Број 3083  петок, 11 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Државата не знае зошто не се продаваат дворовите

Освен цената, причина за слабиот интерес е и долгата и комплицирана процедура

Билјана Ангеловска

Со пролонгирањето на рокот за откуп на дворовите до јануари 2011 година, но уште повеќе со одлуката за намалување на цената на квадрат земјиште на само едно евро, Владата, всушност, како да влече очајнички потези за да ги натера граѓаните да ги купат дворовите под и околу своите куќи во кои живеат и по повеќе од педесет години. Впечаток е дека Владата, сепак, нема јасна слика за причините за досегашниот слаб одѕив на граѓаните за откуп на дворовите. Како да се сака само што побрзо да се продаде земјата и да се соберат пари по која било цена, без притоа да се направи детаљна анализа за досегашниот тек на продажбата и за проблемите со кои се судираа граѓаните при обидот да ја почнат процедурата за откуп.

„Немаме податок колку земјиште досега е откупено, но станува збор за анализи што треба да ги дадат овие податоци“, рече завчера министерот за финансии, Зоран Ставрески, потврдувајќи на тој начин дека Владата практично допрва ќе ги утврдува причините за досегашната слаба продажба на државното изградено земјиште.

Колку и да изгледа популарна цената од 61 денар за квадратен метар дворно место, по се' изгледа, голем дел од граѓаните и натаму тешко ќе се одлучат да почнат постапка за приватизирање на земјиштето. Доколку Владата направеше детаљна анализа на досегашниот тек на приватизацијата на градежното земјиште, лесно ќе ги констатираше трите главни причини за незаинтересираноста на граѓаните: цената на земјиштето, долгата и комплицирана процедура и нејаснотиите во законот.

Државата сигурно успеа да отстрани една пречка при откупот на дворовите. Намалувањето на вредноста на квадратот несомнено ќе го зголеми процентот на продадени дворови. Но, тоа нема да значи ништо доколку не се направи обид да се поедностави постапката за приватизирање на дворовите. Имено, за да се откупи земјиштето, покрај барањето, секој заинтересиран граѓанин треба да достави уште куп други документи: фотокопија од лична карта, акт врз основ на кој е здобиено правото на користење на земјиштето, што значи тапија, пресуда, договор, решение или одлука, потоа имотен лист од катастарот на недвижности или поседовен лист од катастарот на земјиштето, уверение за движење на имотот, копија од катастарски план, извод од урбанистички план, елаборат за нумерички податоци и писмена изјава за непосредно физичко владение на градежното земјиште и начинот на плаќање. Граѓаните реагираат дека е потребно многу време, но и знаење за да се комплетира целата оваа документ��ција. Велат дека доколку државата навистина има намера чесно да го продаде земјиштето, треба да ја поедностави процедурата и да ги приложи готови сите потребни податоци за земјиштето, а не луѓето дополнително да ангажираат стручни фирми, кои во нивно име ги обезбедуваат неопходните документи и елаборати.

Паралелно со овој проблем државата мора да ги реши и нејаснотиите со кои се судираат станарите од колективните станбени згради. Бидејќи, според законот, и тие ќе треба да поднесат барање за откуп на дворната површина на зградата. Законските одредби велат дека барањето може да биде поединечно, или колективно, во зависност од тоа како ќе се договорат станарите, додека цената што треба да ја платат се утврдува сразмерно на сопственичкиот дел на станот. Тоа значи дека оној кој има стан од 50 квадратни метри ќе плати сразмерно пониска цена од сопственикот на стан од 80 квадрати. Сепак, според неофицијалните податоци од подрачните единици на Министерството за финансии, тоа воопшто не се спроведува во практика, бидејќи досега ниту некој куќен совет, ниту, пак, поединец-станар поднел барање за откуп на дворното место на некоја зграда. Експертите велат дека е невозможно физички да се подели дворот на некоја зграда, дури тоа да бидат и идеални делови, односно во случај на станови со идентична квадратура, а не, пак, ако становите во зградата имаат различна големина. Дури некако и да се реши тоа, никој од надлежните не знае да каже како ќе се подели дворот, кому кој дел ќе му припадне. Исто така, останува и дилемата дали на тие сега веќе сопствени делови граѓаните ќе можат да подигнат, на пример, привремен објект, како гаража, трафика и слично.

