Зоврива собраната „кратошија“, зовриваат и лозарите
Грозје не купува никој дури и за седум денари килограм. Ќе се блокираат сите винарски визби ако цените не се вратат на ланско ниво
Ангел Данов
КАВАДАРЦИ - Лозарите се на нозе по шокантните вести дека цената за килограм „кратошија“ со 19 шеќерни единици е падната на само седум денари за килограм, но и покрај тоа никој не откупува грозје. Колони со неколку десетици натоварени трактори четири дена чекаат откуп во село Сопот. Грозјето веќе почнало да ферментира во приколките. Лозарите се очајни. Ги повикаа премиерот Никола Груевски и претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да дојдат и да се запознаат со нивната мака.
И „Агротиквешија“ се размрда. Вчера ги почна подготовките за генерален штрајк кој го закажа за утре. Ќе се блокираат сите винарски визби во земјава ако на денешната средба во Владата помеѓу лозарите и винарите не биде постигната согласност за враќање на цените на ланско ниво. Пред почетокот на бербата, „Агротиквешија“ побара 19 денари за килограм „вранец-кратошија“. Според нив, тоа е цената која би можела да ги покрие трошоците, но и да остане некој денар за производителите.
Зад лозарите застанаа и од Федерацијата на фармери. „Покрај сите повикувања на пазарна економија, ова е надвор од разумот. Цените се намалени како никогаш досега во историјата на лозарството. Ова ќе го уништи лозарството, како што беше случајот со млекарството“, рече Ѓоко Данаилов, претседател на ФФМ.
Лозарите побараа локалната власт и пратеникот од тоа подрачје активно да се вклучат во решавањето на проблемот на лозарите. Педесетина лозари вчера беа примени од претседателот на кавадаречкиот Совет, Илија Тренчев, кој потенцира дека никој не очекувал ваков низок удар со откупните цени.
„Неприфатливо е во екот на бербата да се симнува цената на грозјето и да се манипулира со лозарите“, истакна Тренчев. Тој најави дека најдоцна до сабота ќе има продолжение на шестата седница на која Советот на Кавадарци ќе расправа за актуелната состојба со откупот на винското грозје.
Лозарите бараат премиерот и министрите да дојдат во Кавадарци наместо нивни претставници да одат на состаноци во Владата. Спонтано почнаа лозарите да се собираат и пред винарската визба „Тиквеш“, каде што со очај и неверување гледаа во огласната табла на која беа истакнати откупните цени, но и известување дека од понеделник, 14 септември, немало да се прават нови договори за откуп на „вранец“. Количините што ќе ги откупи „Тиквеш“ се ограничени и нема да ја откупиме вкупната количина „вранец“, стои понатаму во известувањето.
„Срамота и грев е ова што го прав��т винарските визби. Четири дена сум на откупниот пункт. Рекоа да береме грозје. Тоа го направивме, а сега родот почна да ферментира во приколката. Цената е спуштена на седум денари и пак не сакаат да го откупат“, со солзи во очите вели Душан Спиров, лозар од Кавадарци.
„Премиерот и претседателот, наместо да седат во кабинети, треба да бидат меѓу својот народ, кој сега има проблеми“, нагласи Миле Андреев од село Сопот, кој четири дена е во колоната со трактори и чека некој да се смилува и да го купи грозјето.
Љупчо Стефанов, лозар од кавадаречкото село Марена, со секира се упати кон својот лозов насад, бидејќи, како што рече, неподносливо било ова што му го правеле на лозарите и од државата и од визбите.
„Срцето ме боли. Со години сум инвестирал. Сум вадел и од ноктите, сум крател и од лебот на мојата фамилија, само да подигнам насад од 10 декари. Сега се шегуваат со нас. За што дава Владата субвенции? За нови насади? Не можеме да го продадеме грозјето од постојните насади и тоа за цена која е далеку од секој здрав разум. Имам деца-студенти, како да ги продолжат студиите. Работам за 6.000 денари месечно. Од грозјето ја хранам мојата фамилија“, видно потресен од актуелната состојба Стефанов ја крена секирата и почна да го уништува својот насад.
Претседателот на „Агротиквешија“, Љупчо Аризанов, смета дека „Тиквеш“ е винарска визба која врши погреб на лозарството во Тиквешијата и, воопшто, во земјава, а нивната политика како диктат ја следеле и останатите винарски визби. Тој ги повика сите лозари во земјава в сабота да излезат со својата механизација и да ги блокираат винарските визби, а сопствениците на „Тиквеш“ ги посоветува да заминат од Кавадарци. Лозарите вршеа притисок врз Аризанов одлуката за штрајк да стапи во сила веднаш и да нема одложување, бидејќи со денешната средба власта сакала да купува само време.
