Број 3083  петок, 11 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Македонија не знае што ќе прави со „синот“ на Брозови

Перо Давидовски упадна во куќата на вдовицата на Тито

Српските власти воопшто не ги известиле македонските колеги дека уапсиле македонски државјанин поради упад во куќата на вдовицата на Тито, Јованка Броз. Ниту нашата амбасада во Белград, ниту министерствата за надворешни и за внатрешни работи во Скопје не добиле известување за приведувањето на скопјанецот Перо Давидовски (43), кому во српскиот Окружен суд му била изречена екстрадиција.

Поради тоа, нема ниту официјална потврда кој е „вистинскиот“ Перо Давидовски од Скопје, кој во вторникот, околу 11 часот, ја прескокна оградата од куќата во белградската улица „Кнез Александар Караѓорѓевиќ“, во која живее Јованка Броз. Во македонската полиција велат дека во нивната евиденција фигурираат три лица, кои имаат име и презиме Перо Давидовски, а се на возраст од 43 години!

Неофицијално се зборува дека „нашиот Перо“ живее со своите родители, не е женет, завршил само основно образование, а своевремено работел како шофер во една амбасада во Скопје. Овој Перо веќе бил обвинуван за провала, фалсификување пасош и за прекршоци во сообраќајот.

Како што е познато, Давидовски упаднал во дворот од куќата на сопругата на починатиот југословенски претседател Јосип Броз за да добие позитивна енергија од „мајка си Јованка“, имајќи предвид оти тврдел дека им е син на Јованка и Тито.

„Како мал бев однесен во Скопје, а сега кога сум возрасен, дојдов да ја видам мајка ми“, тврдел Давидовски пред српските полицајци. Но, не наишол на разбирање кај српските власти, кои му одредија едногодишна забрана за влез во Србија, како и одлука за екстрадиција во Македонија.

Српскиот министер за труд и социјални работи, Расим Љаиќ, соопшти дека станува збор за психички нестабилна личност. Јованка Броз изјавила дека не е потресена, бидејќи е навикната да ја вознемируваат непознати луѓе. (Г.А.)


#
Статијата е прочитана 1931 пати.

Испрати коментар

Од: cicalce
Датум: 11.09.2009 00:35:14
Makedonija treba da si go pribere svojot gragjanin (bez ogled na negoviot prestap) i da zapocne procedura za resavanje na slucajot. A ambasadite i MNR ke ni sluzat za ukras...
Од: mene
Датум: 11.09.2009 06:13:38
Kakva glupava izjava, nestabila psixicka licnost, pa ljuge zarem e mozno vakvi licnosti da bidat vozaci vo ambasadi- nestabilni. A od koja politicka partija e covekov? Nikoj ne e zapoznaen, pa ovaa drzava i nikogas nema da bide zapoznaena so nisto dodeka takvi ja prestavuvaat nadvor od granicite. Samo tie sto na necesen i podol politicki oboen nacin imaat pravo da si pravat se a drzavata neznae demek nisto. Uste nesto kako Vie novinarite i se osmeluvate da pisuvate nesto vakvo, pa Vie znaete li deka gi prekrsuvate demokratskite prava za privatnost, sega i Vas ke ve tuzat i toj surtuk nieden ke si zeme pari i pak po staro, a cesnite advokati ke go branat i ke si igraat so zakonot E toa e anarxiska demokratija. Nazdravje neka ne e.

Најди! во Утрински
Насловна
Софија на солзите не им верува
Зоврива собраната „кратошија“, зовриваат и лозарите
Борисов се коригираше за Македонија
Зденко
Власта да го слуша и ММФ, а не само Светска банка
Политика во дворови
Груевски нуди „кинески кварт“ во економските зони
Државата не знае зошто не се продаваат дворовите
Последниот воз за Катанга
И конфискацијата на имотот алатка за политичка пресметка
На кафе-муабет