Од труење со алкохолни пијалаци умреа 71 лице
Њу Делхи - Најмалку 71 лице починале во Западна Индија како последица од труење со илегално произведени алкохолни пијалаци, соопшти индиската полиција.
Локалните медиуми јавуваат дека завчера во Ахмедабад, главниот град на државата Гуџарат, итно биле префрлени во болница уште петмина затруени. Според информациите, труењето од илегално произведените алкохолни пијалаци се случило во неделата навечер за време на една прослава. (Макфакс) |