08.02.2012, 16:35 Неповолна оцена за економијата
Економската состојба во трговијата на мало, според оцените на раководителите на деловни субјекти, во последното тримесечје од 2011 година е понеповолна во однос на претходниот квартал. Според податоците на Државниот завод за статистика, оценките за нивната финансиска состојба во четвртото тримесечје лани е понеповолна во однос на третото, а помалку по��олни се и нивните очекувања за економската состојба во наредниот период. Според статистиката, најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во четвртото тримесечје имала слабата побарувачка на купувачите од 37,7 отсто, зголемената конкуренција за 15 отсто, како и поголемата понуда на пазарот со 13,8 отсто. (МИА) |