Навистина да пукнеш од смеа...
|
|
|
|
|
|
|
|
|