 


#
Статијата е прочитана 1827 пати.

Испрати коментар

Од: sss
Датум: 11.09.2009 00:28:56
nejasno i glupav zakon , pogotovo za stanarite vo golemite zgradi ,kako moze zgrada so 50 stanari da plati dvor i da ima dvor sekoj ,koga kaj nas pred zgradite nieden dvor nitu e oznacen nitu e ureden ,a uste se prasuva ,toa vo praksa nemoze da se sprovede ,nie vo D ziveeme vo zgrada 11 sprata so dvor od 2ookvadrata ,plakame danok i toa e se naqravno sekoj ima pravo da go koristi za pominuvanje i normalno hausmajstorot go odrzuva (izgleda fantasticno)i sto ima potreba da se otkupuva ,vo mk se e e mozno koga vo prasanje se pari ,pozdrav i prosto receno koj e maloumen neka mu gi polni dzebovite na na toj sto go izmisli toa
Од: mene
Датум: 11.09.2009 00:59:40
1988 god.plativ na drzavata komunalii za da dobijam gradezna dozvola da gradam kuka na mesto od srusena baraka.za komunaliite drzavata trebase da mi donese do placot za gradba struja,voda i kanalizacija,no toa veke go imav od barakata,sto znaci jas nedobiv nisto za dadenite pari,a sega drzavata uste bara od mene da go platam mestoto kade sto stoi nedovrsenata kuka,komunaliite togas imaa vrednost na kuka karabina od 3kata,nemam zborovi,a sto e so tie sto togas i site ovie godini gradea na crno bez da platat komunalii na drzavata?znaci cesnite plakaat a kriminalcite uzivaat!mora ednas da se stavi red!!!!!samo neznam koga ?????????????
Од: mitko i vesela geografija
Датум: 11.09.2009 01:05:25
Ima li nekade na svetot (osveno vo Makedonija) nekoja politicka partija (osven SDSM) javno preku site glasila da se protivi na namaluvanjeto na javnite davacki i da propagira nivno zgolemuvanje? Nema, nema, ne ke se rodi. Ima li nekoj narod koj ke glasa za partija koja se fali deka ke gi zgolemi javnite davacki? Nema, nema, ne ke se rodi. Ni Makedoncite ne se tolku glupi. Jas mislam deka so ova vo osnova geografsko prasanje go resiv aritmetickiot problem vo vrska so odnosot 1 sprema 3 na glasaci za nasite najsakani domasni partii.
Од: rezigniran
Датум: 11.09.2009 05:19:46
Prasajte go sega Ministerot za pravda Mihajlo Manevski dali nema da si go kupi dvorot od preku 400 kvadrati sto sramno go kriese od instituciite na drzavata povekje od 20 godini.Duri ovaj poteg na Vladata me tera na misla deka seto ova nivno lizenje pred gragjanite i grupnite presovi koi povekje licat kako besedi sepak se samo za da se simne sramot od Manevski.A toj kutriot vlaga od greksa vo greska i sekoja naredna e pogolema od prethodnata.Ama sepak Gruevski mu borci i samata negova smena kje znaci i pocetok na krajot na ova nenarodno vladeenje na Vmro-Dpmne.Prerodbata nadgradena i dopolneta prodolzuva.Vleguva i vo vasite dvorovi.
Од: Citatel
Датум: 11.09.2009 07:08:57
Administracija+Procedura=Zaglaveni predmeti.
Од: Трпе
Датум: 11.09.2009 08:09:36
Ставревски е еден од поискусните во владата.Но никако да свати дека неговите очила се провидни(прозирни).Дека се се чита што ке каже и што ке излаже.Новата реклама на ЕПП владата е СЕ за 1 Евро.Бре мајката порано фирмите ги откупија комуњарските олигарси а незнам каде се патриотските кои сите фирми што ги купија голем дел ги затворија и работниците ги оставија на улица.Еве и дворовите ги купиле комуњарските олигарси а нивните олигарси пак не се снашле.Кој им е виновен кога толкави им се способностите.Учени недоучени а лакоми.
Од: Rade
Датум: 11.09.2009 09:10:15
Пораката која ние граѓаните ја добиваме од Одлуката за намалување на цената за откуп на земјиште е следната: Граѓани не плаќајте ништо, никакви давачки, затоа што истите утре/задутре ќе поевтинат.
Од: prjatel
Датум: 11.09.2009 09:16:28
За Митко и весела географија.Е Митко-Митко кукала ти мајка ти и таквите како тебе ја доведовте оваа тажна и јадна Македонија ја доведовте на просјачки стап,наскоро твојот пастир голи ке ве соблече а вие какви сте дебелокожести нема да осетите.Нпред простоќо
