Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Сладок подарок за Алан Пердју

Фудбалерите на Њукалс не може да му дадат поубав подарок на својот нов тренер Алан Пердју. Победата над Ливерпул од 3:1 е токму она што го посакуваше Пердју во дебито на клупата на црно-белите.

Ливерпул влезе во мечот со три бода предност во однос на Њукасл, а интересно „црвените“ имаа триумфирано во последните четири меѓусебни мечеви, од кои три завршија со 3:0, додека во последниот дуел на овој стадион на Њукасл, Ливерпул славеше со дури 5:1.

По суспензијата во тимот на Пердју се врати Џое Бартон, а капитенот Кевин Нолан се опорави од повредата и пак заигра од првата минута. Токму тие се покажаа како клучни елементи. Рој Хоџсон, пак, и натаму не може да смета на Џерар, Агер и Карагер, но затоа Торес заигра од првата минута.

Њукасл поведе уште во 14 минута со голот на Нолан од сомнителна офсајд позиција. И покрај неколкуте шанси на двете страни резултатот остана таков каков што е до полувремето. Ливерпул во продолжението влезе со намера што побргу да израмни и успеа во тоа. Во 50 минута добар потег на Кајт за 1:1.

По тој погодок посериозно делуваа домаќините. Имаа поголем желба за победа, која на крајот им се оствари. Најпрвин во 80 минута Бартон донесе водство од 2:1, а во судиското продолжение Керол со 10 гол сезонава во Премиерлигата ги постави конечните 3:1.

Пердју кажа дека не е лесно да се влезе во чевлите на претходникот, но дека навивачите реагирале одлично кога мечот започнал. „Јачината на звукот од трибините беше таква каква што имам доживеано само во финалето од Купот. Тешко пренесував пораки. Мора да почнам да користам знаци“, се пошегува новиот менаџер и додаде: „Да му се дадат три гола на Ливерпул не е мала работа. Тоа значи дека сме биле конкретни“.

Од друга страна Рој Хоџсон смета дека ова е голем чекор назад за неговиот тим: „Имавме неколку добри меча и бевме во добра форма. Но сега се' расипавме. Првиот дел ме исполнуваше поради шансите за израмнување. Се надевав дека така ќе биде и во вторите 45 минути. Но, за жал, не беше. Му дозволивме на Њукасл да се врати во игра и примивме втор гол кој тренерите не сакаат да го гледаат“, вели разочараниот Хоџсон.

Резултати од 17.коло: Астон Вила 2:1, Евертон - Виган 0:0, Фулам - Сандерленд 0:0, Стоук - Блекпул 0:1, Вест Хем - Манчестер С. 1:3, Њукасл - Ливерпул 3:1.

Табела: Арсенал 32 (-1), Манчестер Сити 32, Манчестер Ј 31

(-2), Челзи 30(-1), Тотенхем 26

(-1), Сандерленд 24...


#
Статијата е прочитана 377 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
МЗТ го запре Фени
Работнички ја освои „Железарница“
Дортмунд и натаму игра фудбал од соништата
Украинките ја шокираа Германија
Шок во Сити, Тевез побара да замине
Талентираниот Бразилец Роберто Просинечки
Преку Вејд, Мајами до осма победа во серија
Хидинк
Хиршер и Рајх го одбележаа слаломот во Вал ди Зер
Андоновски победник на „Скопје опен 2010“
 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary