Број 3305  сабота, 12 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Мислења

Цената на јасноста

Роберт Скиделски

Цената на јасноста, како и цената на слободата, е бесконечна будност, а овие две работи се поврзани

„Мајсториите и вештините на берзанските посредници се доведени во таква компликација на подлост и измамништво, во таква мистерија на грешност, што таквиот неразбирлив жаргон од термини што е инволвиран во тоа се онакви како што никогаш не биле познати во некое друго време или земја“. Провокацијата на Џонатан Свифт од 18 век одекнува во денешниот свет на финансиско „посредување“: сега како и тогаш финансиите го кријат своите „компликации на подлост и измамништво“ во „неразбирлив жаргон“. Како што објасни американскиот претседател Барак Обама во говорот во април: „Голем број постапки беа толку нејасни и комплексни што само малкумина во овие компании, ако не само оние обвинети за пропусти, беа во целост свесни за огромните обложувања што се прават“.

Дали Свифт имаше право да ја види подлоста како главен мотив за неразбирливост? Очигледно, тоа е многу моќен мотив во политиката, исто колку и во финансиите. Колку луѓето помалку разбираат нешто, толку е поле��но да бидат измамени. Никогаш немало недостиг од трговци со лажни лекови: Доницети ја напиша операта „Еликсир на љубовта“, за една личност која рекламирала љубовна напивка со бесмислен жаргон. Меѓутоа, намерата да се измами или да се заработат пари, не мора секогаш да значи дека е тоа што ги придвижува неодамнешните експлозии од финансиски иновации.

Обрнете внимание на тековниот граѓански спор на американската Комисија за хартии од вредност и берза против „Голдман Сакс“. Генијалецот на „Голдман“, Фабрис Туре, е обвинет дека креирал комплицирана обврзница што била планирана да доживее неуспех. Дали неговата намера била да измами? Или, пак, тоа било интелектуалното задоволство што го добил од креирањето на „Франкештајн чудовиште“ без оглед на последиците? Ова последново изгледа како подоминантен мотив. Како што пишува во друг негов и-мејл: „Целиот систем е за да се уништи секој момент... единствениот потенцијален преживеан, фабулозното Фаб... што се наоѓа во средината на сиве овие комплексни, егзотични трговски размени што ги креираше тој “. Да се биде попаметен од мноштвото (и, секако, да се заработат пари од неговата остроумност), изгледа дека беше движечка страст на Туре.

Финансиите отсекогаш биле нејасни, со исклучок на мотивот за измамување на јавноста што инвестира. „Двојното книговодство“ е едно од најголемите откритија на европската цивилизација, но пет века подоцна голем број луѓе се' уште се збунети околу активите и пасивите. Без такво познавање техничките термини како „билансна рецесија“ и „обновување на билансот“ се безначајни. Неразбирливоста е зголемена со комплексноста. Експлозијата од изведени инструменти бара такви напори за разбирање што е потребна метафорична реторика. Замислете ги дополнителните должнички обврски како отровни колбаси, вели економистот Нуриел Рубини, и ризичните хипотеки како месо од стаорец во нив. Со ментален напор, лаик потоа може да ги замисли овие отровни колбаси, поинаку познати како „токсични активи“, како се шират низ банките во светот, уништувајќи ги нивните дигестивни системи и оштетувајќи ги економиите на кои треба да им служат. Но, комплексноста не е единствената причина за неразбирливост. Во неговиот познат есеј „Политиката и англискиот јазик“, Џорџ Орвел укажува на распространетата употреба на еуфемизми. Ова, смета тој, се должи на тоа што премногу факти станаа преужасни, односно неприфатливи, за јасно да се презентираат. Еден од примерите беше фразата „коригирање на границите“ за да се засладат принудните народни движења.

Политичката коректност е другиот аспект на ова: на пример, нарекувајќи ги инвадилизираните лица „поинаку способни“. Како што нагласува историчарот Тони Џуд: „Тоа не е ’поинаква‘ способност, туку немање никаква способност. Вулгарниот јазик... ги крие ефектите на реалната моќ и капацитет, реалното богатство и влијание“. Тоа овозможува многу полесно да се случи длабока нееднаквост.

