Број 3305  сабота, 12 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Оријана Фалачи

Тестаментот го подели семејството

Се' што имала во животот Оријана по смртта му оставила на својот внук од сестра, Едоардо Переци. Со тој потег и' го задала последниот удар на сестрата Паола Фалачи, која сосема ја исфрлила од тестаментот

Иако од смртта на најпознатата и најгласна италијанска писателка и новинарка Оријана Фалачи ми��аа речиси четири години, таа, нејзината оставина и нејзината животна приказна се' уште ги вознемирува духовите. Но, овој пат не во редовите на светските водачи, кои за време на својот живот ги провоцираше, ниту исламскиот народ, кој без пардон го навредуваше, туку во сопственото семејство, кое поради нејзиното наследство денес води судска битка.

Се' што имала во животот Оријана по смртта му има оставено на својот внук од сестра, Едоардо Переци, 44-годишен моден менаџер. Со тој потег и' го задала последниот удар на сестрата Паола Фалачи, која сосема ја исфрлила од тестаментот, а чиј син засекогаш го обезбедила. Затоа Едоардо, неговата мајка, денес го нарекува „мојот бивши син“. Повредена и лута, таа се обидува да го оспори тестаментот на Оријана, не сакајќи да се помири со фактот дека сестра и' не и' оставила ама баш ништо.

Но, кога малку подлабоко ќе се навлезе во оваа семејна драма, сосема е јасно зошто таа чудесна и своеглава жена не и' оставила ништо на својата сестра, освен дозволата за време на нејзиниот живот да престојува на имотот во Тоскана, вреден неколку милиони евра. Како еден од последните удари и разочарувања што ги доживеала Оријана од Паола, Едоардо вели дека е оној кога во 2003 година писателката им соопштила дека има рак. Тој вели дека и денес тешко се справува со реакцијата на својата мајка. „Седевме во нејзината куќа во Кјанти и Оријана ни кажа дека има рак. Ја праша мајка ми дали може да оди со неа во Њујорк, да ја испрати на лечење. Мајка ми рече: ’И јас сум болна и имам многу работа‘. Тоа беше ужасен разговор, кој потоа продолжи. Мајка ми ја обвини тетка ми дека пишувала книги за фашисти и по неколку дена едноставно престанаа да разговараат“, се присетува Переци. На новинарско прашање неодамна дали двете сестри навистина се мразеле, одговорил: „Мајка ми веќе не сакаше да ја види Оријана. Во болница се појави кога тетка ми веќе падна во кома. За неа има кажано дека е како Леди Макбет“.

Но, затоа тој со својата тетка секогаш имал особено близок однос и открива дека во неа пронашол мајчинска фигура. Со оглед на тоа дека Оријана со години живеела во Њујорк, Едоардо, кој патувал таму, барем еднаш месечно поради работа, секогаш преспивал кај неа. Разговарале за се', се допишувале и еден на друг си се обраќале за проблемите. „Беше многу врзана за мене и беше многу великодушна“, открива Едоардо, кој заедно со станот што го имала Оријана во Њујорк и имотите во Италија добил и цел куп хартии што го отсликуваат нејзиниот живот.

Книгата за своите предци, „Шапка полна цреши“, што ја пишувала Оријана цели десет години, се' до терористичките напади на 11 септември во Њујорк, Переци ја објавил две години по нејзината смрт и покрај противењето на својата мајка. Таа гласно протестирала во италијанските медиуми, не сакајќи „семејното ѓубре“ да се изнесува во јавноста. Но, Едоардо тврди дека постапил според желбите на Оријана, која пред смртта внела уште некои последни измени. Оријана, која се лечела во Њујорк, сакала да умре во Италија, во својот дом во Кјанти, каде што била најсреќна. Но, никогаш не стигнала дотаму.

„Ме повика еден ден и ми рече дека морам да почнам да го организирам погребот. Ми рече дека мора итно да дојдам во Њујорк. Но, не можев, зашто тогаш бев среде работа во Венеција. Тогаш ми одговори: ’Идиоте, зар не разбираш дека умирам‘“,се присетува Переци.

И имала право, кога пристигнал, таа веќе била на крајот на силите. Со приватен авион ја префрлил во Фиренца, каде што го замолила да купи шише шампањско за да го прослават нејзиното враќање дома.

Но, не стигнала до Кјанти. Починала во Фиренца, на 16 септември 2006 година, во 78. година од животот. Едоардо денес пребира по нејзините сеќавања, а со мајката комуницира само преку адвокатите.

 


#
Статијата е прочитана 1207 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan -Trade name!
Датум: 12.06.2010 05:07:13
Nisto ne me iznanaduva , i voTetovska Vratnica Relacija ;Detroit -Vratnica,Vratnica-Detroit ima i mnogu pogolemi Rigorozni Slucki,Veruvajte il ne, site se ;Moralno,Humanitarno Opravdani!!
Од: Dolno Vodno
Датум: 12.06.2010 12:04:28
Da ne odime podaleku, pa i kaj nas i ima "Oriani, Eduardovci", sestri i bratucedi cickovci koi lazat na sud, kradat.. Pakosni i zavidni na nasledstvo ili vo posledno vrele na "pusta" denacionaluzacija sto gi raskara familiite! Sto stana od nasiot dobara makedonski narod, za cija nekogasna dobrota, mladata generacija nema da ni veruva, ako i raskazuvame?!
Од: Brian, Canada
Датум: 12.06.2010 15:31:57
Oriana Fallaci pokraj nesomnenata vodecka reputacija kako novinar e edna od najcitanite avtori vo svetot. Kako nejzin pasionran citatel bi gi preporacal "Rage and Pride" i ososbeno "Force of Reason". Vazi za eden od najdobrite poznavaci na sostojbite i navikite na Bliskiot istok. Poslednata decenija od zivotot pisuva za opasnosta od radikalniot islam i pretvaranjeto na Eropa vo "Euarabija", spored mojata drebnost - sosema tocno. Ne se slozuvam so ocenkata deka go navreduva islamskiot svet, tuku prenesuva svoi viduvanja potkrepeni so mnogu fakti. Mislenjeto za nejzinite romani e subjektivno i sekoj go nosi sam. Site romani i se svetski bestseleri. Se raboti za prekrasna licnost, isklucitelno hrabra i sto e najvazno beskompromisen borec za slobodata i pravoto na misla i govor. Denes svetot ocajno ima potreba od takvi licnosti.
Од: Komentator
Датум: 12.06.2010 18:38:17
Vo moe vreme ..Falaci startirase i se proslavi so trac mondenski i politicki aferi...potoa mafijata malce ja "smiri" pa se svrti na pomalku zezski temi koi se aktuelni ama ne po "zivot"...Vo sekoj slucaj novinarka i pisatel na edna nova generacija na novinari bez vlakno na jazikot koja im otvori oci i pat na podocnesi dejci...da se fatat vo kostec na svetckite problemi....!!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Портпаролот на Фондот за здравство не сака веќе да лаже
Скандал до скандал во судството
Панк рок-легендата ќе грми на 20 јуни на Кале
Знамето на Свети Ѓорѓија
Подемите и падовите на ВМРО-ДПМНЕ
МРТ ја откажува „Отворено со народот“
Колачињата на „Кејблтел“
Хрватскиот туризам во костец со светската криза
Нема ништо од големото кастрење
Теории на заговор
Големите зданија на малиот Париз
Цената на јасноста
„Демофест“ во Бања Лука - шанса и за рок-бендовите од Македонија
Грците добро се стегнаа, Европа е задоволна
Националистичката десница ја тресе Европа