Број 3261  понеделник, 19 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Еспањол ја запре Барселона!

Со Максвел во стартната постава и со Педро и Меси во шпицот пред Чави, Гвардиола се надеваше дека препознатливата ефикасност на актуелниот првак брзо ќе дојде до израз, но првите шанси ги имаа домаќините и тоа првата во третата минута кога Пике очајно врати до Валдес.

Поради тоа што работите не се одвиваа како што замисли, Гвардиола по еден час игра на местата на Туре и на Милито ги внесе Анри и Кеита, но од иницијативата и саканиот погодок, не само што немаше ништо, туку исклучувањето на Дани Алвеш во 62 минута поради втор жолт картон, потполно ги исфрли гостите од колосек.

Ниту солидните навлегувања на Меси ниту влегувањето на Ибрахимовиќ на десетина минути пред крајот, не го запреа Еспањол во намерата да остане непоразен во градското дерби, па така Барса му побегна на Реал на четири бода, но „кралевите“ вчера играа против Валенсија.

Примера, 33. коло: Севилја - Спортинг 3:0, Еспањол - Барселона 0:0, Вилјареал - Ателетико 2:1.

Табела: Барселона 84, Реал 80 (-1), Валенсија 59 (-1), Мајорка 52 (-1), Вилјареал 49...


#
Статијата е прочитана 544 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Савевски и Начевски во клинч во Тунис?
Батон најсмирен во хаосот во Кина
Македонија на стартот со Шпанија
Македонците спортуваат само во обложувалници
Баерн го наполни Хановер, Какау одигра за Дортмунд
Роналдо
Тотенхем ја врати драмата на сцената во Англија
Влезници за Мундијалот и во супермаркети
Лебро Џејмс незапирлив, се врати Шек
Торес пред операција, Мундијалот доведен во прашање
Фени со предност во полуфиналната серија со Торус