Исто толку важен е и падот во писменоста. Орвел зборуваше за функционери како поставуваат блокови од зборови како „монтажни кокошарници“. Овој квалитет е многу очигледен во неодамнешниот извештај на ММФ: „Ризиците за глобалната финансиска стабилност се намалени откако почна економското заздравување, но загриженоста околу ризиците на одделни напредни суверени држави би можеле да ги поткопаат придобивките и да го продолжат колапсот на кредитот. Без поцелосно заздравување на финансиските и на приватните биланси, влошувањето на одржливоста на јавниот долг би можело да биде вратено во банкарскиот систем. Значи, потребни се политики за (1) да се намали ранливоста на една суверена држава низ одржување врска со веродостојни среднорочни фискални планови за консолидација; (2) да се осигури дека тековните доставни процеси се одвиваат лесно; (3) решително да се тргне кон завршување на регулаторната агенда и кон побезбеден, поеластичен и подинамичен глобален финансиски систем. За пазарните економии во подем, каде што зголемувањето на приливот на капитал доведе до стравување од инфлација и нагло зголемување на цените на финансиските инструменти, каде што е достапен прагматичен приод со комбинација од макроекономски и мудри финансиски политики“.

Иронично, тој документ е полн со барања за „транспарентност“. Па дозволете ни да го преведеме тој пасус на ММФ на еден транспарентен англиски: „Светската економија стана помалку ризична откако заздрави од рецесијата и откако банките и домаќинствата ги намалија нивните долгови. Меѓутоа, стравувањата за неизвршување на обврските на владите во богатите земји може да му се заканат на заздравувањето со зголемување на каматните стапки и пад на девизниот курс. Потребни се три работи: властите мора (1) полека да ги намалуваат нивните дефицити на реален начин; (2) да одржат трошење што ќе го компензира зголеменото штедење во приватниот сектор, (3) да притиснат со банкарски регулативи. Во земјите во развој економската политика и банкарските регулативи треба да се употребат заедно за да се сопре инфлација и нагло зголемување на цените на финансиските инструменти“.

Колку е поголема дистанцата меѓу јазикот на елитите и обичниот народ, толку е поголем ризикот од револт. До тој степен што комплексноста во финансиите или политиката креираат нови можности за измама, го попречуваат разбирањето и ги поматуваат линиите на одговорност. Треба да имаме цел да го намалиме тоа до степен што таквите проблеми ќе рефлектираат намалена можност за јасно изразување - лекот е да се подобри едукацијата. Цената на јасноста, како и цената на слободата - е бесконечна будност, а овие две работи се поврзани.

(Авторот е член на британскиот Горен дом, професор во пензија по политичка економија на Универзитетот Ворвик, член на бордот на московската Школа за политички науки и пишува на „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата

на „Проект синдикејт“)


#
Статијата е прочитана 756 пати.

Испрати коментар

Од: Mativodi
Датум: 12.06.2010 10:27:56
Tocno so takvi zamateni recenici i zborovi, odnosno "montazni kokosarnici" se izrazuvaat golemite finansiski korporacii i medjunarodnite finansiski organizacii, no isto taka i nasite t.n. " finasiski eksperti" so cel da bidat sto ponejasni i sto pozagadocni , za obicniot narod da ne ja prepoznae izmamata i lagata. Vistinata se izrazuva so ednostaven i razbirlin jazik i jasni zborovi koi realno ja opisuvaat sostojbata. No toa ne im odgovarat na finansiskite " hokstapleri" koi sekogas sakaat so edna gimnastika na nejsni i komplicirano sroceni recenici vo svoite izvestai sakaat da ja " zamajat" javnosta i obicniot narod. Toa masovno go imame i kaj nas. Mu cestitam na avtorot za odlicniot , jasen i razbiril tekst.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Портпаролот на Фондот за здравство не сака веќе да лаже
Скандал до скандал во судството
Панк рок-легендата ќе грми на 20 јуни на Кале
Знамето на Свети Ѓорѓија
Подемите и падовите на ВМРО-ДПМНЕ
МРТ ја откажува „Отворено со народот“
Колачињата на „Кејблтел“
Хрватскиот туризам во костец со светската криза
Нема ништо од големото кастрење
Теории на заговор
Големите зданија на малиот Париз
„Демофест“ во Бања Лука - шанса и за рок-бендовите од Македонија
Грците добро се стегнаа, Европа е задоволна
Тестаментот го подели семејството
Националистичката десница ја тресе Европа