Број 3083  петок, 11 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Си велам...

Последниот воз за Катанга

Ерол Ризаов

Низ Македонија се движат, пловат и летаат мртовечки сандаци

Охридската трагедија и 15-те невини жртви на потонатиот брод „Илинден“ мораа да отворат една одамна затворена и заборавена страница. Тоа е безбедноста на луѓето во јавниот превоз во Република Македонија. Затоа со респект гледав на чуството за одговорност и во тоа ја видов смислата на оставката на младиот министер за сообраќај, Миле Јанакиески. Но,тоа испадна само политички трик за намалување на тензиите, по сознанието за невиден јавашлук. Тоа го потврди самиот премиер Груевски отфрлајки ја оставката. Значи, станавме повторно сведоци на уште еден залуден данок во крв кој ќе го заборавиме до новите хорор вести кои уредниците на телевизиите во морбидната трка за гледаност ќе ни го пласираат со сето свое незнаење спакувано како ултраексклузивност, непрофесионалност, неетичност, добро дозирана со патолошка самобендисаност и алчност.

Се разбира, трагедии и големи несреќи се случуваат секаде во светот. Без исклучок и кај богатите и кај сиромашните. И кај развиените и кај неразвиените. Светските црни хроники секој ден се преполни со жртви. Гинат луѓе секоја минута поради човечки грешки, природни несреќи, тероризам...

Во што е тогаш специфичноста на охридската несреќа и зошто таа е навистина срамна за угледот на државата колку и да му се лутиме на неодмереноста на бугарскиот премиер Бојко Борисов. Проблемот е во тоа што во Македонија јавниот превоз на патници ги нема ниту најосновните стандарди за безбедност на човечките животи. Не се почитуваат законските норми, ниту, пак, најминималните превентивни критериуми и правила. Одамна, луѓето што ги знаат состојбите во јавниот сообраќај предупредуваат дека низ Македонија се движат, пловат или летаат мртовечки сандаци, крнтии во распаѓање без никаква контрола. Дури и нови превозни средства не се сервисираат редовно според пропишаните правила и гаранции. Затоа, ни падна хеликоптер кој однесе во смрт 11 мировници. Ама нашиот премиер тогаш не рече - тоа е срамота. А на министерот за одбрана ни на крај памет не му беше да поднесе оставка. Истрагата уште трае. Никој не е одговорен. Затоа, ни загина претседател на држава, ни загина поглавар на Македонската православна црква, ни загина најголемата ѕвезда Тоше Проески, ни загинаа министри, ни гинат луѓе секој ден во тешки сообраќајни несреќи далеку над просекот вообичаен за европските земји. Полоши сме и од балканските просеци.

Кога бродот „Илинден“ потона, тогаш, разбравме дека тој почнал да плови само 20 години по Илинденското востание. Се разбира, тоа не мора да е пресудно ако бродот е редовно сервисиран и одржуван. Но, тоа треба да го кажат надлежното министерство и Охридската капетанија. Тие засега одбраа да молчат. А што мислите колку се стари и исправни нашите возови. Погледнете ги нашите автобуси и во меѓуградскиот и во градскиот сообраќај. Има тука скапаници стари и по 50 години кои накривени „стенкаат“ низ сообраќајниците само што не се распаднале. Ги гледаме со страв секој ден камионите и шлеперите, стари грдосии, меѓу нив има и „чепели“ и по 60 години што се движат непречено низ нашите сообраќајници, испуштајќи облаци од чад. Ги гледаме спокојно локомотивите и вагоните како од филмот „Последниот воз за Катанга“ кои се движат по шини обраснати во трње. Возовите без возен ред стасуваат на станици како во Дивиот Запад. Засмрдени такси-возила во кои ’рти троскот, а вратите се отвораат на кривини се наше обично секојдневје. Весниците објавија дека од нашиот единствен авион паѓале шрафови. Не видов дали тоа некој го демантираше. Хеликоптерите на АРМ по стравотната несреќа со месеци стојат приземјени. Илјадници возила низ Македонија се движат како камикаѕе, технички неисправни наместо на отпад како старо железо, тие ги загрозуваат животите на луѓето.

Нашите патишта се посебна приказна. За 65 години македонска современа држава, зависна и независна, изградивме одвај 200 километри автопат, но и тие се во очајна состојба полни со румби-тумби, а имаме магистрални и регионални патишта што се врсници со Виа Игнација. Толку многу ленти сечеа и лопати фрлаа нашите политичари на изградба на патишта, што ако барем половината од тоа што го ветуваа го изградија, досега ќе имавме повеќе од 1.200 километри современи автростради и магистрални и добри регионални патишта. Тоа не е повеќе од 20 километри годишно за изминатите 65 години. За време на нашата независност и самостојност, некни прославивме 18 години, се изградија само околу 50-ина километри автопат, но и тој е стасан за сериозни интервенции. Сето ова доволно зборува за вкупните состојби во државата. Затоа охридската трагедија и оставката на министерот Јанакиески не смеше да бидат блеф, туку сериозен, одговорен чин, не само морален. Тоа мораше да биде алармантно ѕвоно некој во оваа држава, конечно, да се позабави со безбедноста и сигурноста на луѓето во хаотичниот сообраќај. Македонската Влада и премиерот Никола Груевски одбегнаа да повлечат решителни чекори. Охридската трагедија и стотиците жртви секоја година налагаат не само опстојна истрага на потонатиот брод, туку ревизија на состојбите во севкупниот сообраќај на Република Македонија. Отстранувањето на масовните убијци во сообраќајот се врвен приоритет на македонската Влада. Премиерот Никола Груевски се очекуваше да излезе пред јавноста со целиот свој кабинет, како вообичаено кога се фали, да понуди итни мерки за безбедноста на луѓето и нивните животи. Оставката на Јанакиевски требаше да ги отвори патиштата за тоа. Не смее да има дилеми дали се поважни безбедноста на луѓето, или изградбата на стадиони, споменици, театри и музеи.

Вториот дел од тажната охридска приказна се македонските национални телевизии Сител и А1 и еден дел од нивните уредници и новинари. Мртвите тела и потонатиот брод „Илинден“ станаа синоними на македонскиот журнализам. Ексклузивни и ултраексклузивни морбидни најави, политизација на несреќата, срамниот примитивен сензационализам и ниските страсти кулминираа со новинарското прашање упатено директно до претседателот на Република Бугарија Георги Прванов: Дали и бугарските туристички агенции нема да носат одговорност, бидејќи не кажале дека повеќето патници не знаат да пливаат. Ме изеде туѓ срам. Не знам како се воздржа претседателот Прванов да не ја праша нашата амбициозна новинарка дали таа кога се качува на авион пријавува дека не знае да лета.

Колкава ќе биде штетата за судскиот процес што некој уште пред да го направат тоа истражните органи по нарачка на полицијата извршил подводно снимање на потонатиот брод, ултраексклузивно само за Сител. Дали тоа не значи дека се' уште незавршена истрагата оправдано може да се доведе под сомневање. Ако го нарачала тоа полицијата, тогаш како тие снимки и со кој професионализам и етичност и' се отстапени на Сител. Голем срам за новинарството, но уште поголем за партиската ни полиција.

Третиот дел од тажната охридска приказна е непримерниот и емотивен јазик на бугарскиот премиер Бојко Борисов. Имам разбирање за неговата огорченост. Огорчени сме и ние. Но, сепак, Борисов не треба да заборави дека е премиер. Македонската традиционална сервилност, шокираност од несреќата, добронамерност, но и засраменост од евидентниот јавашлук и големите грешки се искористија за навреди кон Македонија, која искрено тагува за жртвите. Некои бугарски политичари, меѓу кои и Борисов, не направија разлика меѓу македонската држава и македонската Влада. За разлика од нашите новинарски полтрони и владини апологети кои секогаш ја изедначуваат власта и државата, Борисов треба да знае дека тоа не е исто. Или и него така му годи. Се случувале и во Бугарија големи несреќи во кои страдале и наши граѓани, но никогаш ниту еден македонски политичар не реагирал како што го направи тоа сега премиерот Борисов.

