|
|
|
|
|
|
Талентираниот Бразилец Роберто Просинечки
Жоакин да Силва Медина на својот син му дал име Роберто Просинечки. Роберто не е таму некојси фудбалер. Тој има 19 години и игра во Сантос. Важи за еден од најталентираните играчи во Бразил и е член на младата репрезентација. Неговата вредност се проценува на 25 милиони евра.
„Ма, ајде бегајте таму, се шегувате за тоа момче и неговото име“, беше првата реакција на директорот на Црвена звезда, Иван Аџиќ, пишува „Курир“.
„Просинечки беше волшебник како фудбалер и нормално е луѓето да го обожувале. И јас го сакав како мал. Секоја чест за таткото на Бразилецот што му дал такво име. Не би имал ништо против да ни дојде“, додаде Аџиќ, кога веќе стана јасно дека не станува збор за шега.
Инаку, таткото Жоакин го обожувал Просинечки додека играл за Реал Мадрид. И во тоа време одлучил така да го крсти својот син. Постариот брат на Роберто се вика Оверат Брајтнер. Има настапувано со својот брат во Сантос, додека не замина на позајмица во Фигуеренсе. Тој го добил името по двајцата легендарни Германци Волфганг Оверат и Пол Брајтнер. |
#
|
Статијата е прочитана 1131 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Јосиф |
Датум: 13.12.2010 12:38:20 |
|
Ѕ, Ѕ, Ѕвезда, луѓе, ѕвезда! Звезда не е македонски збор! |
|
|
|
|
|
|
Од: Citate |
Датум: 14.12.2010 10:35:08 |
|
DA DRAGI CITATELI , UREDNICI i NOVINARI
ETE OVA E SAMO MALA kocka od mozaikot na nesoodvetno obrazovoto makedonsko novinarstvo.
Zatoa i novinarskata profesija e tolku mnogu dvirana.
Aj de bre sekoj sto si zamisluva moze nekade da stane nekakov si novinar, a kako ke pisuva po koj pravila pravopisi itn ,Ma aj ne e bitno... |
|
|
|
|
|
|
|
|