Косово
Тачи и Билер со договор за решавање на кризата

04.08.2011, 14:08
Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска изјави дека со командантот на КФОР гереналот Ерхард Билер постигнал согласност за нацрт спогодбата за решавање на кризата на северот на Косово.
- Средбата со Билер беше плодотворна и постигната е согласност, рече Тачи на седницата на косовската влада во Приштина.
Во првите реакции, доцна синоќа, косовската влада го отфрли нацртот на спогодбата како неприфатлив. Косовската влада синоќа истакна дека нацрт спогодбата, сочинета во три точки, е неизводлива на територијата на Косово, па затоа владата ќе продолжи да ги почитува реципрочните мерки во трговската размена со Србија.
Тачи и Билер се сретнаа и во текот на изминатата ноќ и денеска претпладне.
Рамковниот дого��ор за решавање на кризата на северот на Косово синоќа го постигнаа командантот Билер и претставниците на владата на Србија министерот Горан Богдановиќ и дипломатот Борко Стефановиќ.
|