Андоновски победник на „Скопје опен 2010“
ФИДЕ мајсторот Љубиша Андоновски (рејтинг 2290) е победник на Отвореното првенство на Скопје во шах што се одржа од 4 до 12 декември во просториите на библиотеката „Страшо Пинџур“. Во конкуренција на 57 шахисти на турнирот покренат во 1984 година, Андоновски единствен освои 7,5 поени од девет партии, при што ги совлада и првиот носител, велемајсторот Влатко Богдановски (2418), како и интермајсторот и репрезентативец Филип Панчевски (2403).
За триумфот Андоновски, кој за четири дена ќе наполни 50 години, доби 24 илјади денари од наградниот фонд од 109 илјади денари, а си го подобри и рејтингот за 36 поени.
Резултати од последното коло: Танчев - Андоновски реми, Данчевски - Дамовски реми, Органџиев - Панчевски 0:1, М. Илиќ - Хаџи-Манев реми, Куков - Велевски 0:1, М. Митков - Селковски 1:0, Секуловска - Зафировски реми, Јоноска - Ѓорѓевски реми.
Конечна табела: Андоновски 7,5 поени, Богдановски 7, Панчевски, Данчевски и Танчев по 6,5 поени итн. (Р. Д.) |