Број 3305  сабота, 12 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Репортажа: 36 Часа, Букурешт

Големите зданија на малиот Париз

Димитар Чулев

Во периодот меѓу двете светски војни Букурешт со својата елегантна архитектура и софистицирана елита, која го копираше Запад, го добива престижниот прекар „Малиот источен Париз“. Влијанието на комунистичката ера, која остави свој белег меѓу градбите во барок, готски стил и неокласицизам. Иако добар дел од центарот беа уништени во програмата на Чаушеску за „систематизација“ најголемиот дел од историските градби градот преживеаја, како што сега упорно чекаат на процесот на реприватизација поради кои многу градби се близу до руина чекајќи некои ново-стари „газди“ или државата преку експропријација да даде „амин“ за нивно реновирање.

Името на градот има нејасно потекло. Според некои, Букур, кој бил принц, рибар, овчар или ловец, зависно од легендите, бил основач на градот изграден на двата брега на реката Дмбовица. На романски јазик „букур“ значи радост, а комплетното со додавката „ешт“ во слободен превод значи „радосен си“. Обид да се „дофати и само мал дел од градот, кој од 1862 година е романска престолнина и кој се протега на 226 квадратни километри во с��мо 24 часа (колку што имаше на располагање екипата на „Утрински весник“ ) е еднакво на „невозможна мисија“...



12.5.2010 во 22 Часот

Стариот Букурешт

Липсикани, историскиот центар на Букурешт, концентриран околу истоимената улица, во годините пред влезот на Романија во ЕУ и потоа го доживува својот процут. Десетици кафулиња, ноќни барови, ресторани се вклопија во старата архитектура, а посетители се најмногу млади. Нема ограничување за пушачите, а објектите работат преку целата ноќ.

Липсикани, впрочем, го враќа сјајот на старите времиња кога од средниот век до средината на 20 век бил значаен историски центар. Букурешт во пишаните документи првпат се споменува во 1459 година, а тогашната цитадела станала резидација на принцот на Влахија, Влад Тепеш Трети. Човекот што стекна слава на „Дракула“ (според истоимената новела на Британецот Брам Стокер од 1897 година) историски бил трипати војвода на Влахија, кој и' се спротивставил на Отоманската Империја. Некои велат дека имал прекар Дракул (или ѓавол на романски) поради суровите методи кон оние што не го почитувале законот...

Дворец на романските господари бил изграден тука, во Липсикани, но денес тој е во урнатини.



13.5.2010 во 8 Часот

Монструмот на Чаушеску е барем половина час оддалечен од хотелот со пет ѕвезди „Ибис“ каде што од 10 до 15 мај годинава беше сместена екипата на „Утрински весник“. Тргнуваме од старата „северна’ железничка станица, „Gara de Nord“...

Монументалната зграда на романскиот парламент, своевиден споменик на болните „фараонски„ амбиции на социјалистичкиот диктатор Николае Чаушеску е нешто што не смее да се пропушти. Градена во периодот 1983-1989 (до падот на Чаушеску), архитектонскиот монструм со димензии 270x240 метри висока 86 и 92 метри под земја според Гинисовата книга на рекорди, е градба втора по големина на светот (по Пентагон). Огромен дел од центарот на Стариот град беше урнат. меѓу кои 19 стари православни цркви, шест еврејски синагоги. три протестански цркви и домовите на 30.000 жители за да се направи простор за градбата што има 1.000 простории на 12 надземни катови.

Се проценува дека досега во Палатата биле вградени милион кубни метри мермер, 3.500 тони кристал за свеќници, светилки и огледала, 700.000 тони челик и бронза за монументалните порти, прозорци, канделабри...900.000 м3 дрво за паркет над кои биле послани 200.000 квадратни метри оригинални теписи... Внатрешно градбата никојпат не била завршена, а Чаушеску не поминал ни еден час во Палатата од која планирал да владее кралски со осиромашениот народ. Пред Народната куќа (Casa popоrului) како што сега се нарекува, денес се одржуваат мегаконцерти (како оној на 16 мај на групата AC-DC), на кои нема место за некогашната стравопочит.



10,45 ЧАСОТ

Национален музеЈ на уметноста

Тука е блиску, ми вели таксистот. На „Булеварот на авијатичарите“ (една од километри долгите шестлентни „магистрали“, кои го шараат Букурешт, мислејќи дека ќе имам разбирање за „бескрајно долгите“ минути да се стигне до местото што било „одма овде“. Скопските стандарди не функционираат во градот, каде што во такси преседувате и до два часа за релативно време, за кое би стигнале до Гевгелија.

Но, тука, конечно, е импресивната зграда, некогашна кралска палата и лоцирана на Паркот на Револуцијата, сместена е голема колекција на романската и европската уметност што го опфаќа периодот од 15 до 20 век. Изградена во 1815 година, а во 1885 година била ремоделирана според плановите на францускиот архитект Пол Готеро, но денешниот конечен изглед го добива во периодот 1930-19938 по пожарот од кој била зафатена во 1926 година. Од 1948 година кралската палата е седиште на Националниот музеј на уметноста.

Нема влезе да се влезе, а да се посвети денот на само еден Музеј е – новинарска лудост од аспект на новинар врзан за „дедлајн“.



Нултиот километар каде што пристигнуваме тоЧно напладне

Во деновите за време и по Романската револуција, плоштадот Универзитатеа стана место каде што романските студенти најжестоко го изразуваа својот протест поради стариот режим и од каде што бараа расчистување со комунистичкото минато.

