Лебро Џејмс незапирлив, се врати Шек
Кливленд во првото коло од доигрувањето во НБА-лигата славеше над Чикаго со 96:83, а најзаслужен за победата беше Леброн Џејмс со 24 поени, шест скока, пет асистенции и четири блокади. Во тимот на Кливленд, по 23 меча пауза поради повреда, се врати Шекил О’Нил, кој за 24 минути минати на паркетот постигна 12 коша.
Во победничката екипа се истакнаа и Мо Вилијамс со 19 поени и 10 асистенции и Антоан Џејмисон со 15 коша и десет фатени топки. Дерек Роуз во тимот на Чикаго мечот го заврши со 28 поени и 10 асистенции.
Бостон го совлада Мајами со 85:76 и поведе во серијата на плеј-офот во источната конференција со 1:0. Во тимот на Бостон, Пол Пирс постигна 16, а Кевин Гарнет додаде 15 коша и девет скока, додека Ален мечот го заврши со 14 поени. Најдобар во поразената екипа беше Двејн Вејд со 26 коша, осум фатени топки и шест асистенции, а двоцифрен број поени оствари и Квентин Ричардсон - 15.
Резултати, плеј-оф, први мечеви:
Атланта - Милвоки 102:92, Бостон - Мајами 85:76, Денвер - Јута 126:113, Кливленд - Чикаго 96:83. |