Според првиот човек на ЕЦБ, Трише, п��ограмата за консолидирање на буџетот ветува многу
Европската централна банка е задоволна од развојот на ситуацијата во Грција, каде што „многу ветува“ одвивањето на програмата за консолидирање на буџетот. Ова го изјави претседателот на банката, Жан-Клод Трише.
„Во Грција има знаци дека буџет��ката консолидација напредува добро во првите пет месеци од 2010 година“, истакна Трише.
Според него, сегашните промени се во корелација со структурните реформи и дозволуваат обновување на довербата. Тој додаде дека и други држави разработуваат мерки за консолидирање на буџетот, но не посочи кои се тие држави.
Шефот на банката направи паралела меѓу финансиската криза и еколошката катастрофа во Мексиканскиот Залив и, според него, можат да се извлечат многу заеднички поуки за управување во кризни ситуации, создавањето стимул за развој на приватен бизнис и регулирање на глобалната економија и неопходност од координирање на заемните напори на политичко ниво.
И грчкиот премиер Јоргос Папандреу го дели мислењето дека состојбите во неговата држава се подобруваат, а оти големите опасности останале зад неа. „Грција е на пат кон економско и фискално нормализирање, оставајќи зад себе големи опасности“, изјави Папандреу во Триполи, во обраќањето на Регионалниот економски и социјален комитет на својата партија ПАСОК. Папандреу истакна дека Грција е на патот на промените, со план, програма и одлучност.
Коментирајќи ги неодамнешните гласишта за банкрот на Грција и напуштање на еврозоната, премиерот оцени дека тие се неосновани, додавајќи дека дури и се ширеле приказни дека бродовите носат хартија за печатење драхми. Папандреу рече дека овие гласишта не само што се апсурдни, туку и многу опасни, зашто без причина ги вознемируваат граѓаните.
Дека работите во Грција одат кон подобро, доказ се и неодамна објавените податоци на грчкото министерство за финансии дека во првите пет месеци од годинава земјата успеала, повеќе од предвиденото, да го намали буџетскиот дефицит.
Во соопштението од министерството за финансии се наведува дека во периодот од јануари до мај буџетскиот дефицит изнесувал 8,97 милијарди евра, а во истиот период минатата година 14,65 милијарди евра. Дефицитот во првите пет месеци бил намален за 38,8 проценти, иако било предвидено да биде намален за 35,1 отсто.
Грчкиот институт за статистика објави и дека стапката на невработеност во март изнесувала 11,6 отсто, додека во февруари 12,1 проценти, односно во март стапката на невработеност била намалена за 26.500 лица. (Ек.Р.)
Mene nisto veke ne me voznemiruva na tolku dubiozi vo megjunarodnoto pravo, vo megjunarodnata zaednici, vo megjunarodnite finansii, sporovi i slicno! Me voznemiruva samo izjavata na nasiot minister za finansii deka administracijata na R.M. ne e nisto poglomazna od administraciite na zemjite od EU? Dobro, moze e ista, ama kaj nas nevrabotenosta e 35% ! Bez voopsto da se misli , administracijata treba da se namali za 25% , za da se smeta deka sme "isti", bidejki vo EU, nevrabotenosta e samo 10% pa ima koj da gi plaka administrativcite! A i EU drzavite, nemozat da se pofalat deka se racionalni, pa i tie bi trebale da reduciraat po desetina posto od svoite aparati! Inaku me raduva sto Grcija zazdravuva , sto e osobeno vazno na psiholoski plan, da se vrati doverbata na gragjanite vo vodenjeto na biznisi i vo normalnoto funkcioniranje vo sekojdnevieto!
Од: Ljubotan -Trade name!
Датум: 12.06.2010 05:28:45
Paradox na pisuvane! Ova e kalasicna Iversija! Grcija ce go stegne kaisot !??? Kakvaa glupost ! Gtcija ce zivi taka kako,sto i ziveela za poslednive 25 vekovi i do denes,a EU ce go stegne kaisot ,da i plati na Grcija,da zivee i ponatamu!
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 12.06.2010 11:51:03
"Според него, сегашните промени се во корелација со структурните реформи и дозволуваат обновување на довербата." So ovaa izjava za obnovuvanje na "doverbata", Trishe vsushnost se nadeva deka Grchkite drzhavni bonovi kje izlezat od rangot "gjubre" i deka ECB vekje nema da mora da gi kupuva za da i dade infuzija na Grcija. Jas pak bi sakal da se oblozham so Utrinski vo 100 Germanski marki deka evroto nema da ja prezhivee krizava, i deka Grcija kje bankrotia po dolgot od 300 milijardi evra. G-gjata Kancelar beshe debelo ponizhena od strana na Grchkata drzhava koga tie jzaedno so Francija i drugi EU drzhavi ja obvinija za sporost vo odluchuvanjeto (za pomoshta) i efektivno za istisnuvanjeto na Grchkite bonovi od svetskite finansiiski pazari. Normalno, Grchkiot dolgod 300 milijardi evra i lazhenjeto za drzhavnite finansii "nemaa nikakva vrska" so dobivanjeto na statusot "junk". Ostanuva da vidime kako "golemite deca so mali umovi" kje odgovorat na ponizhuvanjeto shto go progoltaa.
Од: Mite
Датум: 12.06.2010 13:24:45
gotovo e so Evroto a i so EU... Po Grcija Spanija, Ungarija, Portugal se na istiot pat... ziva kal... mora da se srezat visokite plati, dosta beshe so selenje na kapitalot vo Kina.. a koga ke se simnat EU platite vo realni ramki ke izgubi smisol i EU kako takva
Од: Goce nikoloski
Датум: 12.06.2010 20:20:28
Za dva meseci doverbata se vratila, prikaski za deca, aj neka kazi so brojki kolku imaat grcite zastedeno za dva meseci, ic tie uste se zaglavuvaaat taka da ne treba grujo mnogu da brza za vo eu oti prasanje na vreme e koga ostata ke se rasturi, na Makedonija i treba samo nato.