Сосема друга работа е демонстрацијата на грижа на бугарската влада и држава за луѓето по охридската трагедија. Од тоа треба да учиме.


#
Статијата е прочитана 2862 пати.

Испрати коментар

Од: bramoni
Датум: 11.09.2009 00:31:41
Erole, zarem uste ne sfati deka vo Republika Makedonija najevtin e coveckiot zivot.? Znam deka ti e poznati. Ja koristam sekoja prilika da kazam deka javniot prevoz vo RM e horor i i e nesto kako vo serijata "Survivor". No tie sto treba da go kontroliraat ne se vozat so javen prevoz, tuku vo vozila(plovila i dr.) so zatemneti stakla i zatemneti umovi. Denes slusaj komentari na tvoja adresa, zasto vo napisot gi spomna i liceto B.B. premier na omilenata drzava na nekoi nasi "bugarasi". Vo sekoj slucaj na ploviloto "Ilinden" mozese da se najde sekoj od nas, nesrekata ne bira ni nacionalna pripadnost nitu,pak, drzavjanstvo. A Milence , ni luk jal ni luk mirisal. Vazno ke imame spomenici, mostpvi, eden kup iskopani temeli za ne znam veke sto. A pardon i 500 metri asfaltirana ulica na Todor Cangov....Rekord za Ripley.
Од: mitko za prekumernata krvolocnost
Датум: 11.09.2009 00:34:44
Zarem navistina treba Janakievski da dade ostavka zatoa sto Sotir zel desetina patnici poveke? Preteruvate, SDSM-ovci.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 11.09.2009 04:16:56
Dali znaes Erole i mnogu drugi "evropski orientirani" sto go gubite vreme po VMRO i Grujo zosto e taka? Mnogu prosto. Iskustvata ovde i sekade velat PRIVATNIOT SEKTOR e toa sto se zalis. Katanga e korupcijata sto se bara od privatniot sektor i nema sansi da sproveduva uslugi i razvoj, a vladata i javnosta da bara so profitot da vlozuva vo novi i podobri tehnologii. Tuka SDSM padna, padja i ce padja na ovie ispiti. Pricina e Brane koj treba da uci, vremeto mu pomina i treba da se penzionira. Gordan e bleda kopija i senka na Brane. Zosto nikogas ne pravis sporedba i so SDSM, makar i da e vo nivna korist, vo site tvoi napisi, Erole? Tolku li se dobri?
Од: petko
Датум: 11.09.2009 07:28:33
Gospodine Erol ,ve pocituvam kako novinar i kako covek iako licno ne ve poznavam sekogas pravite dobri tekstovi spored nekoi moi kriteriumi,ama sega mislam deka ja utnavte rabotata.Vozot ne odi za Katanga tuku za Burundi....veruvam se slozuvate so mene,pozdrav
Од: fudbaler
Датум: 11.09.2009 08:41:59
I? sto? SDSM-VMRO 1:3.
Од: Трпе
Датум: 11.09.2009 09:13:33
Оставката на Миленце,немаше да биде само поради трагедијата.Но таа ке беше една од причините за негово заминување.За овие три години ,младото министерче има направено многу грешки.Па нели ревизијата беше да му ја контролира центрифугата,дали ја бива уште за перење пари.Навали народе ....СЕ за 1 Евро.....На државната фамилија и требат пари...
Од: Bitola troa skolovan
Датум: 11.09.2009 09:23:48
Би додал после ПЕТКО дека кога млади деца водат држава не ги интересира здравството оти не го гледаат се здрави,не ги интересира пензискиот фонд пак оти не им треба се млади а не го интересира никој ништо оти никој не ги кара за тоа што е така или вака.
Од: Divna
Датум: 11.09.2009 09:35:24
