Број 3305  сабота, 12 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Поглед

Колачињата на „Кејблтел“

Тамара Грнчароска

Историската изјава на Марија Антоанета, ако немаат леб нека јадат колачиња, лесно може да се примени за кабелските оператори во Македонија. Ако немате добар аналоген сигнал , претплатете се на поскап дигитален. Деновиве тоа го потврди „Кејблтел“ во Тетово, кој призна дека не дистрибуира најдобар аналоген сигнал за корисниците во Тетово, ама затоа дигиталниот им бил топ. Значи, доплатете ако сакате да гледате телевизија. Во нормални земји плаќаш за основната услуга, а се доплаќа за полуксузните. Кај нас основната е само за шминка. Ако не доплатиш, нема ништо да гледаш. Барем не во Тетово.

Но, и приказната за лебот и за колачињата за „Кејблтел“ во Тетово е дискутабилна, бидејќи таму проблем со аналогниот сигнал имаат, главно, телевизиите што емитуваат програма на македонски јазик. Па, така, ако не можете да следите фудбалски натпревар на некоја од македонските национални телевизии поради лоша слика, свртете го каналот на националната албанска телевизија и или на Tелевизија Косово и нема да имате проблем. Но, со спортот е лесно, топката нема јазик, но што е со информативните програми, филмовите, програмите за деца. Таму се гледа канал со цртани филмови со кристално јасна слика, но синхронизиран на албански јазик, на друг тешко, иако сите корисници плаќаат иста цена. „Кејблтел“ ја правда лошата слика на македонските канали како моментален проблем, но тоа трае предолго за да им се верува.

Монополската позиција на кабелските оператори по општините им дозволува несериозно и потценувачки да се однесуваат спрема корисниците, особено ако е потребно малку да вложат за да си ја подобрат услугата. Но, регулаторните тела што им даваат лиценци и што го следат работењето и услугите на операторите би требало да ги заштитата корисниците од лоша услуга, а во случајот на Тетово и од дискриминација според јазична основа.


