Никој не го тераше министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, да дава оставка по повод трагедијата во Охрид. Во моментите по несреќата никој и не помислуваше нему да му бара одговорност. Бидејќи сме навикнати на трагедии од големи размери, како што беше атентатот на претседателот Глигоров, авионската несреќа и загинувањето на претседателот Борис Трајковски, паѓањето на армискиот хеликоптер кој однесе 11 животи, сигурно нема првата работа да ни биде барањето одговорност и оставка на Јанакиески.
Но, тој ете реши неколку минути по експлодирањето на веста за несреќата неа политички да ја зачини со мамец до јавноста дека ќе даде оставка. Така Јанакиески, а со него и целата Влада во првите часови по несреќата, добија медиумско внимание исто колку и несреќните бугарски туристи. Меѓутоа, човекот одлучи оставката да ја понуди, а не да ја даде. Затоа што добро знае каква е разликата меѓу дадена и понудена оставка. Дадената оставка резултира со експресно напуштање на функцијата, понудената резултира со политички поени. И тоа не само поени за него, туку и за цела Влада.
И така премиерот Никола Груевски, по четиридневно размислување дали да ја прифати оставката на Јанакиески, реши да не ја прифати. Затоа што Бранко Црвенковски не му прифатил оставка на Љубомир Фрчкоски кога се случи атентатот врз претседателот Глигоров. Тоа што оттогаш изминала повеќе од една деценија и што Македонија остварила некаков напредок во демократските стандарди (особено, нели, во трите години власт на ВМРО-ДПМНЕ), очигледно не му е мерило на премиерот.
Но, има уште една поважна причина зошто не е прифатена оставката на Јанакиески. Истражниот орган наречен пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, по неколкудневна анализа на случајот и распит на сведоците, дошол до сознанието дека нема место за одговорност на министерот и му препорача на премиерот да не ја прифати оставката.
Не барајте никого од пратеничката група за дополнително образложение на овој светлосен скок во демократијата. Зафатени се со утврдување на фактите околу одговорноста на капетанот на потонатиот брод Сотир Филевски. Кај и да е, наскоро ќе се изјаснат и околу неговата одговорност и ќе му препорачаат на истражниот судија како да постапи. Потоа на ред ќе дојде министерот за образование, Никола Тодоров, кој завчера потпиша декларација за деполитизација на образованието откако замижа пред партиска чиста на 274 наставници (според Дојчин Цветановски). Можеби пратеничката група наскоро ќе се произнесе и за недопирливиот Михаило Маневски.
И така, овде во Македонија, направивме политичка фарса од б��жемната оставка на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, а во Бугарија со солзи во очите го испративме министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Политичките трикови на една владино-партиска клика во Скопје ги шминкаме со дипломатско плачење. Но, имајќи предвид што се'може да ја очекува Македонија од овој случај - уцени за побрза истрага, барања за обесштетувања, меѓународни упади во судскиот систем, се плашам дека Софија на солзите нема да им верува.
Туку е најважно што Јанакиески не се удави. За разлика од „Илинден“, „Илинденска“ е добро опремена против сите непогоди, со заштитни елеци и со појаси за спасување. За оние што не знаат добро да пливаат, како што се министерот за правда, Михаило Маневски, како и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, има морнари на готовс, кои на секој ишарет од капетанот се фрлаат во езерото да ги вадат. Особено кога бродот ќе почне опасно да се наведнува на лева или на десна страна.
Министерот за транспорт и врски може мирно да спие. Ја исполни својата министерска обврска. Понуди оставка, но не му ја прифатија. Совеста сега му е чиста. Не ни помислува да замине од Владата без дозвола на премиерот. Претставата заврши, завесите се спуштија. И волкот сит и овците на број? Не. Туку, како што вели нашиот народ, некои наместо образ имаат ѓон.
Jas iskreno mislam deka ako ministerot bese od SDSM Sotir ke kacese desetina patnici pomalku, site patnici ke imaa pojasi za spasuvanje i sajlata nemase da zargja.
Од: gledacka
Датум: 11.09.2009 01:53:27
Г-ѓо Крамарска, се’ е кокетирање и на владата и на министрите. Овие немаат ни образ ни ѓон, се’ е видено досега. Цист примитивизам заедно со нивните примитивните медиуми-гласноговорници.
Од: Иван.С
Датум: 11.09.2009 07:48:43
Одличен текст, пропратен со извонредна иронија за нашата силна демократска, повеќепарламентарна демоктратија и Република. И, како заклучок: Затоа затворите и судовите ни се полни со:пиљари, бакали, бербери, ситни шверцери, неплаѓачи на даноци, сообраќајни прекршители и сл. Па нели судовите, раката на правдата, затворите, се за таквите. А за мене, останува моралната и политичката одговорност која неможе да се мери со ниеден затвор на светот. Па ни затворот на најдемократската земја во светот “Гвантанамо“. Но, сите сме свесни дека тоа е патот кон демокртатијата кон која цврсто газиме.
