Број 3083  петок, 11 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Борисов се коригираше за Македонија

Бугарија, според Борисов, е еден од најдобрите пријатели на нашата држава

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера се коригираше околу оцените за несреќата во Охрид, која според најновата квалификација не била резултат на безобразност, туку на немарливост. Сакајќи очигледно да ја поправи штетата од недипломатската изјава, Борисов отиде и подалеку тврдејќи дека Бугарија е еден од најдобрите пријатели на Македонија и оти со премиерот Никола Груевски нема лоши, туку прекрасни односи.

„Имаме прекрасни односи со вашиот премиер, а и вашиот министер за надворешни работи, заедно со нашата министерка, беше на погребот и панахидата во Бугарија. Причината што 15 бугарски граѓани загинаа во Охрид е од немарливост - тоа е точниот збор - и тоа не можам да го скријам. Се надевам дека не ве навредив со тие зборови“, изјави Борисов на прес-конференција во Брисел.

За да ја потврди добронамерноста да ги унапредува односите со нашата земја, место впечатокот кај нас дека ќе ги влошува, Борисов напомна дека како градоначалник веќе бил во посета на Македонија и се надева оти сега како премиер ќе размени мислења со нашиот премиер. „Сакам да ве уверам дека ние сме едни од најдобрите пријатели на Македонија. Ве молам да верувате во тоа“, апелираше тој, практично демантирајќи ги сите очекувања дека и неговата Влада, како и претходната, ќе фати остар курс кон Македонија во ЕУ и ќе ја запира во евроинтеграцијата.

„Да беше обратно, да загинеа 15 Македонци во Бугарија, вие ќе бевте поостри од мене. Но, ја користам пригодата да им изразам благодарност на претседателот, на премиерот и на сите што учествуваа, што успеавме да ги вратиме назад живите и мртвите во Бугарија“, порача Борисов.

Инаку, Борисов доаѓа од истата политичка групација на премиерот Никола Груевски, групата на народните партии, па вообичаено е таквите влади да имаат подобри односи отколку кога би биле спротивни политички ориентации. Неговата посета на Брисел, сепак, беше мотивирана од настојувањата да го смени тонот на ЕУ кон Бугарија, но не со празни ветувања, туку со конкретни мерки, со кои ќе докаже дека како премиер е решен да стави ред во државата и да ја расчисти корупцијата. Неговиот имиџ во Бугарија е дека како политичар не ги решава проблемите, туку ги сече во корен, а таа проекција сака да ја пренесе и во Брисел, со вчерашните уверувања дека „секое ЕУ-евро испратено во Бугарија ќе биде заштитено од злоупотреба и гарантирано“.

Неговата одлука да ги замрзне пензиите, платите на администрацијата, скапите владини инвестициони про��кти и поревносно да ги сервисира долговите, му го зголемија уште повеќе рејтингот во земјата. Фигуративно кажано, Борисов сака неговата политичка ѕвезда да засвети не само во Бугарија, туку и во ЕУ, бидејќи , како што рече, таа не заслужува и натаму да се посочува како најсиромашна и најкорумпирана во Унијата.

 


