Број 3083  петок, 11 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Груевски нуди „кинески кварт“ во економските зони

Доколку постои интерес, Владата е подготвена да креира зона каде што ќе дојдат повеќе кинески компании

ДалиЈан - Претседателот на македонската Влада, Никола Груевски, вчера во Далијан се сретна со кинескиот премиер, Ван Џијабао, со кого разговараше за повеќе аспекти од соработката меѓу двете земји.

Груевски му се заблагодари на Џијабао за поддршката што Кина и' ја дава на Македонија на повеќе полиња и изрази подготвеност кинеските компании да дојдат и да инвестираат во Македонија. Тој ги повтори условите што ги има за инвестирање во Македонија, особено во слободните економски зони каде што, во согласност со сегашните измени на законот, данокот на добивка и персоналниот данок на доход во првите десет години не се плаќаат, а по десет години се плаќа само десет проценти, што е многу ниска стапка во споредба со она што се плаќа во другите држави.

„Дури посочив, доколку постои интерес, дека сме подготвени да креираме и една зона каде што ќе може да дојдат повеќе кинески компании доколку сознаат дека Македонија може да биде добра база за настап на европскиот пазар, имајќи предвид дека Македонија има договор за слободна трговија со Европската унија, дека е земја-кандидат и има договори за слободна трговија со земји надвор од Европската унија, како што се Украина, Турција, Албанија, поранешните југословенски држави и уште неколку други, вклучувајќи ги и Швајцарија и Норвешка“, изјави македонскиот премиер по средбата со Џијабао.

Груевски го информира кинескиот премиер дека во Македонија има поголем број енергетски проекти, кои се во завршна фаза на подготовка и наскоро ќе излезат на јавен повик, напомнувајќи дека кинеските компании и во овој сектор можат да најдат интерес. Тој, исто така, спомна дека наскоро една кинеска голема компанија планира во нашата земја да почне изградба на фабрика за производство на компјутери и монитори, што е одличен старт за соработка и за односите меѓу двете земји.

Груевски на средбата, исто така, го отвори и прашањето за договор во областа на туризмот, што наскоро треба да се потпише, со цел да се овозможи размена на туристи. Кинеските компании од својата влада треба да добијат соодветни лиценци за да можат да носат туристи во Македонија, што може да биде значаен прилив и поддршка за нашите туристички амбиции и капацитети.

На средбата е разговарано и за политичките односи, за развојот на нашите политички амбиции, при што Груевски уште еднаш повтори дека Република Македонија ги исполни сите реформи за членство во НАТО и оти сме на прагот на исполнување на сите последни критериуми за да добиеме датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Тој, исто така, и' се заблагодари на Кина за принципиелниот однос уште од почетокот на нашата независност за признавањето под уставно име, ја реафирмира положбата на македонските власти за една Кина и рече дека иако моментно сме блокирани за НАТО, сепак, се бараат начини за излез од таа ситуација, се разговара со Грција и изрази надеж дека во иднина ќе се најде некое решение со кое ќе се надмине овој проблем.

Премиерот Груевски вчера во Далијан имаше средби и со функционери од Виетнам, Сингапур и Украина, а попладнето присуствуваше на отворањето на Состанокот на новите шампиони на Светскиот економски форум, кој ќе трае до 12 септември.

Годишниот состанок на Светскиот економски форум, уште се нарекува и „Летен Давос“ во Азија, е посветен на повторно поттикнување на економскиот раст и на него ќе присуствуваат повеќе од 1.300 учесници од 86 земји. (МИА)