Za zal, moram da konstatiram deka e ova dobra elabotacija so sevkupnata sostojba vo soobrakajot vo Makedonija od inftastrukturata do vozilata vo site vidovi na soobrakaj.So eden zbor haos vo soobrakajot. Vinata e vo site politicki garnituri vo vlasta vo celiot ovoj period od osamostojuvanjeto do denes,so toa sto sega barem se ponadevavme deka ke se podobrat sostojbite i vo ovoj segment, a kako sto gledame nisto od toa. Se cuvstvuvas zasramen koga go vozis avtopatot Skopje - Veles, a uste poveke patot Veles -Strumica, i site patista niz Makedonija. Infrastruktura bedna. A toa e eden od uslovite za privlekuvanje na investitorite.I nisto ne se prevzema, nitu se na povidok nekakvi investicii vo infrastrukturata. Mnogu pogresno izbrani prioriteti vo kapitalnite rashodi na Drzavata.Do koga ke cekame dodeka vo sosedstvoto toa e najvisok prioritet i se investira so golemi cekori.
Од: pravda
Датум: 11.09.2009 09:39:56
Do Ace od Avstralija; se molam VMRO vecno da ostane na vlast vo Makedonija za da ti si ostanes tamu i pases ovci Do Fudbaler: i za tebe isto vazi samo sto ti ke moras do krajot na zivotot da sobiras topki na stadioni
Од: ДРАГИ „ИЛИНДЕН“
Датум: 11.09.2009 09:50:44
Мала исправка СДСМ - ДПМНЕ-ТЕНДЕРЏИИ 1:3
Од: ZAPAD
Датум: 11.09.2009 09:57:27
Tragedija koja sekako lesno nema da se zaboravi vo Makedonija,posebno vo Ohrid no sto e toa e.Inaku sto se odnesuva do prevozot ,pa dobro be luge se vozime vo brodovi od 1924 vozime avtobusi i kamioni od 1960,koli od 1970 i skakame se da bide vo red.Mozbi sega ke mu tekne na nekoj so bugarski pasos da donese nekoj ponov bord(na bugarski tablici)pa neli e sramota, koj pazar branime nie ,najgolemite sponzoti na partiite (sopstvenicite na avto salonite)zosto nikoj ne go intertesira toa sto se vozat vo makedonija poveke od 100000 bugarski koli mesto parite da bidat vo drzavata , mozebi ako go iskoristime modelot na bugarite, ke se obnovi i nasiot vozen park i ke se namalat onie bugarski pasosi koi koga togas ke bidat zloupotrebeni od strana na Bugarija.Erol mozebi sum malku nadvor od temava ama te molam cepni gi ovie VMR-ovci za bugarskite pasosi.Sepak Fico i Reno Klio ne e isto kako i Sevrolet Spark i BMW.Sigurnosta isto ovde e vo prasanje.
Од: prjatel
Датум: 11.09.2009 10:01:39
Аце гледајсија Австралија и погрижи се за пречекот на Македонскиот пастир. Ке дојде тој тему да ве смири зошто ептен сте за никаде.Тој ја среди Македонија па ке ја среди и Австралија.Вие сте среќни се спасивте од овој терор на ВМРо
Од: kaktus
Датум: 11.09.2009 10:10:48
А propo Аце од Австралија. Тебе како и на Владарот ви смета СДСМ и кога е на власт, а поготово сега кога е во опозиција.Тие ви се криви за сите грешки и глупости што ги правите. Аце, сфати. Не врни дожд. Те плукаат Аце! Ако си полнолетен ќе сфатиш, иако си далеку во Австралија. Ако не си полнолетен, продолжи. Никој нема да ти замери.
Од: некогашен новинар
Датум: 11.09.2009 10:24:46
Ерол, изгледа ние сме единствена држава каде што кучињата лаат а карванот си врви. Но, новинарството наше е огледало на нашата вкупна стварност. Приучени, недоучени, со непрочитана една книга, вчера дошле во телевезијата го земат микрофонот и интервју, прашања дегутантни, сервилни, глупави, карање со соговорникот и тн. Гледаат ли тие СНН, а ако не знаат англиски, ХТВ, РТВС, БНТВ, босанските ТВ, па тоа таму е квалитет, начитани луѓе, одмереност, едукативност. Државната МТВ ноу комент, срамота,но што се случува на Сител, канал5, па и на а1 е понижувачки за македонскиот гледач. На што личи овој мачо на Сител, која по „екслузивните снимки„ за несреќата, се одјавува препотентно од гледачите со „сигурно бевте задоволни„. И нешто друго, македонските ТВ на секој саат два емитуваат исти вести, на екран само министри, кич тралала забавни и политички емисии со надмени водител/к/и, само политика, ништо едукативно, никаква сопствена играна и уметничка продукација.Тоа е само кај нас. Страшно!
