Број 3305  сабота, 12 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Нема ништо од големото кастрење

Минималното буџетско кратење ќе доведе до влошување на состојбите, бидејќи нивото на дефицит останува високо

Александрија Стевковска


Намалувањето на буџетските расходи за незначајни 76 милиони евра нема да и' заврши никаква работа на економијата, бидејќи станува збор за благо засекување на владините трошоци, а не и нивно реално и оправдано кастрење, сметаат експертите. Според нив, ребалансот, кој зафаќа само 3,2 проценти од буџетот, е многу помал од процентот на пад на приходната страна во државната каса и нема да донесе позитивно економско раздвижување. Според експертите, ова минимално кратење може да доведе само до влошување на состојбите, бидејќи нивото на буџетски дефицит останува високо.

„Намалувањето на буџетот со овој ребаланс е премало, поради што во септември или во октомври треба да се направи ново прекројување на буџетските проекции. Овој ребаланс само покажува дека Владата ја задржува политиката на обемно јавно трошење, која плаче за реформирање, но очигледно нема политичка волја да се направи тоа. Станува збор за чисто популистичка мерка со која власта сака да му докаже на народот дека се грижи з�� него и во име на тоа си ги намалува платите 10 отсто. Јас навистина не знам кој верува во таквата загриженост на Владата за доброто на обичниот човек“, вели професорот на Правниот факултет, Ванчо Узунов.

Единствен став на експертите е дека понудениот ребаланс на буџетот нема да ги исполни целите за кои се прави. „Прво, буџетскиот дефицит не е намален, што ќе предизвика проблеми со задолжувањето за негово финансирање. Задолжувањето однатре има граници, бидејќи нема да можат да се издадат многу записи, а би се задушило стопанството, додека задолжување однадвор во моментов е, исто така, невозможно, бидејќи условите за тоа не се поволни. Втор проблем на ребалансот е ниското ниво на кратење. Министерот за финансии призна дека падот на приходите е многу поголем од процентот на кратење на буџетот, но тоа го оправда со претпоставките за заживување на економијата во наредниот период, што не држи, бидејќи сите индикатори покажуваат оти економските движења наскоро нема да се сменат на подобро“, вели ексминистерот за финансии Никола Поповски.

Според него, структурата на кратење е најпроблематична. „Со ребалансот најголем рез се прави кај капиталните инвестиции, а тековните трошоци само бенигно се засекуваат, место да биде обратно, бидејќи токму тековните непродуктивни трошоци најмногу го оптоваруваат буџетот. Во случајов се запоставуваат капиталните инвестирања, кои се двигатели на економскиот просперитет“, вели Поповски.

И другите експерти имаат слични забелешки за лошата структура на кратење на буџетот. „Кратењето никако не смееше да натежне на страна на капиталните инвестиции, кои генерираат нови вработувања, повеќе плати, зголемување на потрошувачката. Токму ребалансот докажа дека Владата работите ги прави краткорочно, па мисли дека ако скрати од капиталните проекти ќе направи нешто добро за економија. Токму кратењето на овие ставки долгорочно ќе создаде негативни последици, бидејќи запирањето или забавувањето на реализацијата на капиталните инвестиции во перспектива ќе значи пад на стопанските движења, стандардот на живеење на граѓаните“, вели Шенај Хаџимустафа од Универзитетот на ЈИЕ.

Во врска со ребалансот вчера се огласи и опозициската СДСМ. Оттаму велат дека најавеното кратење на буџетот е премало и голема е веројатноста до крајот на годината да има и втор ребаланс. „Ако Владата навистина сакаше да биде реална и да биде во посигурна зона, кратењето требаше да изнесува 212,8 милиони евра. Дури и во најоптимистичкото сценарио, кое е малку веројатно, кратењето ќе мораше да биде најмалку 115,1 милион евра, што е за 50 отсто повеќе од она што го направи Владата“, рече вчера потпретседателот на партијата Зоран Јовановски.

Според СДСМ, кратењето на средствата од сите проекти покажува дека Владата нема капацитет да го избере она што е приоритетно.

Партијата има забелешка и на кратењето на капиталните инвестиции што, според СДСМ, е повторување на ситуацијата од 2009 година, кога било предвидено тие да изнесуваат 29 милијарди денари, а на крајот на годината изнесувале 13 милијарди денари.

Најавите за замрзнување на платите на вработените во јавната администрација од СДСМ го гледаат како неисполнување на ветувањето за зголемување на платите во јавната администрација. Во однос на планираниот дефицит од 2,5 отсто, СДСМ бара од Владата најпрво да им го плати она што им го должи на фирмите за невратен ДДВ и за стоките и услугите, а дури потоа да се види колкав ќе биде дефицитот.


#
Статијата е прочитана 1057 пати.

Испрати коментар

Од: mende
Датум: 12.06.2010 08:25:41
ako nema nisto od golemto kastrenje toa snaci deka nekoj mora da go plati,. Toa e zaem onaka so visoki kamati (bez otcet za sto e potroseno) ili pak reket na narodot vo forma na davacki ili kazni.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Портпаролот на Фондот за здравство не сака веќе да лаже
Скандал до скандал во судството
Панк рок-легендата ќе грми на 20 јуни на Кале
Знамето на Свети Ѓорѓија
Подемите и падовите на ВМРО-ДПМНЕ
МРТ ја откажува „Отворено со народот“
Колачињата на „Кејблтел“
Хрватскиот туризам во костец со светската криза
Теории на заговор
Големите зданија на малиот Париз
Цената на јасноста
„Демофест“ во Бања Лука - шанса и за рок-бендовите од Македонија
Грците добро се стегнаа, Европа е задоволна
Тестаментот го подели семејството
Националистичката десница ја тресе Европа