#
Статијата е прочитана 2730 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 11.09.2009 00:58:14
Bugarite sigurno sakaat da bidat prijateli so nas, Makedonija kako shto velat tie e najromantichniot del od bugarskata istorija. Kompromis e potreben ne samo so Grcija, tuku i so BG. Nie ne mozheme da ochekuvame, deka BG kje priznae makedonska nacija, koga okolu 2 milioni bugarski makedonci se deklariraat kako bugari. Kompromisot e znachi neminoven, od loshite odnosi megju MK i BG mozhaat da profitiraat samo strateshkite sojuznici GR i Srbija.
Од: gledacka
Датум: 11.09.2009 01:09:29
Ha-ha-ha, umrev od smeenje. I ovoj Borisov prostete, ist e kako nasite "umni" glavi od vlasta, "Mujo rek'o, Mujo odrek'o". Pu-pu, sega ne se vazi sto rekov. Sega sme prijateli. Za potsetuvanje na zaboravnite citateli: Republika Makedonija pod ustavno ime i so nacionalen identitet prva ja prizna Republika Turcija. Izvinete, zaboravni novinari i "B-fili".
Од: Mene do Vas
Датум: 11.09.2009 01:11:13
Tzi (taa) dupka ne e dupka.
Од: pameten
Датум: 11.09.2009 03:27:57
да загинеа 15 Македонци во Бугарија, вие ќе бевте поостри од мене... Tochno e! I e vistina deka Bugarite se nashite najdobri prijateli. I kje ne priznnaat za poseben narod so poseben jazik, ako samo si go objavime nasheto vistinsko poteklo od ljge koi shto se narekuvale Bugari.
Од: febo
Датум: 11.09.2009 05:29:17
Veke si go kaza svoeto,taka da sega ova pu,pu ne vazi,vistinskoto lice odamna e poznato,no kako sto se veli komsiite ne mozeme da gi birame,tie se takvi kakvi sto se ...
Од: ohrid
Датум: 11.09.2009 09:02:40
nasite politicari treba da ucat od nego
Од: tatoo
Датум: 11.09.2009 09:08:53
Ретерирање од една несоодветна изјава е одлика на несериозен политичар кој не се води по кодексот на политичко размислување и достојанствено изразување туку од моменталното своето моментално расположение. Со должна почит г-на Борисов, ама вашето ретерирање од вашата неумесна изјава неможам да го прифатам.
Од: tomo
Датум: 11.09.2009 09:14:54
Znaci, kako sto pisav vcera, zborot "bezobrazie" na bugarski znaci "nemarlivost". Znaci se raboti za nasi nepismeni novinari koi treba da konsultiraat bugarist a ne sami da si gi vrsat prevodite. Plus onie od Sitel go isfavoriziraa namerno toj zbor.
Од: Marijana
Датум: 11.09.2009 09:39:09
Apsolutno mu veruvam na Borisov deka e vo odlicni prijatelski odnosi so N.G.Vo uste poprijatelski odnosi e sekako so Lj.G., koj vprocem e i nivni gragjanin. No da mi objasni "kultiviraniot Balkanec" koi se tie "bugarski Makedonci"? Taa sintagma mene mi e ednakva na "drveno zelezo", a takvo, ako ne znae, ne postoi.
Од: Turgut
Датум: 11.09.2009 09:45:55
Вистина е дека Бугариjа е првата земjа коjа призна Република Македониjа - на 15 jануари 1992г. Турциjа бе втора - на 5 февруари 1992г.
Од: in hopes
Датум: 11.09.2009 10:46:45
Makedonija treba da gradi dobri odnosi so site sosedi, a posebno so Bugarija i Srbija , bidejci so niv ne povrzuvaat mnoztvo na na slicni i zaednicki osobenosti od istorijata, obicaite , religijata pa i slovenskite koreni. Onie temni strani od istorijata i minatoto treba da se najde sila od dvete strani da se trgnat nastrana i istite da ne gi vlosuvaat dobrososedskite odnosi medju sosednite bliski narodi.No za zal vo site ovie drzavi , a i kaj nas, potojat nekoi retrogradni sili , koi sakaat da kopaat niz istorijata da gi prezentiraat samo negativnite nastani od istoriskoto minato , a ne zaednistvoto i da ja predefiniraat istorijata po svoj ''tertip", ne vodejci smetka zatoa deka sme sega 21 vek i deka treba da gledame kon gradenje na evropskata idnina na ovie prostori
Од: stoe
Датум: 11.09.2009 10:55:59
bravo borisov te sakam kako brat nie ja saz..... rabotata pa duri borisov ni kriv da bese obratno ce zabranevme izlez za bug a borisov se bori za svoj narod saka da ima red da imat rabota,saglam socijala,zdravstvo,uslovi za hendikepirani,stari,deca na nivo na evropa a sto pravime nie?otvarame kujni kako sto gi imalo vo ohrid vo 10.vek seteted se samo na imeto imared toa ime potaknuva od narodna kujna kade sekogas imalo red znaci 10veka seuste tapkame i stpime vo red vo narodni kujno zasrami se mak a bore sekoja ti cast......................
Од: Ace od Avstralija
Датум: 11.09.2009 14:39:29
Za kakva romantika zbori (Ne)Kulturniot? Da ne e toj vo nekoja romantika so nekoj Bugarin ili Bugarite voopsto?

Најди! во Утрински
Насловна
Софија на солзите не им верува
Зоврива собраната „кратошија“, зовриваат и лозарите
Зденко
Власта да го слуша и ММФ, а не само Светска банка
Македонија не знае што ќе прави со „синот“ на Брозови
Политика во дворови
Груевски нуди „кинески кварт“ во економските зони
Државата не знае зошто не се продаваат дворовите
Последниот воз за Катанга
И конфискацијата на имотот алатка за политичка пресметка
На кафе-муабет