Од: Стојан
Датум: 11.09.2009 10:44:17
Состојбата во сообраќ��јот ја отсликува состојбата во Катанга. Погледајте во каква состојба ни се болниците и здравството. Сигурноста во Скопје е катастрофална. Секојдневните убиства и грабежи станаа веќе нормалност. Секое возење со лифт во Скопје е руски рулет. Лифтовите не се поправани од времето на социјализмот. Хигиената во Македонија е за жив срам. Насекаде диви депонии. Брегалница, Црна и Вардар се биолошки мртви. Секогаш се срамам кога ни доаѓаат гости од странство. Нема ни еден јавен тоалет каде би можеле да си го вршат најнужното. Пред да се фрлаат силни реклами на CNN треба најосновното да функционира. Што ќе се случи идниот пат ако се удават 15 американци?
Од: terezija
Датум: 11.09.2009 11:18:25
Sakav neshto da komentiram so namera da dadam nekakov doprinos po spomenatata tema,no zal (ili sreka)mi padna vo ochi komentarot na FUDBALER (ne,ne e Boxer) i se' pagja vo voda...So kogo i za shto ke polemizirash si velam..?! P.S./ Za boxer-pardon fudbaler : da,tochno e ako aludirate na izbornite rezultati ili mozebi na rejtingot na Vasheto Kajzer-che...Sega zasega e taka,INTELEGENCIJA - PROSTA MASA = 1 : 3...no da Vi napomenam deka toa e taka gledajki od aspekt na KVANTITET vo odnos na KVALITET.Zashto podnebjeto na koe ziveeme seushte e daleku od "zadovolitelni"rezultati vo pogled na edukacijata...i se razbira prostata masa sekogash Ve ima mn. poveke vo odnos intelektualcite .Samo so tek na vreme mislam -sekoj eden ke mozi da svati shto e Drzava i koj mozi da UPRAVUVA (vistinski-a ne IMPROVIZACIJA vo ime na lazen Patriotizam i moral) so nea a voedno iso Narodot bez ralika na koja politichka partija pripagjal toj.
Од: kseni
Датум: 11.09.2009 12:25:03
Vo celost se soglasuvam so statijata. Vo konteskt na antikvizacijata na Makedonija se stremime i kon anticki patista , anticki vozila. Prasanje na den e koga "Ilinden" ke se sluci i so 30 godisnite avtobusi, so patnicite koi se prevezuvani od divi taxisti, so antickite vozovi. Ke ilustriram eden primer verojatno da se najdese na zeleznickiot premin kaj Lozovo nekoj patnik namerni od Eu pred nekoj mesec ke se shokirase. Vozot zastana na 5 metri od patot, a pomosnikot na vozacot na vozot so raka gi sopirase vozilata i kako taka regulirase dodeka pomina vozot. Edna slika od Mk koj apsolutno se dolovuva -koi sme i kakvi sme. Dali navistina iskreno sakame da sme del od Eu. Qvo vadis Makedonijo- vo ambis.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 11.09.2009 12:32:52
Со повеќето констатации се сложувам но не споменувате атентат на преседателот,Карпалак Фокерот,заборавате на самопреслушаниот и приземјен премиер на Бугарија кој ќе подели ордени за македонските спасители,визната либерализација,позитивното рангирање на СБ,горе долу позитивниот извештај од ЕУ за напредокот во октомври и т.н Сепак не можете да одолеете на опозицискиот сенс.П.С негледам врска смрта на Тоше со состојбите во земјата,тој загина во Хрватска,ако се мислело да не бил ценет додека бил жив од страна новинарите тоагаш сте во право.
Од: Читател
Датум: 11.09.2009 12:47:15
До Феликс, темата не е Карплак, атентат на претседателот,позитивниот извештај на ЕУ, тку состојбите во сообракајот. Треба култура на читање синко.
Од: Sime - Holandija
Датум: 11.09.2009 13:17:58
