Број 3647  четврток, 04 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Градот задолжен со 9 милиони евра

Во прилог на кредитите е позитивниот кредитен рејтинг на Град Скопје, стекнат уште од времето на Трифун Костовски

Деспина Трајковска

Градските власти годинава ќе се задолжат со речиси 9 милиони евра. Сите пари зајмени дома или во странство ќе ги потрошат за, како што велат сами, големи проекти од интерес на граѓаните. Канти за ѓубре, купување комунални возила и изградба на катни гаражи се само дел од проектите што почнаа да ги реализираат на рати надлежните.

Дел од сумата за кредити, проектирана и во планот за кредитно задолжување во тековниот буџет, веќе е подигната и наменски искористена. Од странски и домашни банки досега се земени заеми од во висина од над 5 милиони евра. Најновиот кредит на кој градоначалникот Коце Трајановски планира да стави параф ќе биде наменет за проширување на улицата „Првомајска“ во Кисела Вода. Според планот на Градот, за задолжување во 2011 година заемот само за овој проект ќе достигне 1,7 милиони евра.

Иако дел од јавноста смета дека Градот неоосновано ги зема кредитите, дека така секој би можел да гради и да решава комунални проблеми, надлежните имаат цврсти оправдувања за проектите на рати. Првенствено велат дека тоа им го дозволува кредитниот рејтинг, а истовремено укажуваат дека вообичаено е инвестирањето во капитални проекти да се врши со заеми. Тоа било практика во светот.

„Ниту еден капитален проект не може да се финансира само со пари од тековниот, ниту, пак, со неколку градски буџети. Иако имаме повеќе капитални проекти планирани не само за оваа година, туку воопшто во мандатот, сепак, даваме приоритет на подобрување на условите во сообраќајот, на подобрување на условите за функционирање на јавните претпријатија, особено на ЈП ’Комунална хигиена‘. Со оглед на тоа, направена е и прелиминарната листа на проекти за чија реализација планираме да се задолжиме, а за некои веќе и го сторивме тоа“, објаснија неодамна од кабинетот на скопскиот градоначалник.

Оттаму посочија дека згора на се' биле охрабрени од добиениот позитивен кредитен рејтинг од реномираната компанија „Стандард и Пурс“, која практично им дала зелено светло за задолжување, односно го потврдила позитивниот кредитен рејтинг на Градот, задржан дури и во услови на светската економска криза, а стекнат уште од времето на градоначалникот Трифун Костовски.

Инаку, според плановите на Трајановски, годинава Градот со кредити планира да ги подобри условите за работа на ЈП „Комунална хигиена“, да го изгради и опреми Центарот за управување и контрола на сообраќајот, да инвестира во изградба на двете катни гаражи и да ја прошири улицата „Првомајска“. Речиси половината од плановите се реализирани, а допрва се очекува официјализирање на заемите за новиот булевар и за ЦУКС.

Во тековниот буџет е наведено дека кредитот за „Првомајска“ ќе достигне до 1,7 милиони евра, за ЦУКС е планиран заем од 1,3 милиони евра, а за почеток на изградбата на двете градски катни гаражи, пак, веќе е подигнат кредит од 3 милиони евра.


#
Статијата е прочитана 1624 пати.

Испрати коментар

Од: kiki makedonaki
Датум: 04.08.2011 08:59:07
Zemaj - lapaj narod plaka
Од: od citatel
Датум: 04.08.2011 11:23:45
A be za ovie VMRO_vcinjata se e opravdano. Moze da zemaat, da ne zadolzuvaat kolku sakaat da i nasite pravnuci nemozat da si go najdat krajot. Ovie predhodnite koga go pravea toa vo epten mini verzija istite ovie sto se sega na vlast laea duri do neboto. Sto narod ke bevme. Mislam deka sme kako etnos vo izumiranje, za vistinska opservacija. Smetam deka treba na nekoj da mu tekne vo bolniot um da ne ispituva genetski ama sega i pred pred Aco MK. Ha, ha, ha.
Од: Сашо
Датум: 04.08.2011 14:10:31
Народот плаќа урбаната мафија гради за себе. Градот е нечист, улиците и тротоарите се раскопани со месеци. Тоа што е изградено е неквалитетно. Испрани мозоци што ќе кажете на ова.

Најди! во Утрински
Насловна
Aктивирана хипотека за „Космос“
Се подготвува сеча на амбасадори
Печатено
Работнички по потврда на плеј-оф во Лига Европа
Водата ми ги бистри мислите
Митологијата и Хитлер
Дарко Башески поднесе оставка од „Еуроимаж“
Мубарак на суд
Работнички во плејофот на Лига Европа!
Тајна свршувачка пред смртта
Илинденски пораки и поделби
Поморот на рибите – елементарна непогода
Аптекарите и лекарите си играат пинг-понг со пациентите
Милчин бил соработник со тајните служби
Рокерот им ги заборава имињата на своите деца
Пациенти како 007
Fragaria vesca
Тачи и Билер со договор за решавање на кризата
На патот до АСНОМ (4)
Новини за поголема транспарентност при вработувањето
Карикатура
Почина јапонскиот фудбалер Мацуда
Стил
Прилепчанец загина во сообраќајка
Пороен дожд, град, грмежи и силен ветер попладнево и утре
Онлајн вести

"""