Фени индустри по враќањето од фајнл-форот во Балканската лига (пораз во полуфиналето од Ловќен) успеа бргу да го надмине разочарувањето и да го совлада Торус со 93:84.
Со оваа победа кавадарчани поведоа со 2:1 во полуфиналната плеј-оф серија подобар до три. Сето ова значи дека Торус в среда во Скопје не смее да загуби ако сака да има мајсторка.
Инаку, Фени не го почна натпреварот како што посакуваше. Гостите водеа се до 13 минута. Оттогаш па до крајот Фени заигра многу поагресивно во одбраната, а со неколку убиствени контри и удари од далечина полека ја правеше разликата. Во четвртата четвртина имаше и плус 14, но тоа не беше крајот. Домаќините му дозволија на Торус серија од 20:7, но и неа успеаја да ја преживеат.
Самарџиев, Михајловски и Поповиќ обезбедија мирна завршница. Најефикасен беше Поповиќ со 19 коша, а Самарџиев постигна 17. Кај поразените повторно најдобар беше Караџоски со 31 кош.
Se cini deka nekoi igraci na Feni igraat individualno ne vodejci smetka deka na toj nacin go doveduvaat rezultatot pod znak prasanje. Iako vo posledniot mec Samardziev bese super, nemoze a da ne mu se zabelezi arogantniot odnos, individualisticki pa makar i gubenje na topka. Ova vazi i za Bogoev. Rajkovic ne bi smeel da go dozvoli toa. Se slucuvase da se najdat slobodni igraci pod kos, a imenuvanite da sutiraat i da utnat!