Од: kaktus
Датум: 11.09.2009 09:54:30
Она што државата некогаш им го одзела на луѓето со принуда по пат на национализација,(читај подржавување на приватен имот) не може тоа повторно да им го продава на тие што им го одзела. Не е само процедурата проблем, од која повторно државата прави ќар, а граѓаните плаќаат за документи. Проблемот е принципиелен. Арамиите што украле нешто,со помош на закон, сега украденото сакаат да им го продадат на оние од кои што го украле. Дворовите отсекогаш биле во владение на граѓаните. Државата никогаш не воспоставила владение врз нив. Не треба да се мешаат жаби и баби, па приватизацијата на дворовите да се споредува со приватизацијата на фирмите. Оние што ги купија фирмите никогаш немале целосно владение врз истите, ниту пак живееле во нив, ниту пак инвестирале во нив претходно.
Од: KOMENTATOR
Датум: 11.09.2009 11:06:33
Koga ednas sum go kupil stanot i dvorot okolu zgradata ..se prasuvam dali jas sum navistina so kupoporodazen dogovor stanal sopstvenik na seto toa ??..Vo smetka za smet ubavo mi pisuva deka moram da platam za moe dvorno mesto na komunalec da mi go iscisti... Posebna "prikazna" e sto del od mojot vlez i dvor se osmeli nekoj da mi go zeme kako javen parking i za toa pak da moram da plakam da si dojdam doma ... Navistina trebe nekoja umna glava akademska ..da mi razjasni se...zosto vo momentov se osekam kako dete vo gradinka ..ama bas nisto ne mi "JASNO".....???
Од: zabegan.
Датум: 11.09.2009 11:58:30
дали има уште нешто за продавајне????????.Во ова сиротица наречена Македонија.Верувам нема,Остана само лопатите на ГВУЈА со кои овој народ треба ба им удри по плеќи.Ај мистер рејтинг продај за 2 евра по квадрат барем два стана од мајкати.Верувам несе со пот заработени.
Од: terezija
Датум: 11.09.2009 12:31:02
Strikno ovoj "zakon za dvorovi" i sl.na niv ne e nishto drugo sem PRIBIRANJE SREDSVA (itoa na neposhten nachin)za PARTISKI CELI (...za kasata Komitska...kako vo pesnata).No ne samo ovaa Vlast,svoevremeno i segashnata opozicija (togashna Vlast) na slichen nachin se "ispazari so rajata" za dokupuvanje na staz po principot "daj shta dash"(Brankoviot zakon).Sepak toa imashe efekt poshto beshe chista korist za sekogo,a vaka samo za partiskiot budzet...Taka i Nikola sledejki gi stapkite na svojot Reper,zoshto ne -ako se mozi...?!Samo sega e pogolema ludnica (mislam na Vlasta) i Narodecot e popretpazliv ,pogotovo koga veke na mnogu primeri oseti deka se blizi krajot i na ova ludilo scenirano od imaginarni "idoli"so lazen Patriotizam.
Од: sk 63
Датум: 11.09.2009 14:59:32
Edinstvena namena na ooj zakon e da se posegne vo dzebot na gragjanite i da se dojde finansiski sredstva so koi ke se pokrijat izdadotocite za finansiranje na ogromniot administrativen aparat vo drzavava.Inaku sto se odnesuva do samiot zakon toj e potpolno neargumentiran i kontroverzen.Golema glupost prestavuva da se bara nadomest za zemjisteto na kolektivnite stambeni objekti koga se znae deka tie ne se izgradeni od strana sopstvenicite na stanovite tuku se kupeni od investitorot.Ako nekoj voopsto treba da plati nadomest za zemjisteto toa e investitorot.Vtora glupost od kade do kade i od koga kolektivnite stanbeni objekti imaat dvorovi,mkako moze da se bara nadomest za nesto sto ne postoi.No kako sto rekov ne vazno dali zakonot e argumentiran,bitno e po sekoja cena da se dojde do finansiski sredstva.

Најди! во Утрински
Насловна
Софија на солзите не им верува
Зоврива собраната „кратошија“, зовриваат и лозарите
Борисов се коригираше за Македонија
Зденко
Власта да го слуша и ММФ, а не само Светска банка
Македонија не знае што ќе прави со „синот“ на Брозови
Политика во дворови
Груевски нуди „кинески кварт“ во економските зони
Последниот воз за Катанга
И конфискацијата на имотот алатка за политичка пресметка
На кафе-муабет