Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Демонстранти палат автомобили во Лион

ЛИОН - Млади луѓе во североисточниот француски град Фирмини, ноќта во средата, запалија автомобили и уништија социјален центар, додека протестите за смртен случај во полициски притвор на едно момче продолжуваат две ноќи по ред. Околу 200 полицајци за сузбивање на безредија се ангажирани за да ја контролираат ситуацијата, а хеликоптер го надлетува градот додека групи млади луѓе подметнуваа оган во контејнери за отпад пред да тргнат во палење на автомобили и на социјалниот центар.

Протестите се одржаа во средата по смртта на Мохамед Бенмуна, локален жител уапсен за обид за изнуда, кој падна во кома по, како што кажа полицијата, обидот за самоубиство и почина неколку часа подоцна. Семејството на Бенмуна изрази скептицизам околу објаснувањето од страна на полицијата, која наведе дека тој ги користел јажињата од душекот за да се обеси.

Јавниот обвинител во Сент Етјен, најблискиот поголем град, ги отфрли сугестиите за полициско малтретирање, но наведе дека опремата за видеонадзор, која во нормални околности би ја снимала ќелијата на Бенмуна, не функционирала како што треба. Наредено е да се спроведе обдукција врз телото и истрага за случајот што го отвори ИГНП, полицискиот инспекторат. Девет лица во средата беа уапсени по вторникот вечерта, полна со насилства кога Бенмуна беше се' уште жив, но во кома по инцидентот. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 267 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Авион на иднината
Од труење со алкохолни пијалаци умреа 71 лице
Тела од урнатиот јеменски ербас „испливаа“ на танзаниски брег
Г-8 се подели околу климата
Британски конзул „доработувал“ во бордел
Да се потопат бродовите што пренесуваат емигранти во Европа
„Гардијан“ отвори војна против најтиражниот британски таблоид
Бомба пред училиште во Авганистан уби 15-мина
Загинаа 41 лице во напади во Ирак