Број 3647  четврток, 04 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Ејми Вајнхаус

Тајна свршувачка пред смртта

Неколку недели пред трагично да заврши, Ејми Вајнхаус се свршила со режисерот Рег Тревис. Според зборовите на близок пријател на Рег, неодамна и' купил дијамантски прстен на Ејми и ја прашал да се омажи за него. Таа воодушевено прифатила, што било и логично, зашто го обожавала.

„Се' што сакаше беше да се омажи за него и да основа семејство. Од се' срце сакаше да се ослободи од своите демони“, изјавил изворот близок на Тревис. Според зборовите на блиските луѓе, парот се свршил неколку седмици пред нејзината смрт и планирал да се венча идната година. Не е никаква тајна дека Рег е сосема скршен и тажен откако починала Ејми. Тој дури неодамна првпат проговорил за своите чувства.

„Последните денови беа вистински пекол. Претрпевме немерлива загуба и сега сакаме само малку ��ир“, изјавил Тревис.

Таткото на Ејми, Мич, по погребот, истакнал дека Рег многу и' помогнал на неговата ќерка и дека таа ја пронашла љубовта со него. А како што пренесуваат упатените, Рег бил тотална спротивност на Блејк Филдер Сивил, за кого многумина мислат дека е виновен што почнала да се дрогира. Сепак, Тони Азопарди, дилер на дрога, кого полицијата го испитувала, тврди дека токму Рег бил тој што и' помогнал на Ејми да купи кокаин и хероин во вредност од 1.200 фунти пред да умре. Според неговите зборови,токму тој и' помогнал на пејачката да купи наркотици од А-класа во раните утрински часови на 23 јули, истиот ден кога е најдена мртва во својата куќа.

Причината за смртта на Ејми не е разјаснета, а татко и' им рекол на истражителите дека таа водела тешка битка со алкохолот и со наркотиците и дека резултатите од токсиколошкиот наод ќе бидат познати дури за три недели.


#
Статијата е прочитана 2746 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Aктивирана хипотека за „Космос“
Се подготвува сеча на амбасадори
Печатено
Градот задолжен со 9 милиони евра
Работнички по потврда на плеј-оф во Лига Европа
Водата ми ги бистри мислите
Митологијата и Хитлер
Дарко Башески поднесе оставка од „Еуроимаж“
Мубарак на суд
Работнички во плејофот на Лига Европа!
Илинденски пораки и поделби
Поморот на рибите – елементарна непогода
Аптекарите и лекарите си играат пинг-понг со пациентите
Милчин бил соработник со тајните служби
Рокерот им ги заборава имињата на своите деца
Пациенти како 007
Fragaria vesca
Тачи и Билер со договор за решавање на кризата
На патот до АСНОМ (4)
Новини за поголема транспарентност при вработувањето
Карикатура
Почина јапонскиот фудбалер Мацуда
Стил
Прилепчанец загина во сообраќајка
Пороен дожд, град, грмежи и силен ветер попладнево и утре
Онлајн вести

"""