Во име на тоа време е подигнат, веројатно, единствен „споменик“ наречен „Нултиот километар / зона слободна од неокомунизам“.

Националниот театар „Јон Лука Караџале“, еден од најголемите романски драмски писатели е сместен на Универзитатеа, како и хотелот „Интерконтинентал“, една од највисоките згради во Букурешт.



14,00 Часот

„каса доЈна“

Добивам повик од пријателот Георге Градинару, дипломат, кој до пред две години отслужуваше дипломатска кариера во Скопје... сака да ми го прикаже најубавото од Букурешт.

Еден од најславните ресторани е сместен во северниот дел од градот веднаш на работ на булеварот „Киселев“, букурешка верзија на Елисејските полиња. „Кафеаната покрај патот“, како што било првобитното име, е класично парче романска архитектура изградена во 1892 година. Во околните вили, зашто објектот не е ништо друго освен пространа вила со прекрасен парк под стогодишните дрвја, сместени се низа странски амбасади и резиденции. Ентериерот е единствен во кој доминираат ѕидови обложени со дрво и уметнички слики со романски мотиви, кои се се' друго само не безвредни.

„Каса Дојна“ некогашното собиралиште на букурешката аристократија денес е место каде што гравитира романската бизнис и политичка елита. Цените и менијата се специјално приспособени за оние со префинет вкус и со подлабок џеб.

Нема време, денот одминува и пред зајдисонце се возиме до



16,15 Часот

Паркот „Херестрау“

Се враќаме со мојот романски пријател Кристи Дику кон градот од Палатата на пресот лоцирана некаде на пристојна дистанца од најголемиот букурешки парк „Херестрау“. На површина од 1.1 км3 се простира еден од седумте и воедно најголем парк, Херестрау, лоциран во северниот дел на Букурешт. Изграден во 1936 година, паркот се простира околу огромното вештачко езеро со површина од 0.7 км3. Мали бродови и чамци циркулираат низ езерото, кои ја чинат единствена глетката од рестораните и баровите лоцирани на бреговите. Во осумдецениската историја паркот неколку пати го менувал името: Паркот „Карол Втори“, Национален парк, Паркот „Сталин“ (се до 1956 година кога е урната статуата на Јосиф Висарионовиќ). Денес на еден од влезови��е од кај Триумфалната порта е поставена статуа на генерал Де Гол, веројатно, како симбол на поврзаноста и пријателството на „малиот“ со големиот Париз и како израз на пријателство на двете франкофонски земји.



18 Часот

МузеЈ на селото

(Muzeul Satului) По многу што единствен музеј на отворено на дел од површината на Паркот „Херестрау“, каде што се подигнати повеќе од 300 објекти *дрвени куќи, воденици, амбари, црквички) во природна величина, кои ја прикажуваат романската рурална архитектура. Заедно со Музејот на селанецот (Muzeul Taranilor) и Националниот музеј за историја на Романија, е едно од најпосетуваните места за странските туристи во градот со радиус 12-14 км, кој се простира на површина од 226 км3 во кој, во потесната околина живеат 1.9 милиони луѓе.

Треба повеќе од час, ден, недела или повеќе за да се прошета мегапаркот...

Во 22 часот истиот ден секој обид за осознавање нешто ново, се судира со понудата за кригла (halba) пиво во Липсикани.


#
Статијата е прочитана 680 пати.

Испрати коментар

Од: Ljubotan -Trade name!
Датум: 12.06.2010 04:24:39
Vasevo pisanije ,ce bide zaboraveno, do krajov na nedelava,Deloto na Caucesku ce ostane, kako i Spomenik na negovoto vladeene.Triunfalnata kapija vo Paris! Site golemi arhitektonski ostvaruvana se teret na sirotinata!Vavilonskite kuli.Egipatski Piramidi, Grcki Akropolis,Rimski Areni, Titovi Betonski Glavi, Skopski Spomenici .Ama vo poslediot vek nikoj vladatel, ne ostavi pogolemi arhitektonski vrednosti od Romasnskiot Cauesku! Idolot na Caucesku bese;nikoj drug tuku Peter The Great Ruski. Cauceski malku me podseti; kako Peter The Great i negoviot nenadmasen ST,Petersburg Petrovgrad!
Од: Vojkan
Датум: 12.06.2010 08:35:22
Една мала исправка. Третата фотографија (со трамвајот) е од Прага. Во позадина се гледа Jindřiská Věž (Кулата на Ѓорѓи). А и самата улица се вика Jindřiská и се сече со Václavské Náměstí. Поздрав
Од: Of Lele
Датум: 13.06.2010 05:24:54
BRAVO LJUBOTAN. Mi se cini ,na site ni gi otvori horizontite kako ,da razmisluvame! Za takov Komentar ne sum ni sonuval! Vidovita i superiorna Analiza,a ona sto e i najbitnoto,takva istoriska komparacia nikogas nemam procitano!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Портпаролот на Фондот за здравство не сака веќе да лаже
Скандал до скандал во судството
Панк рок-легендата ќе грми на 20 јуни на Кале
Знамето на Свети Ѓорѓија
Подемите и падовите на ВМРО-ДПМНЕ
МРТ ја откажува „Отворено со народот“
Колачињата на „Кејблтел“
Хрватскиот туризам во костец со светската криза
Нема ништо од големото кастрење
Теории на заговор
Цената на јасноста
„Демофест“ во Бања Лука - шанса и за рок-бендовите од Македонија
Грците добро се стегнаа, Европа е задоволна
Тестаментот го подели семејството
Националистичката десница ја тресе Европа