#
Статијата е прочитана 851 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 11.09.2009 00:26:36
Kineskiot premier bil oduseven koga Gruevski go izvestil deka vo makedonija se gradi muzej na zrtvite na komunizmot i deka licata koi sto se osumniceni deka sorabotuvale so komunistickata vlast nemozat da bidat na visoki javni funkcii.
Од: Kolo Diamantot
Датум: 11.09.2009 01:23:13
Lisica e kese izvuce Gruevski cim trci po strani kapital i ke donesi. Od sedenje vo kancelaria nema, nisto dovolno e sto covekot se trudi.
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 11.09.2009 08:27:44
Golem pazar i za dvete zemji, zaedno sme, Kina i Makedonija, 1,3 milijardi. Mozheme da razmenuvame i nauchni mislenja, vo Kina diplomiraat sekoja godina 250 iljadi inzheneri.
Од: ohrid
Датум: 11.09.2009 08:58:27
dobra ideja se nadevam ke ima interes ,samo napred
Од: tomo
Датум: 11.09.2009 09:17:27
Grujo, tie zoltite mali sto slikaat so fotoaparati vo Pariz ne se Kinezi, tuku Japanci!
Од: igor
Датум: 11.09.2009 09:39:08
Mnogu Premieri vo izminariov period pokusaa da sorabotuvaat so Kina,posebno na ekonomski plan,arno ama osven gradbata na hidrocentralata KOZJAK,nemam slusnato za nekoja poznacajna investicija.Se postavuva prasanjeto zasto e toa taka.Smetam deka na ova prasanje treba da odgovorat raznite "strucnjaci"koi debelo gi placame za da najdat stanski investitori.Bidejci jas ne go znam odgovorot,se nadevam deka posocenite strucnjaci ce se setat deka se plateni za ovaa rabota.Edno sto znam e deka Kina vo poslednive dve decenii stana ekonomska svetska sila.Dovolno e da se malku povece analizira ovoj "fenomen" i odgovorot sam po sebe ce si dojde.Ama za toa treba strucnjaci,no ne kako nasuve"eksperti" i "analiticari".Po brojot na ziteli,Nie sme bile na odlicnoto vroro mesto vo svetot.Fala mnogu na svetot,ama od toa nemame bas mnogu fajde.
Од: Nikola - germanija
Датум: 11.09.2009 10:11:11
Dosta veke od prazni frazi i obekavanja,demek strancite "odvaj cekat da investirat" vo MK,no samo treba da platat dovolno mito!Dosega sekoja planirana investiciona zdelka vo poslednite 20 god. ne go dozivi slavniot kraj-primeri:Tajvan,Bunardzik,TAV,Sise dzam,Kineski avtobusi za SK,itn.Pa ne ocekuvam nisto od toa!Zborovite na site dosegasni premieri se samo lopotanje,izdisuvanje zezok vozduh,kako vikame nie vo Germanija,i zamajuvanje na javnostta!Narodni pari,po toa sto go citam po dnevnicite,se trosat nekontrolirano po drzavnite institucii kako Transport i vrski ili sega najnovo MNR.Ubavo da se obezbedat bezplatni ucebnici i prevoz do skolite,no koj ke go plati cehot,koga narodot e iscrpen i od nadvor nema svez kapital?Toa e klasicen Nedomakinluk-nisto drugo!Pa i od Kinezite ke nema nisto-vo vrska so toa se osmeluvam i na opklada!Nisto,narodot zaludno ceka rezultati od vladata-a taa nema sto da nudi,osven poracani studii deka MK e "megju najdobrite biznis destinacii";a investicii nema!
Од: Редовен читетел
Датум: 11.09.2009 15:39:16
Kina ima interes da "se instalira na Balkanot". Тоа нее воопшто во прашање. Кинезите своевремено стратешки се поврза со Албанија, го контаминираа целиот регион со калашникови од кои и ден денес се случуваат убиства и кај нас. Има многу логика според која и во Македонија кинески компании може да произведуваат разни производи за европски пазар и да ги сервисираат постоечките на европскиот пазар со своја мрежа сервиси. Дали заради ова Мариовскиот крај беше масовно исселуван во Манитоба (пример с. Друклево)? Тетовско, Кумановско, Крива Паланка, има повеке стратешки места каде може да се вселат во веќе етнчки исчистени територии...
Од: Kire USA
Датум: 11.09.2009 16:48:46
Malku se kasni so vremeto trebase porano taka da denes ke se imase nekoi koreni fateno i nemase da bideme tolku otepani kako drzava. Samo se nadevam deka nasite ke izvlecat dobra zdelka ne da bidaat izmolzeni i izmanipulirani.

Најди! во Утрински
Насловна
Софија на солзите не им верува
Зоврива собраната „кратошија“, зовриваат и лозарите
Борисов се коригираше за Македонија
Зденко
Власта да го слуша и ММФ, а не само Светска банка
Македонија не знае што ќе прави со „синот“ на Брозови
Политика во дворови
Државата не знае зошто не се продаваат дворовите
Последниот воз за Катанга
И конфискацијата на имотот алатка за политичка пресметка
На кафе-муабет