Број 3455  понеделник, 13 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Украинките ја шокираа Германија

Женската ракометна репрезентација на Украина го приреди најголемото изненадување во досегашниот тек на 9. Европско првенство во Данска и во Норвешка со неверојатната победа над Германија од 33:23, која нив ги испрати во втората фаза, а „панцерите“ дома уште по првиот круг! По двата високи пораза од Холандија со 25:13 и од Шведска со 33:25, малку кој очекуваше дека составот на поранешниот тренер на Кометал Ѓорче Петров, Леонид Евтушенко, воопшто ќе слави над Германија, а камоли со цели десет гола разлика. По 6:6 во 17 минута Украинките десет минути подоцна се одлепија на 13:7, за на полувремето да заминат со водство од 15:10. „Газењето“ на противникот продолжи и во почетокот од вториот дел, кога веќе во 37 мин. беше 21:12, по што Германките кренаа раце.

„Тоа беше апсолутно драматичен натпревар, извонреден, неверојатен“, изјави украинскиот капитен Анастасија Пидпалова. „Тоа беше нашата последна шанса да останеме на првенството и ние ја зграпчивме со двете раце. Бевме целосно опуштени и без притисок пред мечот, знаејќи дека ништо не може да не' повреди. Ги изненадивме сите, посебно себеси. Не можеме да поверуваме што се случи“.

„Пред првенството рековме дека ќе ги изненадиме сите“, додаде Евтушенко. „Во првите две средби ги изненадивме сите со нашата слаба игра, а сега ги изненадивме сите со оваа голема победа. Неверојатен меч. Продолжуваме во Лилехамер во главната фаза, нешто за што никој не ни помислуваше пред дуелот со Германија, а сега е реалност“.

Како изненадување може да се третира и (пре)високата победа на соорганизаторот на шампионатот и бранител на титулата од Македонија 2008, репрезентацијата на Норвешка, која против поранешниот европски првак Унгарија славеше со дури 34:13! Ексјугословенското дерби во Орхус, пак, го добија Хрватките, кои ја совладаа Црна Гора со 29:28.



СКАНДИНАВКИТЕ МАКСИМАЛНО



Група А, трето коло: Романија - Србија 40:28, Шпанија - Данска 19:22. Конечна табела: Данска 6, Романија 4, Шпанија 2, Србија 0.

Група Б, трето коло: Русија - Исланд 30:21, Црна Гора - Хрватска 28:29. Конечна табела: Русија 4, Црна Гора 4, Хрватска 4, Исланд 0.

Група Ц, трето коло: Шведска - Холандија 25:18, Германија - Украина 23:33. Конечна табела: Шведска 6, Холандија 2, Украина 2, Германија 2.

Група Д, трето коло: Франција - Словенија 29:19, Норвешка - Унгарија 34:13. Конечна табела: Норвешка 6, Унгарија 4, Франција 2, Словенија 0.


#
Статијата е прочитана 551 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
МЗТ го запре Фени
Работнички ја освои „Железарница“
Сладок подарок за Алан Пердју
Дортмунд и натаму игра фудбал од соништата
Шок во Сити, Тевез побара да замине
Талентираниот Бразилец Роберто Просинечки
Преку Вејд, Мајами до осма победа во серија
Хидинк
Хиршер и Рајх го одбележаа слаломот во Вал ди Зер
Андоновски победник на „Скопје опен 2010“
 

Romanian opposition has a 'clinical obsession' with ousting president Basescu
Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary