Број 3616  вторник, 28 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Ексклузивно

Доксијадис, Танге и недовршените реченици

На секој град прво му се креира скелетот

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ

Атина - Градот убав пак ќе никне. Колку и да се пребарува по фрази и скопски графити, овој останува безвременска вистина за Скопје, директно поврзана со палењето на градот од страна на Пиколомини, со скопскиот земјотрес во 1963 и со сите детски болести и трансформации на градот низ годините. Зборувајќи за земјотресот и за реизградбата на Скопје, повеќемина во својата меморија го имаат врежано името на јапонскиот архитект Кензо Танге. Човекот што поретко се споменува, а има еднакво важна улога како Танге за планирањето на основниот урбанистички план на Скопје по земјотресот, е грчкиот архитект и специјалист за урбано планирање, Константинос Доксиадис.

На 800 км од Скопје, во епицентарот на европската економска криза, Атина, се среќавам со Томас Доксијадис, внук на Константинос Доксијадис, архитектот што го дизајнирал основниот план за резиградба на Скопје по земјотресот. Томас има свое студио за архитектура, урбан и лендскејп дизајн, повеќе е посветен кон заштита на животната средина, но и кон помали граѓански проекти за волонтерска работа, создавање паркови во целосно бетонски населби и разубавување на делови од Атина. Томас е тазе вратен од Скопје, каде што беше дел од тимот предавачи на „Неделата на архитектура“, со се' уште свежи, позитивни впечатоци за градот. Ова беше негова прва посета на Скопје, речиси 50 години по земјотресот, и работата на Константинос за обнова на градот и добра можност да ги спореди своите планови со она што е денес архитектонска реалност на Скопје.

Неговиот дедо, Константинос Доксијадис, еден од најзначајните светски архитекти, во својата биографија ги има и плановите за Исламбад, Багдад, Дака и е директно вклучен во дизајнирањето на генералниот урбанистички план на Скопје по барање на Обединетите нации по земјотресот. Тој и неговите соработниците по катастрофата во 1963 година беа повикани од специјалната група на ОН за дизајнирање на урбаниот план на градот, за изработка на студија за станбените простори, инфраструктурата, сообраќајниот и транспортниот план. Поради итните услови планот на кој канцеларијата на Доксијадис соработуваше со полската „Полсервис“ беше изготвен за помалку од една година и ратификуван од тогашната служба за урбано планирање на град Скопје.

И самиот дел од семејство бегалци од Мала Азија, Доксијадис знаел што значи да се изгуби домот поради што и добро ја разбирал потребата да се најде начин да се направи нов. „Неговата главна идеја е дека во еден град прво се креира скелетот, односно инфраструктурата, пристаништа, патишта и автопати, па потоа се фокусира на станбеното прашање“, вели неговиот внук Томас, потенцирајќи дека Доксијадис бил дел од групата архитекти што по војната сонувале за еден поубав, односно подобро организиран свет.

Како што потенцира Томас, планот на Доксијадис се однесува на целата територија на Скопје, од автопатот кон Охрид до сегашниот аеродром „Александар Велики“. Планот е направен не за тогашната големина на Скопје или број на население, туку за град што ќе расте во следните 20-30 години и ќе се развива со потенцијал да вдоми и 4 милиони граѓани. Во книгата „Скопје бастард“ архитектите Милан Мијалковиќ и Катарина Урбанек забележуваат дека планот на Доксијадис создава хиерархија од единици и центри, дефинирајќи микроцентар во резидентни населби и отворени зелени простори, додека, пак, делот покрај Вардар поради сеизмичка нестабилност, останува без градби и се фокусира на правење паркови, игралишта и стадиони.

„Идеите на Доксијадис, применети и во овој ГУП, се фокусираат на три главни работи: креирање генерален долгорочен план за Скопје и околината, програма во фази за реизградба на градот и план за цената за изведување на целиот проект“, вели Томас. Објаснува дека Доксијадис во своите анализи и теории се занимавал со анализа на факторите што би го направиле градот сон, како и на кој начин луѓето, природата, општеството влијаат врз организирањето на градот.

„Анализираше како подобро да се организира градот со спојување на архитектурата со општествените, политичките, природните и техничките науки“, додава Томас.

Разочарани проектанти

„Од тоа што го анализирав, ми се чини дека и Константинос Доксијадис и Кензо Танге заминале од Скопје со мало разочарување. Ги дале своите предлози со надеж дека ќе работат директно на изградбата, но оттука добиле едно благодарам и збогум. Балканските народи функционирале итро, ги земале идеите и ги приспособиле на условите. Тоа е добро. Аеродром е правен по планот на Доксијадис, но не е и изведен од него, а, сепак, е многу успешна населба. Метаболистичките згради по планот на Танге, без да ги изведе самиот, се интересни.

Она што многу ми се допадна е ГТЦ. Зградата е фантастична, еден целосно отоманско-балкански базар, каде што секој Грк или Турчин би се чувствувал како дома, но истовремено е и модерна зграда. Архитектот што го дизајнирал ги поврзал одлично модерната архитектура со животот на градот и граѓаните како што реално се, а не како што би сакале да бидеме. Низ светот има и поубави згради, но со полоша функционалност. Значењето на архитектурата не е само во естетиката, туку и во функционалноста. Од овој аспект добро е што имало добри архитекти, машински инженери и градоначалници што успешно ги извеле плановите на Доксијадис и на Танге.

Поделеност на градот

„Сметам дека е важно за иднината на Скопје да нема голема поделеност на градот. Сега некои етнички групи живеат во еден, некои во друг дел на градот. Тоа не ми изгледа како многу добра идеја. Има една теорија на Џон Роз за демократијата, според која, за да постои демократија, луѓето треба да имаат можност заеднички да одлучуваат. За да може да одлучуваат заеднички, треба да имаат можност да разговараат и да се разбираат. Луѓето што секој ден се наоѓаат на улица и разменуваат неколку зборови или гледаат како живеат другите, па дури и да имаат различни култури и националност и да говорат различни јазици, сепак, ако се блиску и да не се согласуваат, може некако да се разберат. Но, кога се оддалечуваат и секој формира своја заедница, има опасност дека ќе биде отежнат демократскиот процес. Опасноста за Скопје е можеби токму таа разделеност. Меѓутоа, сфаќам дека секоја заедница има свои претставници што ги бранат и се борат за нејзините интереси преку заеднички разговор со другите. Проблемите на Скопје не се толку архитектонски колку што се социјални“.

Продолжува во утрешниот број


#
Статијата е прочитана 1986 пати.

Испрати коментар

Од: Поитар Пејо
Датум: 28.06.2011 11:06:42
`Си заминале разочарани од Скопје` Леле колку трогателно,а бе солзи ми навреа кога ова го прочитав. Кутрите тие,им ја зеде некој играчката за да си играат од раце и сега плачат.
Од: citatel
Датум: 28.06.2011 14:35:48
na Skopje mu trebaat golemi arhitekti od stranstvo vo momentot. Ne deka nasite arhitekti se losi no tie se potkuplivi (dovolno e da se setime sto se sluci so konkursot za spomen kukata na Majka Tereza) i tie rabotat pod pritisok i popustaat. Ovaa sarada Skopje 2014 trebase da bide atakuvana na site nacini od arhitektite a gledama mlaki i toa voglavno politicki reakcii. Gradot ni se pretvora vo cirkus vo nesto sto ne bil, nitu bile graganite vo nego. Ni treba sveza, nezavisna mislecka sila ili eden eden silen zemjotres.

Најди! во Утрински
Насловна
Нови имиња во новата влада
„Тигри“ ги спасиле Финците
Згаснуваат „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“
Македонија може
Зошто нема среќа во љубовта?
Пеколни протести на улиците во Атина
Стресот убиец на срцето
Руската манекенка се разведува
Груевски доби мандат да формира нова Влада
Дневник на интелектуалецот во егзил
Весниците од „Перо Наков“ продолжуваат со работа
Александар ја згази економијата
Македонија ги исполнува стандардите за борба против трговија со луѓе
Не одете во Грција преку Богородица
Рен
Карикатура
Просечна бруто-плата за април 30.172 денари
Стол
Бе­ле­ти ја за­вр­ши ка­ри­е­ра­та
Почнува поставувањето на споменикот на Цар Самоил
Онлајн вести

"""