Холандија е последна од низата евро��ски држави што покажа дека националистичкото расположение се засилува: Герт Вилдерс
Тамара Грнчароска
Една од најлибералните држави во Европа во средата покажа дека политичката десница станува се' посилна на европска почва. Холандија е последната од низата европски држави каде што изборните процеси во неколку години покажаа дека националистичките партии, а со тоа и националистичкотот расположение кај европските граѓани, се засилува.
Партија на слободата на Герт Вилдерс, која го освои третото место на изборите во Холандија, но речиси тројно ја зголеми својата бројка во холандскиот парламент, се смета за морален победник на изборите, а според некои, и сериозен кандидат за формирање нова коалициска влада со централнодесничарската либерална партија на Марк Рут.
„Победата“ на партијата на Вилдерс, која отворено е антимуслиманска и антиимиграциска, е само врвот на десничарскиот бран кој пред Холандија ги зафати Британија, Франција, Германија, Италија, Унгарија, Полска, Бугарија. Вилдерс го возбуди светот со својата кампања со барање да се забрани Коранот и да се запре „исламизацијата на Холандија“. Тој го нарече исламот фашистичка религија и го поврза Коранот со „Мајн кампф“ на Адолф Хитлер, а против него моментално се води судски процес за ширење омраза и насилни пораки против муслиманите.
Но, и да не влезе во владата и стане опозиција, Партијата на слободата, сепак, ја стресе холандската и европската политичка сцена, како што го направи тоа националистичката партија на Јерг Хајдер во Австрија пред неколку години.
Јакнењето на десницата, особено во Холандија каде што либералите ги предводеа последните четири влади, а учествуваа во речиси сите од Втората светска војна до денеска и која беше една од најотворените земји за прием на имигранти, покажува дека од поодамна е сменет политичкиот курс на Европејците. Некои аналитичари го објаснуваат тоа како реакција на растечката емиграција во земјите, ширење на исламот на европска почва, но и како одговор на падот на стандардот додека левицата беше на власт. „Во многу европски земји луѓето веруваат дека централнодесничарските партии се поспособни да раководат со економијата, отколку централнолевичарските партии“, смета Клара О’донел од Центарот за европски реформи од Лондон. Тоа се поткрепува со фактот дека свртувањето вдесно опстои и покрај речиси целосниот распад на глобалниот финансиски систем и светската рецесија што следуваше. Притоа избирачите наместо да ја казнат десницата за незаузданиот капитализам, која таа го поддржува, тие се свртеа кон неа за да ја реши ситуацијата. „Тие веруваат дека централнодесничарските партии се поспособни да поминат низ економската криза“, вели О’донел.
Рецесијата и економијата се покажаа како тема број еден во Британија, која ги врати конзервативците на власт, а пред неколку години тоа се покажа и како добитна карта за демохристијаните на Ангела Меркел во Геманија. Во случајот, пак, на Унгарија, владејачката партија Фидес ја тренира својата десничарска политика преку грижата за своето малцинство, пред се', во Словачка и во Романија, со изгласување закон со кој се олеснува добивањето унгарско државјанство за Унгарците што живеат во странство.
Како беше?! Европјаните биле демократи,нерасисти,солидарни,хумани,непристрасни,а ние тука сме биле на Балканов диви,примитивни,фашизоидни и националисти?!?!?! Оваа ли е таа Европа која толку ја посакуваме?!
Од: dedodimo
Датум: 12.06.2010 07:19:51
Pa izgleda i Makedonija ke im dade na Makedoncite shto ziveat nadvor od Makedonija drzavlanstvo ,taka i site ke imaat pravo da glasaat .Dosega Makedoncite shto ziveat nadvor od Makedonija se tuginci i nikoj ne vodi rachun za niv a posebno Brane i SDSM.Ne e lesno da bidish Makedonec a ?.
Од: ODNADVOR
Датум: 12.06.2010 16:07:22
Ba sekade niz EU desnicarsiot pokret se shiri, vogkavno poradi "naezdata" na nekoi nerazmisleni agresii od stana na musloimanskata bezrabotna mledez od predgradaijat ili regionite,so brojni muslimansi ziteli koja duri i nesaka da prifati "biulokava" rabita),zemajkivo predvid deka i "bez rabota" cesto mozat da poseduvaat najmoderni avtomobili.. Zajaknuvanje na desnicarte se zgolemi i so problemot na burkata. Sé poveke diskutirana vo Prlamentite kako i predlogot za pravo na glas na strancite! Kaj nas smetam deka Makedoncite so dvojno drzavjansto, bi trebelo da glasaat, no samo onie kOI POSEDUVAAT I LICNA KARTA so adresa vo tatkovinata! A onie koi samo se tupaat vo gradi za Mk. smetam deka ne se vo sostojba da sudat za idninata na Makedonija i nejziniot izmacen narod!! Znam deka ke bidame kritikuvani,no i nie sme nekoi od tie koi ne se vo sostojba da bidat pravedni kon odlukata sto ke si ja donese makedonskiot narod!
Од: Diogen-London
Датум: 13.06.2010 09:46:14
Nacionalizmot ne znaci i nacizam,kako sto nekoi "strucni"-polupismeni komentari od tipot na Dedo dimo,go kvalifikuvaat.Kako kontra sila na Agresivniot i radikaliziran Islam,sto sto ne prifaka i ne respektira nitu edna druga religija,logicno bese zajaknuvanjeto na Nacionalnite partii vo Evropa isvetot.Zatoa,namesto da gledame seir,vo Makedonija,Politickite partii na Makedoncite treba da napravat edna seopfatna politicka platforma koja ke gi zastapuva i stiti nacionalnite interesi na Makedonskata drzava i narod.Toa e snoven fundament na koj pociva edna drzava.Ako pogledneme kakvi se sostojbite na politickata scena sega ,vo Makedonija,ke vidime deka Vladeeckata partija na VMRO na celo so premierot za da ja odbrani svojata somnitelna politicka agenda,gi diskvalifikuva ostanatite partii-pogotovo SDSM i B.C. kvalifikuvajki gi i nego i golem del od Mak.narod kako Predavnici-Apatrioti.Sosema pogresno.Poglednete gi samo komentarite od koi se gleda politickata pripadnost,a pred se svest i kultur