„Грозјето не чека средби и договарања. Мора веднаш да излеземе на штрајк. Состанувањата се на наша штета. Нас политика и партии не не' интересираат. Наша партија и наша политика е грозјето“, обвинуваат револтираните лозари.
Од винарската визба „Тиквеш“ информираа дека грозјето од сортата „вранец-кратошија“ со 21 шеќерна единица е над девет денари килограм, а за она со шеќерност 25 се плаќа 14 денари. „Понудивме седум денари и за грозјето со 19 шеќерни единици. Доколку има некој грозје со толку слаб квалитет, сепак, да може да го продаде“, велат извори од „Тиквеш“. (А.Д.)
Citam vesnik, slusam vesti i mi se place od maka dodeka gi slusam makite na lugjeto. I jas samiot si gi imam vo izobilstvo,no se cuvstvuvam odgovoren gragjanin za da im dadam barem poddrska na lozarite od Tikvesijata vo nivnite napori da se izborat za dostoinstveni covecki prava. Ne e mozno da se manipulira so vakvi niski otkupni ceni za grozjeto.Nasata idnina e vo proizvodstvoto. EEEEEj , razbudete se vie od vlasta i pocnete da go slusate glasot na narodot...ako vece ne e i premnogu kasno...
Од: pravda
Датум: 11.09.2009 00:43:49
E ve prerodija i vas kako mlekarite,se prodadovte za subvencii a ne vidovte deka nema aber od plasmanot na proizvodite,pocituvani lozari,mlekari,ranogradinari,zemjodelci prerodbata prodolzuva ne samo nadgradena tuku i dogradena.Ziveevte mnogu podobro pred 2006 ama ve kupija so vetuvanje deka ke stanete milioneri ,se nadevam sfativte deka so ovaa EPP vlada nema resenija,nema podobro utre ima samo siromastija i propast,drzava ne se pravi so vetuvanja i reklami tuku so rabota i steganje na remenot.Zal mi e za vasiot trud i semejstva ama naucete ednas deka podobro e so malku otkolku so nisto
Од: cekor_po_cekor=100_cekori
Датум: 11.09.2009 01:44:55
epaaa... ljudi moi...trazili ste gledajtee
Од: golemoto uvce
Датум: 11.09.2009 02:04:52
Е драги лозари ! Пак гласајте за овие и за претходните. Дај организирајте се и продавајте го грозјето на друго место. Срце ме боли за вашиот труд, од кој профитираат новопечените богаташи. А оваа влада лаже, уште не сфативте???????
Од: Kimov Trajko
Датум: 11.09.2009 06:15:32
Ako nee laga golema vistina ke bide. Golema katastrofa vo Tikvesiata cudo ne videno samo za 7den. kilo grojza . Odgleduvanjeto na vinovata loza za razlika od drugite zamjodelski kulturi e mnogu golema razlika. Za nikoja kultura ne treba da ima zici i kolci aza lojze mora. Ako ne upotrebis jaki praparati so vestacko gubrivo grojzeto go gubis 100% Dizel gorivoto mnogu skapo.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 11.09.2009 08:52:55
Дали почнува ,,жешката есен,, најавена од опозицијата.Незнавме дека владата ги национализирала винските подруми и сега се во нејзина сопственост а посебно винарската визба или бездна викана ,,Тиквеш,,.Мора да олигархот од СДСМ прешол во ВМРО па сега се мајтапи со лозарите.Сега сериозен предлог до владата да го притисне ,,Тиквеш,, да го почитува договореното помеѓу два приватни субјекта и под итно наоѓање странски купец и покачување на стимулот.
Од: huhu
Датум: 11.09.2009 09:11:44
pa luge mora od nekade da se rane taa glomazna administracija. eden zemjodelec na grbot 10 administracivsi nose. krizna e godinata pa mora od nekade da se pune budzetot. razlikata u cenata od grozjeto, a bogami i od tutunot ke ode za plati na administacijata. tamu se vraboteni od branko i grujo bratucedite, prijatelite i sopartijcite. namesto da gi ostavat parite kaj proizveditelite oni gi prenasocuvat kaj lezacite. i subvenciite se zgolemeni samo zaradi toa sto kakvi se subvenciite pred vlez vo eu takvi treba da bidat i posle. tie brojki se samo na hartija za pred eu. ako vlezat tolku pari u zemjodelieto ke go osetea zemjodelcite. paradoksot e sto na lugeto poveke i se isplaka da rabotat tugi nivi po italija otkolku svoite. mesto severna ili vardarska neka bide "apsurdna makedonija". najveke ke odgovara so realnosta, a mos i na grcite ke i odgovara.
