Број 3297  четврток, 03 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Петар Хаџи Бошков спореден со Џакомети

Академик Георги Старделов на отворањето на изложбата го спореди големиот скулптор и со Хенри Мур и Бранкуши

Катерина Богоева

„Има ликовни творци, како што е тоа случајот со Петар Хаџи Бошков, кои создаваат нови форми и нови ликовни идеи кои означуваат пресврт во скулптурната уметност. Петар Хаџи Бошков затоа и го нарекувам творец на пресвртот во повоената македонска ликовна уметност. Тие творци на пресвртот од рангот на Хаџи Бошков, објавуваат низ своите дела дека завршува една епоха во уметноста на скулптурата и почнува една сосема нова. Статусот на овој редок творец чии творечки експерименти во скулптурата беа радикални (зафаќаа се од корен) е рамносилно на оние скулпторски истражувачки иновации на еден Бранкуши, Џакомети или Хенри Мур во европската скулптура на ХХ век“, рече во својот прв дел од обраќањето, академик Георги Старделов на отворањето на ретроспективната изложба на скулптури на академик Петар Хаџи Бошков, завчеравечер во националната галерија „Мала станица“, дента кога скулпторот, едно од најзначајните имиња во македонската ликовна уметност, полнеше 82 години.

Старделов и' препорача на публиката:„Не очекувајте во комуникацијата со неговите скулптури да затрепери некоја емоција и емоционална возбуда во вас. Сетете се: ова не е лирски театар за апсурдот на постоењето што го изврвевме во ХХ век. Помислете на познатиот ефект на отуѓување на Брехт. Гледајте ги скулптурите на Хаџи Бошков и не очекувајте емоционална доживелица, туку соочете се со својата саморефлексија. Гледајте ги нив и мислете за трагичната човекова ситуација во овој трошен и тлеен свет“.

Оваа изложба на која публиката може да види избор од скулптури од сите творечки фази на авторот, почнувајќи од 1950 до 2004 година, е подготвувана изминатата година, а дел од моќното творештво последен пат ретроспективно е презентирано на крајот на 80-тите години од минатиот век. Изложени се 130 дела (600 скултури) работени во брестал, бетон, керамика и метал.

Петар Хаџи Бошков кој очекувано не говореше за себе и своето творештво, потенцираше и овој пат дека се што имал кажал во скулптурите, но деканот на Факултетот за ликовна уметност Димитар Малиданов, изразувајќи му благодарност и честитки посака на изложба да му ги види и неговите познати и бројни графики и цртежи.

Вечерта која ќе остане во паметење на публиката што во изложбените сали се задржа скоро два часа, Елизабета Шелева ја промовираше и книгата на историчарката на уметност Конча Пиркоска, посветена на Петар Хаџи Бошков.

„Пиркоска неминовно се соочува со прашањето за стилската атрибуција на овие скулптури и на творештвото кога многу интересно, инвентивно, но не без причина ќе го нарече арткохолик, човек зависен од уметничката работа, што е ќе се согласите е најубавиот и најпрекрасниот вид зависност. За него таа ќе рече дека е автор на еден творечки имот опколен од меморијата, ова ви го цитирам за да видите со колку еден, литературно допадлив, освен оној аналитички стручен и професионален јазик, авторката на монографијата му се посветила на творештвото на Хаџи Бошков.

Дијалогизмот кај Петар Хаџи Бошков таа го препознава во неговата фасцинираност од скулптурите на старите цивилизации, ни помалку ни повеќе, од старо египетската, покрај античката и ренесансата - посочи меѓу другото Шелева, откривајќи и дека Пиркоска во книгата се осврнала и на музичко ликовниот перформанс кој во 1978 година го извел Гарабет Тавитјан аплицирајќи ги делата на Хаџи Бошков како музички инструменти.

Кустосот на изложбата Маја Неделковска-Брзанова, потенцираше дека идејата за презентација на скулптурите се надоврзала на објавувањето на книгата на Пиркоска.„Во изминатава година интензивно работевме на изложбата, на прибирањето на делата од Националната галерија, од Музејот на современата уметност, од Заводот и музеј од Штип и од авторовата колекција.Избравме дела кои најдобро го илустрираат неговото творештво. Петар Хаџи Бошков секогаш ќе биде интересен за публиката, бидејќи е еден од првите автори кој внел промена во мислата во македонската ликовна уметност, бидејќи оставил нешто трајно, дел е од нашето национално богатство“, рече таа, коментирајќи ја воедно и големата посетеност на изложбата од младата публика.


#
Статијата е прочитана 841 пати.

Испрати коментар

Од: intelekt
Датум: 03.06.2010 16:15:54
sekoja cest za golemiot umetnik i vajar,no i za konca pirkoska koja maestralno go opisa negoviot zivoten pat i opus...cestitki!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ракометот на беспаќе
Што прави Али Ахмети
Обемниот буџет почна да крахира
Семејството ме спаси од судбината на Линдзи Лохан
Прекинаа ископувањата на Хераклеја - нема пари
ЕУ го храбри Западен Балкан
Излеани милиони
Содерлинг, конечно, го победи Федерер!
И Романија ќе се лустрира
Лоша владина комуникација
Колку специјални претставници му се потребни на Балканот?
Георгиевски притискаше да се избере Груевски
Карикатура