Број 3032  петок, 10 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Свет

Британски конзул „доработувал“ во бордел

 

Скандалот на британскиот дипломат во Сибир предизвика различни реакции

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ

МОСКВА - Кариерата на британскиот дипломат Џејмс Хадсон (37), кој работеше во конзулатот во Екатеринбург, на Сибир, ја уништија проститутки. Скандалот се случи кога на веб-страниците се појави снимка на која британскиот конзул се забавува со две девојки „со лесно однесување“. Сосема различно реагираа британските и руските весници и читателите на веб- страниците. Британските новинари сметаат дека нивниот конзул во таа сексуална игра го вовлекле руските тајни служби. Од друга страна, пак, некои посетители на руските веб-страници со разбирање ги коментираат постапките на британскиот конзул, кој како ерген престојувал во Екатеринбург. Секако, нема никакви официјални руски коментари, а Хадсон се врати во Лондон.

Од снимката се гледа дека дебелкото со очила добро се забавува со локалните девојки. Расположениот Хадсон мавта со шише шампањ. Подоцна, конзулот во Екатеринбург се превртува по креветот со две девојки. Таа снимка, што трае само четири минути, беше доволна раководството во Лондон да го врати од службата во Сибир.

Засега британските весници не пишуваат дали руските тајни служби го уценувале британскиот дипломат. Воопшто не е спорно дека на снимката се руски девојки, бидејќи една од нив на англиски јазик, со јак акцент, го прашува: „Сакаш така?“ Очигледно снимката е направена во еден од „салоните за одмор“ во Екатеринбург.

„Филмот“ за сексуалните успеси на британскиот конзул под наслов „Авантурите на мистер Хадсон во Русија“ се појави на една веб-страница во Екатеринбург. Авторите тврдат дека конзулот Хадсон се забавувал во текот на работното време и оти користел лесни дроги. Британскиот дипломат работел и во Сараево, Хавана и во Будимпешта, а во таа служба е од 1994 година. Беше оженет со Британката Сали, но по една година заеднички живот се разведе во 1996 година и досега е неженет.


Статијата е прочитана 816 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Авион на иднината
Од труење со алкохолни пијалаци умреа 71 лице
Тела од урнатиот јеменски ербас „испливаа“ на танзаниски брег
Демонстранти палат автомобили во Лион
Г-8 се подели околу климата
Да се потопат бродовите што пренесуваат емигранти во Европа
„Гардијан“ отвори војна против најтиражниот британски таблоид
Бомба пред училиште во Авганистан уби 15-мина
Загинаа 41 лице во напади во Ирак