Број 3647  четврток, 04 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Новини за поголема транспарентност при вработувањето



04.08.2011, 13:39

Преку новини во тестирањето на кандидатите при вработување во државните институции ќе се зголемува транспарнетноста во овој процес. Ќе се применува и нов систем на мобилност од една во друга институција со што ќе се балансира суфицитот и дефицитот на кадрите.

Тоа го најави министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски при денешната посета на Агенцијата за администрација.

Се планира да се унапреди софтверот за полагање на службениците, со побројни прашања во општиот или во практичниот дел. Секој кандидат ќе добие посебни прашања од тој што ќе седи до него, но со иста тежина. Во Тест центарот, според Ивановски, ќе нема човек кој ќе набљудува. Ќе биде во соседната канцеларија, а доколку е потребна помош на некој од кандидатите ќе дојде да одговори на некои прашања за да не дојде до недоразбирања и пореметувања во тестирањето.

Станува збор за транспарентен систем кој, според Ивановски се користи во повеќе држави и универзитети.

- Со оваа мерка се обидуваме да ги стимулираме сите кои ќе се кандидираат за работни позиции во администрацијата навистина да се подготват. Покрај двата теста за полагање, потребен е и висок просек на образование. Најдобрите што системот на транспарентен начин ќе ги испрати како кандидати до институцијата која го објавила огласот за вработување, ќе имаат можност да бидат интервјуирани од надлежни вработени во таа институција и еден да биде избран. Потоа тоа лице треба да помине и психолошки тест и тест за интегритет кој ќе стапи во сила од октомври годинава, изјави министерот Ивановски.

Според него, мобилноста од една во друга институција е една од мерките која се предвидува со цел да се балансира вработеноста затоа што имало сознанија дека во некои институции на пример има суфицит на правници, а некаде дефицит. - Со воведување на овој систем ќе може да се балансира тоа. На крај треба да се стигне до ниво кога потребата за вработување ќе биде по пензионирање на некој од вработените или барање од самата институција, изјави Ивановски.

Со новите регулативи кои ги наметнува Европската комисија за поефикасна админстрација постојат институции каде се бара поголема стручност и компетентност. Но, истакна министерот, тоа не значи дека бројот на вработени во администрацијата мора постојано да расте.

- Според природниот одлив на вработени во администрацијата од три до четири проценти годишно од нив се пензионираат, со што постои отвореност тие да се пополнат, но не значи дека ќе мора да се направи. Може да се донесе одлука и на самата институција или само како стратегија на Владата дека ќе пополнуваме само процент, посочи министерот, негирајќи дека Европската комисија во своите извештаи укажува оти македонската администрација е гломазна и дека има потреба од нејзино намалување.

Министерот Ивановски повтори дека во јавната и државната админситрација се вработени околу 120 илјади лица, заедно со полицијата и армијата. Тврди дека вработувањата во администрацијата и годинава се ограничени како дел од антикризните мерки, а исклучок се тие според Рамковниот договор или кои се неопходни во институциите доколку некој замине во пензија или има некој несакан случај.

Коментирајќи ги шпекулациите во јавноста дека голем дел од вработените по Рамковниот договор не се распоредени на работни места, но земаат плата, Ивановски рече дека тоа бил мал процент за кој веќе е најдено соодветно место.

- Мислам дека сега во сите институции тие веќе се на своите работни места и ги извршуваат своите задачи, посочи Ивановски, при посетата на Агенцијата за администрација.



#
Статијата е прочитана 1007 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 04.08.2011 14:26:50
Дали истите правила ке важат и за нивните партиски војници.Или ке се бодуват и заслугите што ги имат постигнато во партијата.
Од: NEMOKNA
Датум: 04.08.2011 14:59:01
BAREM DA SE NA RABOTNO MESTO VO RABOTNO VREME RAMKOVNITE VRABOTENI OTI NE ZNAETE KOLKU E TESKO DA SE SEDI DOMA KAKO STECAEC OD FIRMI KOGA NI CVETASE I OPSESTVOTO I ZIVOTOT OTI SE BESE REGULIRANO NA NIVO NA CELA SFRJ I SE FUNKCIONIRASE OD VARDAR DO TRIGLAV VO EDINSTVEN SISTEM . I LUGETO BEA ZADOVOLNI SRECNI I VESELI I TOGAS IMASE STUDENTI, RABOTNICI I ADMINISTRACIJA, NO NEMASE VAKVI RAZLIKI I NEZADOVOLSTVA. PREMNOGU BOLI DA GLEDAS I DA SI VREDEN DA POMOGNIS A TOA DA TI E ONEVOZMOZENO.
Од: Ljupco
Датум: 04.08.2011 15:31:39
Po iljaditi pat SAMO EDNO OBICNO LAZENJE na narodot .Ovaa partiska administracija e rak rana na drzavata i taa treba da se ocisti barem 50 % za da se dobie i podnosliv broj i kvalitet. So vakva politika na vrabotuvanje na lepaci na plakati i urlaci na mitinzi , koj sega ke treba da se " reformiraat"samo si igrame majtap so drzavata.
Од: verag
Датум: 04.08.2011 16:34:57
На крај,како и до сега, тие од горе ќе кажат кој ќе помине, а се разбира мора да го поминат тестот и неписмените од рамковниот договор.

Најди! во Утрински
Насловна
Aктивирана хипотека за „Космос“
Се подготвува сеча на амбасадори
Печатено
Градот задолжен со 9 милиони евра
Работнички по потврда на плеј-оф во Лига Европа
Водата ми ги бистри мислите
Митологијата и Хитлер
Дарко Башески поднесе оставка од „Еуроимаж“
Мубарак на суд
Работнички во плејофот на Лига Европа!
Тајна свршувачка пред смртта
Илинденски пораки и поделби
Поморот на рибите – елементарна непогода
Аптекарите и лекарите си играат пинг-понг со пациентите
Милчин бил соработник со тајните служби
Рокерот им ги заборава имињата на своите деца
Пациенти како 007
Fragaria vesca
Тачи и Билер со договор за решавање на кризата
На патот до АСНОМ (4)
Карикатура
Почина јапонскиот фудбалер Мацуда
Стил
Прилепчанец загина во сообраќајка
Пороен дожд, град, грмежи и силен ветер попладнево и утре
Онлајн вести

"""