Од: ohrid
Датум: 11.09.2009 08:55:29
se dodeka se postavuvaat partiski kadri na strucni mesta se dotogas ke se slucuvaat vakvi bizarni nesrejki ,so sajla ili bez
Од: prjatel
Датум: 11.09.2009 08:57:37
Одлицен текст,само за кого,оваа дембилска влада на ВМРО тоа неможе да го разбере.Неприфаќањето на понудената оставка на Јанакиески е голем срам за Македонија и за нејзините граѓани, но Грујо вопште тоа не го интересира за него е важен само неговиот рејтинг и ништо друго
Од: Anandra
Датум: 11.09.2009 09:09:16
Mile Janakievski nekolkukratno bese prasan od novinarite, dali ostavkata sto ja dava, a ne nudi e neotpovikliva. Toj nevesto odbegna da odgovori kakva e ostavkata. A se znae, ostavka od moralni pricini e NEOTPOVIKLIVA. Tolku za "moralnata odgovornost" i moralot na doticniot minister.
Од: ramadan.
Датум: 11.09.2009 09:20:43
Da ne bese ovoj nesrecen slucaj,nemase da znaeme sto e toa moral i etika.Deteto ministerce ne vrati vo bajkite za moralot,no isto taka ne potseti i na nemoralnosta na onie koi se drznaa da mu go obelat pbrazot na "moralniot minister".Bidejci odgovornosta za se ova ja prevzede premierot,prasanjeto za moralot odi kaj nego.Dali sega narodot da bara "nemoralna"ostavka na super moralniot Premier.Ne.Jas vo sekoj slucaj ( da sum Bugarin),bi pobaral ostavka od mojata bugarska sonarodnicka,Boneva,oti namesto da se postavi na vistinskata strana,se izjasni kako sto se izjasni.Vo sustina se prasuvam sto bese toa MORAL ?.Narode,osvestete se,nam ni se sluci tragedija,a nie diskutirame za vrednostite na moralot na nasite vojskovodci.A za moralot na deteto-ministerce neka razmislat ohridjani.
Од: pravda
Датум: 11.09.2009 10:10:02
Mitko nema svoe mislenje zatoa sto za toa e potrebno da se ima siva masa vo delot narecen glava.Vo ovoj slucaj ne e bitno dali ima ostavka i dali e taa prifatena,najbitnoto e deka zaginaa 15 ludje,najbitnoto e deka 15 semejstva se zacrnija za navek,najbitnoto e deka makedonskite gradjani pokazaa deka imaat dusa i covecnost pri spasuvanjeto,najbitno e da se sfati deka covek zivee so svojata sovest do krajot na zivotot.Frckovski sto i da pravel i kako i da postapel Kiro Gligorov e ziv,a onie 11ludje od avionskata nesreca i 15 ludje vo ovaa ke bidat na sovesta na ovoj minister i ovaa vlast,verojatno so toa ke mozat da ziveat
Од: vale
Датум: 11.09.2009 10:13:55
Bravo za analizata na novinarot, sramota za ministerot Janakievski i Vladata na Gruevski.
Samo edno znam, mozes da go lazes narodot edno vreme, no toa ne moze da bide beskonecno. Samo se nadevam deka narodot brzo ke se svesti.
Од: bale
Датум: 11.09.2009 10:24:27
Да с ме начисто со фактите... постои ОСТАВКА и ЃОА ОСТАВКА (према ВМРО-то) ..... е па ова од Јанакиевски беше ВТОРОВО.....
Од: eu
Датум: 11.09.2009 11:05:51
vo mak zivoto ne vredi 5pari golema rabota zaginale 15bugari,nikoj oko ne mu trepna no koga zagonaa 100 ili 15 ili pretsedatelot sto nacija e toa makedonec nema milost nema dusa zivotno ne mu e ramno mi se gadi od komentari bozja kletva vo mak na nikoj ne mu e gajle za ako umre nekoj ako e bolen,star,hendikepiran,invalid,ciganin sto nacija ste bre zemjaci.....marsovci.
Од: Pavle
Датум: 11.09.2009 12:18:16
Ова со оставката беше една циркузијада.Па кој ќе го крие криминалот но Транспорт,човекот таман се уходи,сега ќе требаше друг да припремаат.Затоа нека си остане за да не си ја расипуваат криминалната “ИДИЛАТА“.
Од: terezija
Датум: 11.09.2009 12:45:49
Shto znaat DECA za faktichkata sostojba...Ionaka NEGOVITE "timski" rabotele i toa 24/7...Koj smeeshe da misli so svoja glava vo "ednoumieto"- pa sega TOJ da go pravi toa vo ova BEZUMIE...?Drugi ke mislat i smislat za nego(Kajzer-cheto & family).Negovo e samo da bide poslushen i da pravi kako ke mu se kaze...drugoto e se' zacrtano !
Од: ЦК СКВМРО®
Датум: 11.09.2009 13:47:02
Точно. Причините за неприфаќањето на оставката (но и за македонскиот Дебакл на Сите Полиња) лежат во тоа што изминале 10 години од неприфаќањето на оставката на Фрчко, но и во тоа што по 18 години самостојност, полека, но сигурно, осознаваме дека секојдневно се унередуваме во полнолетните пелени! Едно е сигурно, од силните промени, што требаше да уследат по Противуставната Сецесија, останува горкиот вкус дека Срушеното, не можат да го Изградат оние кои Уриваа, затоа што се Целосно Неспособни! Промените никако не можат да ги направат истите Сподоби, така што имаме состојба на Срушена држава и Непроменет (во континуитет) систем на уредување. Дури, состојбите се многу полоши од моментот на сецесијата.