Хроника
Прилепчанец загина во сообраќајка

04.08.2011, 13:28
Во тешка сообраќајна несреќа што рано утрово во 6 часот се случи во Прилеп загина 67- годишен прилепчанец.
Во судирот меѓу минибус и мопед томос на самото место починал возачот на мопедот Стеван Б.
Според увидот на полицијата возачот на мопедот возел без да им отстапи првенство на минување на останатите учесници во сообраќајот, како што е регулирано со сообраќајната сигнализација, свртел и притоа удрил во предната лева страна на минибусот, кој пак се движел по улицата ,,Егејска“, односно во правец на Железничката станица во Прилеп.
Од ударот, Стеван Б. бил исфрлен од мопедот на коловозот и притоа се здобил со тешки телесни повреди, од кои починал на самото место на незгодата.
Со наредба на Истражен судија телото на починатиот е предадено на обдукција.
|