Торес пред операција, Мундијалот доведен во прашање
Веќе е извесно, а го призна тоа и Рафаел Бенитез, дека повредата на коленото на Фернандо Торес мора да се решава по оперативен пат. Тоа значи пропуштање на крајот на сезоната, но и на светското првенство во Јужна Африка.
Шпанскиот репрезентативец поради клупските обврски не стигна до својот лекар во Барселона, но тоа ќе го направи во најскоро време. „Не сме сигурни дали Торес воопшто ќе игра на некој натпревар до крајот на сезоната. Мора да оди на преглед кај специјалист, по што ќе знаеме кој ќе биде следниот чекор“, изјави Бенитез, кој побара од управата 60 милиони евра за засилувања. „Ќе се сретнам со водечките луѓе во клубот. Ќе разговараме за се, па и за засилувањата. Според, мене на Ливерпул во моментов му се потребни три или четири нови играчи. Мора да ја унапредиме екипата“, смета Бенитез. |