08.02.2012, 16:36 До 2013 година не доаѓа во Македонија
„Меркатор“ ни годинава ни следната година нема да инвестира во Македонија. Компанијата, во овој период нема да се шири ниту во земјава ниту во Косово. Ова го објави љубљанскиот весник „Финанце“ , во написот за докапитализацијата на компанијата-ќерка на „Меркатор“ - „М-техника“. Една од причините за докапитализацијата е намерата за отворање ��илијала во Хрватска. Зголемувањето на капиталот на „М-техника“ изнесува 14 милиони евра.
„Меркатор“ веќе неколку години наназад поседува плац во близина на хотелот „Александар палас“ во Скопје, од над 50.000 квадратни метри, на кој требаше да изгради трговски центар, но тоа досега не се случи. Државата дури лани му одзеде дополнително земјиште во составот на она што го поседува компанијата, поради нереализирање на намерата за инвестирање. Исто така, словенечките медиуми завчера објавија и дека хрватски „Агрокор“ ја повлекол понудата за купување на мнозински пакет од 52,1 отсто во „Меркатор“, бидејќи процесот трае предолго и чини прескапо. (МИА) |