Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Тела од урнатиот јеменски ербас „испливаа“ на танзаниски брег

Телата почнале да се појавуваат на брегот во вторникот

Остатоци и тела за кои се верува дека се од авионот што се урна минатата седмица во близина на Коморите во Индискиот Океан се појавија на танзаниски остров, соопшти полицијата. Командантот на регионалната полиција изјави дека иследниците за несреќата на Коморите се информирани за овој случај. Безбедносни сили се распоредени на островот Мафија, на неколку стотици милји северозападно од Коморите, за да го пребараат теренот за други тела. Авионот се урна на 30 јуни во услови на лошо време со 153 патници и членови на екипажот. Баја Бакари, 12-годишно девојче, е единствен преживеан. Таа беше пронајдена како се држи за остаток од авионот околу два часа по несреќата. Голем број патници патувале кон Коморите, но го почнале патешествието во Париз или во Марсеј со друг авион, кој летал за „Јеменија“, националната авиокомпанија на Јемен, пред да се качат на летот ИЈ626 во Сана.

Официјални лица од островот Мафија изјавија дека телата почнале да се појавуваат на брегот во вторникот. Пет тела беа пронајдени во попладневните часови, а до 21 часот по локално време таа бројка се искачи на 13. Абсалом Мвакјома, командант на регионалната полиција од крајбрежната провинција изјави дека, исто така, се пронајдени и дел од остатоци на авион, кои навестуваат оти би можеле да бидат од јеменскиот авион. „Сите одговорни власти, вклучувајќи ги и жителите на островот, ни помогнаа со информација каде да ги најдеме телата, на пример, има непотврдени информации оти има уште две тела на островот наречен Нјони“, изјави тој за Би-Би-Си на свахили. Тој додаде дека телата се испратени во мртовечницата во Дар Ес Салам. За време на викендот иследниците наведоа дека е забележан сигнал од рекордерот што ги снимал податоците за летот на патничкиот авион „ербас 310“ на „Јеменија“. Компанијата „Јеменија“ соопшти дека лошото време, силните ветрови и немирното море најверојатно се причина за несреќата. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 468 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Авион на иднината
Од труење со алкохолни пијалаци умреа 71 лице
Демонстранти палат автомобили во Лион
Г-8 се подели околу климата
Британски конзул „доработувал“ во бордел
Да се потопат бродовите што пренесуваат емигранти во Европа
„Гардијан“ отвори војна против најтиражниот британски таблоид
Бомба пред училиште во Авганистан уби 15-мина
Загинаа 41 лице во напади во Ирак