Број 3305  сабота, 12 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

БИЛИ АЈДОЛ

Панк рок-легендата ќе грми на 20 јуни на Кале

Легендарниот Били Ајдол доаѓа во Скопје на 20 јуни, во рамките на својата европска турнеја, со посредство на „Авалон продукција“, која по Боб Дилан најавува уште еден спектакуларен концерт, закажан на отворено, на просторот на скопско Кале. Ајдол ќе пристигне во земјава со 40-члена екипа, три автобуси и еден камион техничка опрема. „Сите знаеме кој е и што е Били Ајдол. Овој концерт е продолжение на една серија убави концерти - Лени Кравиц, Сантана, Боб Дилан... Воодушевен сум од локацијата и навистина ми е жал што досега не сме ја откриле“, изјави Даниел Милошоски на вчерашната прес-конференција во клубот „Маракана“.

Ајдол ќе настапи на бина со димензии 20 Х 14, а како негова предгрупа, односно за загревање на атмосферата ќе бидат задолжени членовите на „Психомодо поп“, кои ќе настапат со 60-минутно бест-оф шоу.

Веднаш по Скопје, Ајдол, кој е препознатлив по хитовите како „White weeding“, „Flesh for fantasy“, „Sweet sixteen“, „Speed“, „LA Woman“, „Dancing with myself“... ќе настапи во Белград, а потоа (ден подоцна) го очекува и настап на „In music“ фестивалот во Загреб.

Организаторите велат дека се' е подготвено за вистински рок спектакл на Кале. Влезниците се веќе пуштени во продажба и чинат 1.000 ден., односно 1.500 ден. за фан пит места, кои се со ограничен број.

(К.Ш.)


#
Статијата е прочитана 698 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Портпаролот на Фондот за здравство не сака веќе да лаже
Скандал до скандал во судството
Знамето на Свети Ѓорѓија
Подемите и падовите на ВМРО-ДПМНЕ
МРТ ја откажува „Отворено со народот“
Колачињата на „Кејблтел“
Хрватскиот туризам во костец со светската криза
Нема ништо од големото кастрење
Теории на заговор
Големите зданија на малиот Париз
Цената на јасноста
„Демофест“ во Бања Лука - шанса и за рок-бендовите од Македонија
Грците добро се стегнаа, Европа е задоволна
Тестаментот го подели семејството
Националистичката десница ја тресе Европа