Број 3083  петок, 11 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Поглед

Политика во дворови

БилЈана Јовановска

„Не е лошо да има политика и во образованието, но проблем е кога таа таму се води на ниво на училишни дворови“.

За оние што не го слушнале - автор и на овој политички бисер е новопечениот министер за образование, Никола Тодоров. Во политиката е многу кусо, ама без малку со секое појавување во медиумите, остава свој белег. Се прослави и заслужува да биде застапен во книгите од типот „Верувале или не“. Значи, за министерот проблем е само ако политиката во училиштата се води на ниско ниво. На ниво на дворови. Ако доаѓа од владини кабинети, таа е добредојдена! Супер, така се оди напред. Затоа и не мрдна со прст да ги запре самоволните градоначалници, кои деновиве на 1.000 наставници им поделија отказни решенија само затоа што некој оценил дека се партиски неподобни.

За апсурдот да биде поголем младиот владин функционер ова го изјави токму кога потпишуваше документ со кој се бара спротивното. На Декларацијата за деполитизација на образованието, мултиетничката толеранција и ненасилната комуникација министерот Тодоров стави потпис заедно со невладиниот сектор.

А деновиве, политиката не да е присутна, туку го преплави образованието. По инструкции од „важни луѓе“ од ВМРО-ДПМНЕ, во сите општини во Македонија проработе партиската метла. Отказни решенија заработија сите што не покажале лојалност кон власта. Зошто? Па, мораше да се наградат партиските војници што ги заменија наставниците со искуство од една до пет години. Тоа што меѓу нив има и со неположен стручен испит, не е пречка. Избрканите наставници нема кој да ги заштити, бидејќи СОНК сега не е заинтересиран за бранувања и во училиштата буквално се' е можно.


#
Статијата е прочитана 1041 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo Bicikliski
Датум: 11.09.2009 00:12:56
Taka pravele za vreme na Informbiroto, mozeme i nie. Ako ova ne e dovolen argument, ima i drug: ova e maslo na Branko
Од: mitko ima golemo razbiranje
Датум: 11.09.2009 00:49:22
Ne e dobro samo da se kritikuva. Treba da se ima na um deka detstvoto na Todorov naglo bese prekinato koga go naznacija za minister. Pa ne e ni cudo sto deteto lupa gluposti, smesno laze i pravi golemi greski.
Од: bramoni
Датум: 11.09.2009 01:04:39
Obrazovanieto ni e potonato kako "Ilinden".Prasajte gi roditelite i nastavnicite na ucenicite od cetvrtite i sedmite oddelenija koisto se uste nemaat dobieno "besplatni" ucebnici, na koi im e receno deka na krajot od ucebnata godina ke gi platat vo vrednost od 70 % od realniot iznos na ucebnicite (ako se osteteni - a uste od prvata nedela se odleupuvaat stranici). A bidejki izdavacot "Prosvetno Delo" od Vladata nema dobieno ni skrsen denar za ovie "besplatni" ucebnici, gi naplaka preku zgolemuvanje na cenata na rabotnite tetratki sto imaat dvekratno pogolema cena. Eh populizam, populizam!!!! Ocajni roditeli, ocajni ucenici, ocajni nastavnici ( plus i izbrkani po partiska linija). Ova e svesno i smisleno unistuvanje na mladi generacii, se so edna cel, da ne se zagubi komoditetot na foteljata na vlastodrscite i da se vladee so "glupiot" narod sto glasase i veruvase vo niv ( se dodeka ne gi cepnaa po dzebot- sega rikaat).
Од: Трпе
Датум: 11.09.2009 07:58:17
И од Марс се гледа дека и ЕПП владата ја заострува кампањата за предвремени избори.Само вака мистер Рејтинг може да опстојува на чело на власта.Но народот треба од земја да гледа како некој си игра со нивните маки.А ова за голобрадото министерче не е ич за чудење.Тој работи како ке му кажат.Затоа ја повторува се истата песна.На зајакот му вели да бега,на кучето да го гони.а на мајкаму порачува да го стави котлето на оган ,дека за ручек зајак ке се вари.Каде му се ветените учебници за учениците во средно образование.Сигурно ке ги дели во фторо полугодие.Од ова перење пари,почисто здравје.Но пари и требат на власта за предвремените избори.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 11.09.2009 08:48:40
Не само што меѓу Партиските Лигуши (читај: Кодоши) има такви со неположен стручен испит, туку Има и такви кои воопшто Немаат соодветна Диплома за завршено високо образование, за да бидат наставници!!(!?) Но кога може да имаме такви министри (Ѓорчев, Димовски...), зошто да немаме и наставници со партизански курс! Среќна Нова 1945-та!!!
Од: Stojko
Датум: 11.09.2009 10:00:02
Ova kako po obicaj- sto i da se sluci-ocekuvana kontra.Ako poskapese-UZAS,a stom poevtini pak UZAS.Jasna e rabotava.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 11.09.2009 12:40:39
Од причини што ја обработувате политиката во образованието дали ќе смогнете сила да го искоментирате потегот на деканот на економскиот факултет за баснословните суми за пријавување на испити,со кој потег доаѓа во судир со ректоратот.Под притисок на јавноста потегот е повлечен но делото останува и ја отсликува сета нааканост на поединци кој го рушат угледот на универзитетот.Ете одлична тема за елаборација само ако се има новинарски сенс.
Од: дими61
Датум: 11.09.2009 14:25:36
Дали пишувате за истото министерче што пред извесно време велеше дека нема да има проширување на парелелките во средното медицинско училиште.Ама ајде луѓе не си играјте па оваа е вмро не е шала.
Од: tebe
Датум: 11.09.2009 14:55:29
problemi vo obrazovanieto nema ,problem ima vo lugeto vo nego,izminative 18 godini od strana na dvete partii se primaa partiski nastavnici koi vo obrazovanieto vleguvaa samo zaradi sigurnost(sto ne e losa rabota)no sepak treba da se ima ljubov sprema rabotata,znaenje,avtoritet,posvetenost.ednostavno decata da sakaat da ve slusaat.a ne kako sega sekoj moze da bide ...a ministrite kako doagaat taka si odat

Најди! во Утрински
Насловна
Софија на солзите не им верува
Зоврива собраната „кратошија“, зовриваат и лозарите
Борисов се коригираше за Македонија
Зденко
Власта да го слуша и ММФ, а не само Светска банка
Македонија не знае што ќе прави со „синот“ на Брозови
Груевски нуди „кинески кварт“ во економските зони
Државата не знае зошто не се продаваат дворовите
Последниот воз за Катанга
И конфискацијата на имотот алатка за политичка пресметка
На кафе-муабет