Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
08.02.2012, 16:31

„Купи куќа, купи стан“ во пет до дванаесет

Како и за се' друго, граѓаните очигледно ќе го чекаат крајот на февруари за да поднесат апликации за евтините станбени кредити

Соња Маџовска


Како и за се' друго, македонските граѓани, очигледно, ќе го чекаат крајот на февруари за да поднесат апликации ��а евтините станбени кредити од проектот „Купи куќа, купи стан“. Рокот за поднесување барања до банките е до 1 март. Засега во банките само се прашува и се подигнуваат документи, но нема многу поднесени барања. Или, како што вели претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе банка, Срѓан Крстиќ, „многу повеќе има подигнати апликации отколку реално поднесени“.

Сепак, тој очекува навалица да има кон крајот на месецов, со оглед на интересот. „Веројатно граѓаните како и во многу други случаи го испитуваат пулсот, проверуваат дали проектот навистина функционира на начин на кој е презентиран и очекувам искрено засилено аплицирање во втората половина на февруари. На 1 март се затвора можноста за аплицирање, а ние сме познати по тоа да чекаме до последна минута и верувам дека истото ќе биде и во овој случај“, вели Крстиќ.

Тој најави дека засега Шпаркасе банка не планира да ја менува каматната политика во делот на депозитите. Но, потенцираше дека постојано ги следат движењата на пазарот и сигналите од централата во Австрија, референтната каматна стапка на Народна банка на Македонија, па во согласност со тоа и ќе реагираат. Од Шпаркасе велат дека штедењето продолжува да расте, и на депозитите во евра и на денарските заштеди. Минатогодишниот тренд на претворање на штедните влогови од евра во денари е запрен, по смирувачките тонови кои стигнаа од Европа, дека еврото е стабилно.

Крстиќ смета дека се' уште е рано да се прогнозира какви ќе бидат трендовите во делот на кредитирањето за цела година. Но, признава дека ризици постојат и дека има намалување на економската активност во делот на нарачките на извозните компании кои имаат партнери од европските земји.


Статијата е прочитана 440 пати.

Испрати коментар



До 2013 година не доаѓа во Македонија
Заем од 2,5 милиони евра од ЕБОР
Неповолна оцена за економијата
Македонски студенти со Шпаркасе на обука во Грац
Бројки
Уште еден студен туш за македонскиот раст
Никој не оди на пазар, се купуваат само џемпери и чизми



jovan, 09.02.2012 00:36:01
Od ovaa kampanja nema da se ofajdi nikoj, osven nekolkumina, a e pred se napravena so cel da se razmrda pazarot na nedviznosti koj e veke PRE PRE zasiten i postoi opasnost, da pocnat celi zgradi i kvartovi da zjaat prazni, a so toa ke pocne da paga vrednosta na nedziznostite, a paganje na cena na nedviznost znaci udar za bankite, potoa i za se drugo. No narodov nema pari, pa ne ke moze ni da se razdvizi ovoj pazar, bez razlika kakvi povolnosti i subvencii ke se davaat. Za mnogu kratok period ovde bankite ke bidat najgolemite prodavaci na stanovi i drugi nedviznini.
zainteresiran, 09.02.2012 13:53:35
ima nejasnisituacii, investitorot bara kapar 10% od vrednosta na stanot, bankata bara 25% ucestvo od vrednosta na kreditot, isto bara hipoteka na imot 1:2, treba da se plati za trosoci za notar i dr.trosoci manipulativni-administrativni, treba vo start da se plati okolu 20.000eur pri apliciraweto, a sto ako ne bide odobren kreditot, steta za aplikantot, dali e ova za gragani koi nemozat da go resat stanbenoto prasawe, tie nemaat tolkav imot-pari, nema logika, a kolku li ke ima i dr.trosoci koi vo momentot ne se poznati ne se znae?????
Трпе, 09.02.2012 14:33:09
Море каква навалица че има,народот пред банките ќе се испотепат за аплицирање за стамбени кредити.Задачата на бладата не е даго учи народот да им јаде од рака.Таа треба да се залага да го зголеми стандардот и да има посигурни работни места.Пред некој ден и јас спомнав дека ова популистичка влада работи за банките кои че бидат најголемите продавачи на станови по некоја година.Па ајде собери храброст и аплицирај на вакви популистички реклами.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, -7°C

Делумно облачно

Понеделник
Слаби снежни врнежи
Макс: -2°C, Мин: -9°C

Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -11°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |