Роналдо: Меси, е можеби, најдобар во светот
Најскапиот фудбалер во светот Кристијано Роналдо во интервјуто за „Њус оф д Ворлд“ призна дека не верува во доаѓање на Вејн Руни во Мадрид, и покрај, наводно, неверојатната понуда на „кралевите“ од 150 милиони евра. Од тој износ 90 милиони би му припаднале на Манчестер Јунајтед.
„Се' уште сум пријател со играчите на Манчестер, со Руни, со Фердинанд, со Видиќ. Мислам дека Руни е среќен на „Олд трафорд“ и дека тешко би ја сменил средината. Дури и во случај Реал М да му понуди огромни пари“, вели Роналдо.
На прашањето дали би играл под палката на Капело, кој Реал М. сака пак да го ангажира, Португалецот одговори потврдно. „Дефинитивно да!. Тој е еден од најдобрите во светот“.
Новинарите на англискиот таблоид не заборавија да го чепнат и за Лионел Меси. А, Роналдо, конечно, даде афирмативен одговор, кога е во прашање Аргентинецот: „Меси е можеби најдобриот во светот во моментов. Тоа е така затоа што Барселона е фантастичен тим. Меси играше феноменално и минатата сезона, а тоа го прави и оваа. Екстра класа фудбалер, но мислам дека голема помош има од целокупниот тим. Повеќето играчи во Барселона подолго време играат заедно и тоа им ја олеснува работата. Секогаш е полесно кога имаш добри соиграчи“, порача Роналдо, кој има свој одговор и на прашањето зошто Жозе Мурињо не го сакаат: „Тој е еден од најдобрите тренери на планетата. Луѓето не го сакаат поради карактерот. Јас го познавам и навистина е посебна личност, роден победник. Ете, затоа не го сакаат, бидејќи е победник!“. |