Многу ми е интересна заедничата нишка на повеќето коментарџии низ венсикот па и на оваа статија. Од секоја тема заклучкот е: удри по македонските бугари. Да не мислите дека помалку ја сакаат Македонија од сите што играат мајтап. Најмалку арно и` мислат и сакаат цела да ја лапнат макар и со оружје албанците од Македонија, поготово оние дојдени од Косово. Со ќеф и годро го веат албанскиот барјак (никаде не сум видел косовски), и сите си ќутите. Ако некој ја сака Бугарија или се чувствува бугарин а е од Македонија одма да умре. Молам Утрински да објави некаде дека бугарите од Макаедонија никогаш не развеале бугарски барјак во некое маало, и никогаш не и` посакале ништо лошо на Македонија. Зошто тогаш сите кои не се бугари толку ги мразат бугарите од Македонија?! Не мора коментаров да се објави ако не ви звучи убаво.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 11.09.2009 13:27:17
Жална Приказна за нашата Болна Реалност!! Ние го пропуштивме и оној воз кој води за Катанга, да не кажам Тунгузија (или со зборовите на еден „најпатриотски“ определен парламентарец, мислејќи на истата област - Контузија). Изгубени во Земјата на Чудата, Каде Незнајковци се прогласуваат за сезнајковци, каде Неработењето се означува со 24/7,8 каде Осредноста се прогласува за квалитет. Земја каде, поради целосно отсуство на Знаењето, владеат единствено силата и моќта (секако - и примитивизмот). Сеопфатна Приказна за сите наши болни состојби на умот, јавашлукот, непримерената анархија... за законите и правилата кои ни служат единствено за украс... и за некои обични смртници, кои ги немаат Врските во Институциите на Системот.
Од: oskar
Датум: 11.09.2009 14:00:37
Da ne se zaboravat i zrtvite od soobrakajniot haos vo Skopje, kade od zemjotresot vo 1963 god do denes vo o. Centar ne e probiena niedna nova ulica, parking ili tretoar, a brojot na vozilata i zitelite mnogukratno se zgolemi, pa taka imame mesanje na vozila so pesaci i velosipedisti, kako na kolovozite taka i na tretoarite, propisi i kazni postojat kontrola nema. Gragjanite gi trpat site posledici a nadleznite muva ne gi lazi. Ke ni pravat zicara za na Vodno a nie nemame uslovi bezbedno i dostoinstveno da stigneme do rabota, pazar, setanje ne spomnuvam, bidejki probivajki se megju vozila nemoze da stane zbor za relaksirano dvizenje. Kako kapak na se na pesacite im go odzedoa i prvoto i vtoroto nivo na Kejot. Koj ke prezivee neka raskazuva. Bravo za Rizaov i terezija.
Од: Влатко
Датум: 11.09.2009 14:06:35
Гледам дека некои имаат кратко паметење па еве малку да ги потсетам. Во 1995 год. се случи атентат над Киро Глигоров, тогашниот министер за внатрешни Фрчковски понуди оставка а тогашниот премиер Црвенковски му ја одби. Во 2001 (или 2002), за време на „показно стрелање“ тогашниот министер за внатрешни Бошковски застрела неколку новинари и им нанесе траен инвалидитет а не се чуни ни О од оставка од страна на Бошковски. Ќе забележите дека токму овие ликови се воспевани од авторот на текстот и останатите новинари во добро познатите фабрики, како подобра алтернатива од сегашната владеачка гарнитура. Тука завршуваат принципите и конзистентноста
Од: dimi61
Датум: 11.09.2009 14:31:53
Ма ајде бре Ероле во која држава ти живееш.Време е да почнеш да го гледаш Томиќ, Латас, Јади бурек Неделко и да гледаш мтв и сител ,па канал 5 па ќе видиш колку си во заблуда.Па ние сме нај среќната и најбогатата нација на свет по Груевски се разбира.Само ако нешто случајно не чини се криви лицето Б.Ц. и Тито .Посебно вториот многу бре направил па овие сега тоа не можат ни да го обелат.
