Пет минути интервју
Водата ми ги бистри мислите

Ана Контраденко - виолинистка
Валентина Тодоровска
Која е Вашата омилена летна агенда?
„Јас уживам да бидам покрај вода. Таму се чувствувам најдобро, кoга ми се бистрат мислите и ми се полнат батериите. Бидејќи за децата е најздрво да бидат на море, ние се трудиме секое лето да им обезбедиме повеќе време за да уживаат. Кога Олег беше дете, во летата целата нивна фамилија одеше во Хрватска, на еден остров блиску до Дубровник, со преубави плажи, далеку од „цивилизациски придобивки“ . Ах, би сакале секое лето да одиме таму, ама е далеку... Нашите професионални обврски не обврзуват да бидеме што поблизку до Скопје, па затоа годинава сме кај "комшиите", во Грција.
Во однос на работата, Ве очекуваат ли настапи во септември?
„Од септември ќе почнат подготовки за отварање на сезоната во Филхармонија, а истовремено јас го подготвувам мојот рецитал за есенски музички свечености со интересна програма за виолина - (без придружба на клавир) а во врска со тоа, можно е патување до Германија да го посетам мојот ментор - Виктор Третјаков . Исто така се планира концерт во Берлин, каде ќе настапиме како дует со Олег, негде кон крајот на годината.
Вашата баба Русинка има интересни совети до кои и денес се придржува, во однос на добра форма и здравјето. Би поделиле ли нешто со нас?
„Не само баба ми, туку и мајка ми и свекрва ми се супержени! Од нив трите јас научив многу интересни и корисни нешта. И би била многу среќна на нивните години да го имам тој дух и таа мудрост. Баба ми се' уште вежба еден час време секое утро (иако има 85 години), мајка ми веќе 5 години покрај нејзиниот активен научно - истражувачки живот посетува часови по аикидо. За свекрвата ми Блага да не зборувам! За каква активна, ведра и убава жена станува збор, сите знаат. Сите три имат заеднички нешта. Тие велат: „за да останеш млад и ведар, не мора да ти е лицето "испеглано" и без ниедна брчка - важно е во срцето да имаш љубов спрема Господ, кон твоите блиски и кон животот.“ |