Хиршер и Рајх го одбележаа слаломот во Вал ди Зер
Двајцата Австријци Марсел Хиршер и Бенјамин Рајх блеснаа во втората слаломска трка во Вал ди Зер и на својата земја и донесоа еден два победа. По првата трка во водство беше Италијанецот Манфред Мелг со плус 20 стотинки подобро време од победникот Хиршер и 13 во однос на Рајх. Подобро време од Австријците имаше и Силван Цурбриген кој заостануваше зад Мелг само четири стотинки. Но, сето тоа Австријците успеаја да го надокнадат во втората трка.
Во женскиот велеслалом во Сент Мориц триумфираше Французинката Теса Ворли, пред Тања Путинаинен од Финска и Словенката Тина Мазе. Дебакл во втората трка доживеа водечката по првото возење Германката Викторија Ребенсбург, која во одлучувачката делница влезе со 63 стотинки подобро време во однос на победничката. На крајот мораше да се задоволи со 10 место. Во машкиот велесалом во саботата во Вал ди Зер победи Американецот Тед Лигети, пред Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал и Италијанецот Масимилијано Блардоне. |