#
Статијата е прочитана 1874 пати.

Испрати коментар

Од: devicanecot
Датум: 12.06.2010 00:16:22
Ајде нека објаснат од Кејбл тел, какви им се тие дигитални пакети, кога ги водат на аналоген влез во кжтелевизорот? Јас специјално купив дигитален телевизор, фул ХД што би се рекло, и посебен кабел за на дигитален влез, а тие ми инсталирале модем, кажуваат дигитален, кој само аналогно го гледа телевизорот, и преку СКАРТ влегуваат во него? Која им е логиката на дигиталните пакети, кога на крај повторно прават Д/А конверзија?
Од: mm
Датум: 12.06.2010 09:30:30
Tamara, novinar si, ako nisto drugo bi trebalo da se informiras koga plasiras podatoci vo medium, toa ti e rabota. Marija Antoaneta nikogas ne rekla narodot da jade kolacnja ako nema leb. Otvori nekoja kniga, procitaj, pobaraj vo enciklopedija, informiraj se pred da preneses vakva, za denesno vreme vece smesna nevistina na koja samo neinformiranite i onie sto ne citaat i veruvaat.
Од: Горан
Датум: 12.06.2010 10:37:26
Голем број луѓе имаат телевизори со вградени тјунери за дигитална телевизија. Кејблтел треба да ги пушти дигиталните канали некодирано како што е кај Телекабел. Кој нема таков телевизор може пак да се претплати и да му дадат рисивер. Плаќаме 450 денари, а сликата е ужас на аналогна телевизија.
Од: Irena
Датум: 12.06.2010 13:00:06
Ja poddrzuvam idejata na Goran. I taka plakjame 450 denari. Koga vekje imame televizori sto mozat da gi otvorat digitalnite kanali zosto ne pustat barem nekoi od niv slobodno. Ne ni treba risiver. Samo pustete da odat nekodirano.
Од: vvv
Датум: 12.06.2010 14:01:43
Ovoj Кејблтел ги претера сите можни граници. Никогаш, ама баш никогаш немам склучено никаков договор со нив, а ми стига сметка за мај. Се јавувам и тие ми образложуваат дека “ме откупиле“ од претходниот кабелски оператор. Ма немој, што сум јас, стока па да ме откупуваат и препродаваат???? Никој не ме ме прашал дали сакам да се претплатам кај нив, тие сами си одлучиле така. А сега и за претходниот оператор “ТВ Медиа Плус“ подготвувам тужба за злоупотреба-јас не сум нивна сопственост за тие без прашање “ да ме продаваат“ на кого сакаат!!!
Од: ba
Датум: 12.06.2010 14:36:41
многу сум задоволен од услугата на кејблтел, цените што ги нуди кејблтел се најефтини во пазарот...а тоа што го пишува тамара не е точно, ја сум од тетово и никогаш немало проблем со сигналот или нешто слично...
Од: Oliver
Датум: 12.06.2010 16:28:48
Odlicen tekst 100% si vo pravo.
Од: unknown
Датум: 12.06.2010 18:12:13
I ponatamu prodolzuva golgotata so ovoj kabelski operator vo Tetovo. Priemot na kanalte e ocaen (osobeno na onie so makedonska proviniencija), prekinite se sekojdnevni, a programite gi menuvaat po potreba, a da ne zboruvame slucajno ako nekogas pocne da grmi !!?? Posle sekoe grmenje ili prekin na strujata vo Tetovo progranma na Cabletel nema cela vecer se do izutrina dodeka vrabotenite ne dojdat na rabotnoto mesto. No, dokolku se raboti za naplata na smetkite togas naplatuvacot i pred rokot za toj mesec uporno ce Ve bara doma i po nekolku pati dnevno !! Sekojdnevnoto reagiranje na telefonskiot broj vo Cabletel Tetovo nema nikakov odjek i se ostanuva na nivnata dobra volja da ispratat ekipa "nesto" da popravi, no do naredniot den koga pak prodolzuva maltretiranjeto na gledacite. Duri i vo centralata vo Skopje neljubezno se odnesuvaat so sekoj koj ce se javi od Tetovo, so sarkasticni komentari deka "toa e toa" i nikoj ne ni e kriv sto ziveeeme vo Tetovo!!??
Од: kaligraf
Датум: 13.06.2010 01:25:15
Браво Тамара, информациите во текстот ти се милион проценти вистинити. И не е само во Тетово така, и делови од Скопје го имаат истиот проблем. Особено кога оди дебатната емисија на А2 во терминот од 20 часот, нема шанса да имате пристоен тон на тој “инкриминиран“ канал. Кој разбира ќе сфати во што е “проблемот“. А да не зборувам за тоа дека сликата на МТВ1 е катастрофална за време на Светското првенство. Но ние граѓаните од местото каде што живеам ниту еднаш не се побунивме јавно, туку само меѓу себе тивко негодуваме и ништо не превземаме како наш придонес во уривањето на монополот. Многу шугав народ сме (простете ми на изразот) кога го трпиме и теророт на лошите услуги и тоа за наши пари.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Портпаролот на Фондот за здравство не сака веќе да лаже
Скандал до скандал во судството
Панк рок-легендата ќе грми на 20 јуни на Кале
Знамето на Свети Ѓорѓија
Подемите и падовите на ВМРО-ДПМНЕ
МРТ ја откажува „Отворено со народот“
Хрватскиот туризам во костец со светската криза
Нема ништо од големото кастрење
Теории на заговор
Големите зданија на малиот Париз
Цената на јасноста
„Демофест“ во Бања Лука - шанса и за рок-бендовите од Македонија
Грците добро се стегнаа, Европа е задоволна
Тестаментот го подели семејството
Националистичката десница ја тресе Европа