Од: Katumbi Moise,guverner na Katanga
Датум: 11.09.2009 14:42:19
Pocituvan gospodine Rizaov, Kao guverner na Katanga dolzen sum da reagiram na Vasiot napis.Iako sum svesen deka Katanga vo naslovot na Vasata statija ima samo figurativno znacenje, moram da upatam na faktot deka realnata situacija ne ostava ni malku prostor za sporeduvanje na sostojbite vo transportniot sektor medju vasata drzava i mojata provincija. Plovidbata po rekite i ezeroto Tanganjika e nesporedlivo pobezbedna otkolku po vasite ezera.Istata e regulirana so precizni i propisi za cie sproveduvanje se grizat odlicno obuceni profesionalci.Vo istoto mozete da se uverite ako ja posetite stranicata na naseto ministerstvo za infastruktura koe go pokriva i transportniot sektor. So pocit Katumbi Moise Guverner
Од: tebe
Датум: 11.09.2009 15:11:59
potpolno se slozuvam so dimi 61 i jas si gledam mtv-samo toa sto odi dolu na ekranot,sitel -latas i latas 2,kanal 5 i drugite satelitski nacionalni televizii i se ke ti bide ubavo, dodeka ne zemam plata ,dodeka ne otidam vo prodavnica,ne se proseta po drugite gradovi osven skopje,tetovo i kumanovo.jas nemam gajle koga mojata vlada ne me e...tuku raboti24\7
Од: vesna
Датум: 11.09.2009 15:12:06
грешката е во тоа што ние мислиме дека имаме држава. Се што следува е нормално.
Од: Tom - Avstralija
Датум: 11.09.2009 15:57:56
Erole molimte kazi do koga ke ti bide opcesija vladata na N.Gruevski, se vo negativna konotacija. Dali nekogas si se zaprasal ili kako kazuvas ,,si velam,, dali nesto ima dobro napraveno ako mozes da sogledas se razbira so bister um.Zasto ednas ne spomna : cistenje kanali , namalivanje na DDV , reformi vo stopanstvoto, polnenje na buzetot, pravenje na skoli , sportski sali i igralista , se nesto sto narodot gleda kade mu odat parite od danokot koj go plakaat.Pa bidi realen vo vremeto na SDSM narodot ne vide nikakvi pari koj se davaa vo opsto dobro sem vo licni dzepovi- TAT , bacilo edno bacilo drugo.Nezaboravaj i pokacuvanje na penziite i platite vo adminostracijata.
Од: od fudbalerot do kriticarite
Датум: 11.09.2009 16:47:51
Ubavo sto ste go zabelezale rezultatot, no pogresno ste go protumacile. Znaci i Erol i site nie mozeme da strakame tuka kolku sakame rezultatot na kraj e dogovoren, 1:3. So vakva opozicija koja samo im nabacuva topki na deckive od klubot 7/24 rezultatot ke si bide vo nivna korist. Ne li vi lici ova veke na "dogovorena utakmica". Branko IZIGRAVA opozicija koja vsusnost nisto nepravi osven da mu go cuva grbot na Grujo. Zatoa dragi moj, ako ne ste svatile do sega sto ni se slucuva vo drzavava(ZAVERA) site nie do kraj na zivot ke si sobirame topki(po kontajnerite). Toa e mojata poraka. A utresniot "sostanok"(kongres) na SDSM nema nisto drugo da donese, osven dobra teatarska prestava vo rezija na VMRO(tie veke znaat sto ke kaze Branko, i sto ke pravi, se e "dogovoreno").

Најди! во Утрински
Насловна
Софија на солзите не им верува
Зоврива собраната „кратошија“, зовриваат и лозарите
Борисов се коригираше за Македонија
Зденко
Груевски нуди „кинески кварт“ во економските зони
Власта да го слуша и ММФ, а не само Светска банка
Македонија не знае што ќе прави со „синот“ на Брозови
Политика во дворови
Државата не знае зошто не се продаваат дворовите
И конфискацијата на имотот алатка за политичка пресметка
На кафе-муабет