Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Г-8 се подели околу климата

Лидерите на земјите од Г-8 во Аквила се договорија да ја избегнат девалвацијата

АКВИЛА – Кревката состојба на светската економија доминираше на првиот ден од Самитот на Г-8 на кој богатите земји признаа дека се' уште има значајни ризици за финансиската стабилност. Пред вчерашниот состанок земјите во развој се жалеа дека страдаат од криза, која тие не ја создаваат. Кина, Индија и Бразил прашуваат дали светот треба да почне да бара нова глобална резервна валута како алтернатива за доларот. Тие најавија дека би можеле тоа прашање да го постават на состанок откако претходно дискутираа меѓу себе.

Индискиот министер за надворешни работи, Шившанкар Менон, изјави дека економиите во развој од т.н. Г-5 предложиле употреба на алтернативни валути за трговијата меѓу нив. Дебатата е многу чувствителна на финансиските пазари, кои се претпазливи

околу ризиците за американските вредности, и тоа веројатно нема доволно да напредува во Аквила. Г-8 и Г-5 се надеваат дека ќе биде постигнат напредок за замрените трговски разговори од Доха, со можен договор за нивно завршување во 2010 година. Разговорите од Доха, започнати во 2001 година, со цел да се помогне напредокот на сиромашните земји, заглавија околу предложените намалувања на тарифите и субвенциите. Г-5 соопшти дека се залага да се одговори на нерешените проблеми од Доха, што ќе обезбеди „голем поттик за обновување на довербата во светските пазари“. Меѓутоа, се бара богатите земји да ги урнат трговските бариери и да ја обноват довербата кај сиромашните земји.

Претседателите на Г-8 (Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, САД и Русија), Г-5 (Бразил, Кина, Индија, Мексико и Јужноафриканска Република) и Египет се договорија да ја избегнат девалвацијата на валутите и да го охрабруваат воведувањето стабилен меѓународен финансиски систем, се наведува во предлог-декларацијата од средбата на врвот во Аквила, пренесоа светските агенции.

Г-8, Г-5 и Египет се ангажираат, исто така, да завршат преговорите од циклусот „Доха“ за либерализирање на трговијата до 2010 година.

Претседателите ќе им наредат на министрите за трговија да се сретнат пред следната средба на Г-20, во септември, во Питсбург.

Најголемите земји-загадувачи на животната средина, кои произведуваат 80 проценти од емисиите на гасови, постигнаа согласност за максимална граница од два Целзиусови степена за климатското затоплување, потврди европски дипломатски извор, цитиран од агенциите.

Г-8 вчера го одобри прагот од два Целзиусови степена за зголемување на глобалната температура и за намалување од 50 отсто од емисиите на штетни гасови до 2050 година, а на индустриските земји - за 80 проценти, во однос на 1990 година.

Американскиот претседател Барак Обама изјави, вчера на Самитот на Г-8, дека се' уште има време да се затвори јазот со земјите во развој во однос на климатските промени, откако генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, ја критикуваше Групата 8 дека не вложува доволно напори. На првиот ден од состанокот во Аквила, Италија, Г-8 не успеа да ги натера Кина и Индија да ја прифатат целта да се преполоват емисиите на гасови со ефект на стаклена градина до 2050 година.

Надевајќи се дека ќе остави обележје на неговиот прв Самит на Групата 8, со тоа што ќе претседава со состанокот на богатите и земјите во развој за животната средина, Обама изјави дека се' уште може да се постигне напредок пред новиот договор на ОН за климатските промени, што треба да се одржи во Копенхаген во декември. Портпаролот на Белата куќа, Роберт Гибс, изјави дека Обама го известил бразилскиот претседател, Луис Инасио Лула да Силва, дека „се' уште има време во кое би можеле да го затворат јазот за тоа несогласување, навреме за важниот состанок“.

Обама претседаваше со 17-члениот Форум на големите економии (МЕФ), кој се согласи да го ограничи глобалното затоплување на два Целзиусови степена наспроти преиндустриското ниво, но веројатно нема да се согласи за степенот на намалување на емисиите на гасови.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, изјави дека напредокот на Г-8 за климатските промени досега „не е доволен“. „Ова е политички и морален императив и историска одговорност за иднината на човештвото, дури и за иднината на планетата Земја“, изјави генералниот секретар на ОН. Напредокот е попречен од отсуството на кинескиот претседател Ху Џинтао, кој ја напушти Аквила поради етничките судири во северозападниот дел на Кина, во кои загинаа 156 лица.

Британскиот премиер Гордон Браун изрази надеж дека за температурната цел ќе се согласат „сите земји присутни денес на масата“ - САД, Јапонија, Германија, Франција, Велика Британија, Италија, Канада и Русија, како и земјите во развој - Кина, Индија Бразил, Јужноафриканска Република, Индонезија и Мексико. Меѓутоа, извор од Г-8 изјави дека „не е реално“ да се очекува договор за емисиите на гасови.

Индија истакна дека земјите во развој прво сакаат да ги видат плановите на богатите земји за обезбедување финансиска помош за да се справат со се' поголемите поплави, топлинските бранови, невреме и зголемените морски нивоа.

Тие, исто така, сакаат богатите земји да направат поголеми намалувања до 2020 година. Температурите веќе се зголемени за околу 0,7 Целзиусови степени откако индустриската револуција најави поширока употреба на фосилните горива. Италијанскиот премиер истакна дека сите треба да го споделат товарот за решавање на проблемот.

„Нема да биде продуктивно доколку европските земји, Јапонија, САД и Канада прифатат намалувања, кои се економски штетни додека повеќе од пет милијарди луѓе во другите земји продолжат да се однесуваат како порано“, изјави премиерот Силвио Берлускони. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 184 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Авион на иднината
Од труење со алкохолни пијалаци умреа 71 лице
Тела од урнатиот јеменски ербас „испливаа“ на танзаниски брег
Демонстранти палат автомобили во Лион
Британски конзул „доработувал“ во бордел
Да се потопат бродовите што пренесуваат емигранти во Европа
„Гардијан“ отвори војна против најтиражниот британски таблоид
Бомба пред училиште во Авганистан уби 15-мина
Загинаа 41 лице во напади во Ирак