Од: Земјоделец
Датум: 11.09.2009 10:04:02
Зарем олигарсите од СДСМ ги расфрлаат државните пари по статуи, споменици, цркви, џамии кои македнонскиот народ го чината 20мил евра? Со тие пари „народната„ влада многу може да им помогне на 30-40 илјади домаќинства кои егзистираат од лозарството.
Од: batko djordjija
Датум: 11.09.2009 10:10:13
I za ovaa rabota so grozjeto smetam deka najgolema odgovornost snosi liceto B.C. pa zatoa pod hitno da se stavi na "stub srama".........
Од: димитар
Датум: 11.09.2009 10:32:37
Ова е уште еден од 100-те чекори кон осиромашување на народот.Која винарија ќе земе кредит кога владата ги купи сите пари од банките?Рамнодушен сум,на глупи луѓе така им треба.Мозоците им се замрзнати,размислуваат како во времето на договорна економија-дека некој со декрет ке ја заврши сета работа.Тоа време е одамна зад нас.Произведуваат по 100 тони грозје ,а немаат каци,буриња,бочви и тенџериња се заедно за 1000 килограми.Е сега не фаќа паника....
Од: Pero
Датум: 11.09.2009 10:38:56
Субвенции даваше владата и за кромидот, и за кравите (млекото) еве и за подигање нови лозови насади.
Арно ама субвенциите не беа ништо друго освен маркетинг.
Еве зошто:
Господа од власта, субвенции се даваат ако имате обезбедено пласман. Вака субвенциите само го зголемуваат проблемот. Ќе се затрчаат земјоделците и потоа без пласман ќе останат само со субвенции (а ако и тие се даваат според предадена количина во домашна винарска визба, ќе останат со прстот во уста).
Субвенциите треба да се дел од решението, зошто без други мерки (обезбеден пласман, сеедно дома или за извоз) само го зголемуваат проблемот.
Од: risto
Датум: 11.09.2009 12:35:54
Sprema narodot i drzavata.Koga mozese vo Mogila da pobedi VMRO vo taa mlecna kriza togas se znae umot na lugeto.Site vo Makedonija glasaa oti im e ubavo i ke im bide uste poubavo ,e pa da vidime kolku ke bide poubavo.Neka se simne sega premierot i neka im objasni na lozarite kakva ekonomija imame .Ke dade premija za grozjeto onolku kolku vinariite ke skusat od lanskata cena koja namesto na lozarite ke im ja dade na vladata i taa posle da se fali kako dava subvencii .Kade se promoterite na Gruevski da donesat stranci za otkup .Za kraj sto sakavme toa dobivme odnosno kakov narod takva drzava
Од: Ormanko
Датум: 11.09.2009 13:08:43
Mal sovet za Golemi pari-CEP na prikolkite-prodavajte VINOOOO.
Од: dimi61
Датум: 11.09.2009 14:18:34
Предлагам ние лозарите да му дадеме на Груевски по 2,5ден. од кг.грозје( сака во пари сака да му купиме уште еден стан), само да не остави на мира да не ни помага.
Каде е сега пратеникот Гинев кој пред два месеци му постави договорено прашање на министерот во врска со откупот н а грозјето. Беше многу задоволен и среќен од одговорот на министерот.Луѓе нема субвенци сето тоа е договор со винарите они треба да ги дадат тие пари па затоа удрија по лозарите сами д а си ги платат субвенците.И затоа нема извоз на грозје.
Од: Komentator
Датум: 11.09.2009 17:18:20
Ke recete na komentatorot..se po nesto ne mu e jasno...ama prikaskava odi vaka..Do pred desetina godini ...redovno kupuvav vino ..od poznatite vinarski vizbi,,,cenata odgovarase na standardot..a i lozarite bea zadovolni...E sega pojdete vo prodavnica ..nasite vina skapi ..kako da se od Francija doneseni.. nebare sampanj pieme ..i kade e sega tuka logikata ..mislam kade se parite na trudot na lozarite ..a vikaat veke iljadnici godini VO VINOTO E VISTINATA !!!