Број 3261  понеделник, 19 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Спорт

Тотенхем ја врати драмата на сцената во Англија

Фудбалерите на Реднап го совладаа Челзи со 2:1, а Манчестер Ј. славеше над Сити со 1:0, па сега заостанува само еден бод

Само неколку часа откако Манчестер Ј. со голот на Сколс во судиското продолжение го совлада градскиот ривал Манчестер Сити (1:0), Тотенхем го победи Челзи (2:1), со што трката за титулата ја направи максимално интересна. „Бебињата“, кои речиси на идентичен начин славеа над лутиот ривал и во првиот дел од првенството (4:3), сега заостануваат само еден бод за лидерот, а вчера на гостувањето кај Виган и Арсенал имаше шанса да стане трет фактор во трката. Со евентуална победа „топчиите“ ќе се приближат на три бода минус.

Без оглед на овој кикс тренерот, Карло Анчелоти, е убеден дека на крајот од сезоната ќе се весели токму Челзи. „Знаеме што треба да направиме во наредните три меча. Не смее да дозволиме паниката да се вовлече во нашите редови, први сме, знаеме дека и други ја сакаат таа позиција, па затоа мора да останеме прибрани“, порача Анчелоти, кој на наредниот натпревар против Стоук нема да може да смета на капитенот Џон Тери. Тој доби црвен картон против Тотенхем поради двата непромислени фаули во периодот од 63 до 66 минута.

„Имавме проблем со меката одбрана. Не успеавме да создадеме притисок на топката и противникот. Тотенхем на почетокот напаѓаше одлично. Во продолжението создадовме неколку шанси за гол, тој и стигна, но откако останавме без Тери беше тешко да се вратиме во мечот“.

Како и да е, Тотенхем во само неколку дена врза два одлични натпревара против градските ривали Арсенал и Челзи, со што го избриша горчливиот вкус од поразот против Портмсут, во полуфиналето на ФА купот.

Инаку, првиот гол за домаќините го постигна Дерфо од пенал (по играњето со рака на Тери), а вториот пред крајот на првиот дел беше дело на Герет Бејл, кој мина по левата страна, си направи сам простор за удар и поентираше.

Покрај добрата игра на Тотенхем причината за поразот на Челзи треба да се бара и во фактот дека неколку негови ѕвезди воопшто „не се појавија на терен“, а многу малку можеше да се види и од моторите на тимот Лампард и Малуда. Ако на тоа се додаде неочекувано безопасниот Дрогба, како и исклучително нервозниот Тери, кој, како што кажавме направи пенал, а потоа и „поцрвене“, ваквиот епилог беше неминовен.

Резултати од 35. коло: Бирмингем - Хал 0:0, Блекбурн - Евертон 2:3, Фулам - Вулверхемптон 0:0, Манчестер Сити - Манчестер Ј. 0:1, Стоук - Болтон 1:2, Сандерленд - Барнли 2:1, Тотенхем - Челзи 2:1.

Табела: Челзи 77, Манчестер Ј. 76, Арсенал 71, Тотенхем 64 (-1), Манчестер Сити 62 (-1), Ливерпул 56 (-1).......

Преостанати натпревари



36. коло

Манчестер Ј. - Тотенхем

Челзи - Стоук

Арсенал - Манчестер Сити

37. коло

Сандерленд - Манчестер Ј.

Ливерпул - Челзи

Блекбурн - Арсенал

38. коло

Манчестер Ј. - Стоук

Челзи - Виган

Арсенал - Фулам


#
Статијата е прочитана 630 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Савевски и Начевски во клинч во Тунис?
Батон најсмирен во хаосот во Кина
Македонија на стартот со Шпанија
Македонците спортуваат само во обложувалници
Баерн го наполни Хановер, Какау одигра за Дортмунд
Роналдо
Влезници за Мундијалот и во супермаркети
Еспањол ја запре Барселона!
Лебро Џејмс незапирлив, се врати Шек
Торес пред операција, Мундијалот доведен во прашање
Фени со предност во полуфиналната серија со Торус