Баерн го наполни Хановер, Какау одигра за Дортмунд
Баварците го декласираа Хановер со 7:0, а хет-трик оствари Арјан Робен
Во последниот натпревар од саботната програма во Бундес-лигата, Баерн покажа дека е подготвен за мечевите со Лион во Лигата на шампионите, откако го оддува Хановер со резултат 7:0. Гостите и така немаа на што да се надеваат, иако во минатото коло го добија Шалке, а тоа им го покажаа Олиќ, Милер и Робен, кои со по два гола веќе во 62. минута на семафорот испишаа 6:0. До крајот остана доволно време за уште некој гол, па Робен со хет-трик во 90 минута го постави конечниот резултат.
Штутгарт го скина Леверкузен од третата позиција во лигата откако со головите на Какау славеше со 2:1. Домашните мораа жестоко да се намачат затоа што први во водство стигнаа гостите со голот на Кислинг во 13. минута, а славењето го расипа Транкило Барнета, кој беше исклучен шест минути подоцна. Ослабените гости попуштија веќе во 29. минута кога Какау на асистенцијата на Молинар израмни, а пет минути пред крајот на мечот, истиот играч погоди за конечни 2:1 за Штутгарт. Третото место од Баер го презеде Вердер, и тоа во голем стил. Составот на Томас Шафт во локалното дерби против Волфсбург по првите 45 минути губеше со 2.1, но головите на Џеко и на Графите во продолжението ги анулираа Пизаро, Алмеида и Фрингс со втор гол за конечни 4:2!
Во дербито на дното Фрајбург до совлада Нирнберг со 2.1 и така го зграби местото кое води во бараж, а на кое не успеа да се врати Хановер по дебаклот во Минхен.
Шалке на домашен терен славеше против Мехенгладбах со 3:1 и ја продолжи потерата по Баерн. Иван Ракитиќ постигна два гола (вториот од пенал), а еден запиша Џеферсон Фарфан, единствениот гол за Мехенгладбах беше дело на Раул Бабадилја, момчето кому му се заканува жестока казна поради неодамнешното возење во пијана состојба.
Бундес лига, 31. коло: Фрајбург - Нирнберг 2:1, Хамбургер - мајнц 0:1, Баерн - Хановер 7:0, Шалке - Мехенгладбах 3:1, Волфзбург - Вердер 2:4, Штутгарт - Леверкузен 2:1. Вчера играа: Дортмунд - Хофенхајм и Ајнтрахт - Херта, а во петокот Келн - Бохум 2:0.
Табела: Баерн 63, Шалке 61, Вердер 54, Леверкузен 54, Борусија 52 (-1), Штутгарт 50, Хамбургер 48, Волфсбург 46, Ајнтрахт 44 (-1), Мајнц 44, Келн 37, Мехенгладбах 37, Хофенхајм 34 (-1), Нирнберг 28, Бохум 28, Фрајбург 28, Хановер 27, Херта 22 (-1). |