Број 3297  четврток, 03 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Прекинаа ископувањата на Хераклеја - нема пари

Одлуката е донесена речиси преку ноќ. „Рецесија е“, вели Паско Кузман

Битола - Прекинаа археолошките истражувања на античкиот локалитет Хераклеја Линкесис крај Битола. Наеднаш финансиската криза стана причина за стопирање на ископувањата, иако се најавуваше работите да се одвиваат и во текот на летото.

Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство на Македонија, потврдува дека ископувањата запреле на Хераклеја, но дека тоа не е исклучок, туку работите се стопирани и на други локалитети во државата онаму каде што само се истражувало, но не и на капиталните проекти.

Истражувањата на Хераклеја започнаа во втората половина на март за целосно да се прекине со работа на 1 јуни. Тогаш ангажирани беа дваесеттина стручни лица и над двеста работници, а се најавуваше дека за годинашните истражувања се обезбедени 30 милиони денари. Археолозите имаа цел да ги доистражат оние места каде што лани започнаа со работа, но, сепак, тоа да биде во оградениот дел на локалитетот.

Сега за изненадување на јавноста, но најмногу за изненадување на ангажираните работници на кои дневницата од 400 денари им беше единствената егзистенција, работите во Хераклеја запреа.

„Проблем е што нема пари. Не е тоа дека ан блок одеднаш ги прекинавме работите и останавме со прстот во уста. Туку, ги прекинавме истражувањата онаму каде што немаше потреба натаму да се брзаме. Треба да бидеме и во контекст со состојбата во земјава, нели е рецесија. Но, да се знае дека работите продолжуваат на главните проекти“, вели Кузман.

Според него, досега за ископувањата во Хераклеја се потрошени околу 50 милиони денари со планови доколку се продолжи со истражување на есен да се потрошат уште 30 милиони денари.

Кузман ги демантира гласиштата дека ископувањата во Хераклеја запреа, бидејќи во изминатите месеци не се наиде на ниту еден значаен артефакт, иако потврдува дека за разлика од останатите локалитети во државата каде што оваа сезона беа откриени вредни артефакти, тоа не се случи и во Хераклеа.

„Нема ништо ексклузивно што се најде во Хераклеја. Но, онаму каде што се работи на архитектура на откривање на урбана средина помалку може да се очекува на такви наоди. За разлика од тоа кога се работи на некрополи на гробови, тогаш може да се надеваме на ексклузивни предмети. Меѓутоа, за нас археолозите и керамиката значи успешна берба“, објаснува Кузман.

Според него, со работа ќе се продолжи единствено на Плаошник и на скопското Кале. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 1455 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 03.06.2010 00:17:04
Bash shteta, a bevme na patot da dokazheme na cel svet, deka antichkite makedonci nemale nishto zaednichko so helenite i deka antichkite makedonci ne bile helenizirani, tuku grcite bile makedonizirani.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 03.06.2010 06:12:07
Престануваат ископувањата - сега почнува закопување на Македонија - од лопатариве на власт.
Од: Тале
Датум: 03.06.2010 09:33:43
Како тоа нема пари ??? Па каде се 8-те милијарди евра кои ги најави премиерот во 2008???
Од: Mitko
Датум: 03.06.2010 10:14:56
Iskopuvanjata prodolzuvaat tamu kade sto Pasko si sttava pari v dzeb! Kale i Plaosnik!!! Sramota. A imase pari da se napravi onoj Diznilend na voda kako sto go zamisli Pasko! Koga se ima rabota so neuramnotezeni... Ej, trgnete go, ejjjj!
Од: Gaius Cæsar Nero Claudius Augustus Anima Curatio Populi Maximus Stupidus
Датум: 03.06.2010 10:39:47
Ш’о?АааАаххХх....!!!Помош!Па,како ќе го докажете моето постоење? :) Толку беше од шарените портоколадни Грандиозни глупости!Откако увидеа дека народот не се пали на ископини,преминаа на она,на што народот „паѓа у делириум“ - Туристички Надгробни Лековити Споменици!
Од: реално
Датум: 03.06.2010 14:14:03
Нормална работа.Нема ваљда,првин да се затвараат фирми,училишта,болници...
Од: bale
Датум: 03.06.2010 14:33:57
Ако прекинат со работа, но сите ЛОПАТИ да му ги предадат на Грујо за новите камен темелници........... Ех, зар овие недоквакани ли се да водат држава?????????????????????????
Од: citatel
Датум: 03.06.2010 16:41:25
Steta,steta, pa kako ke mu dokazeme na svetot i posiroko deka na naseto tlo otsekogas ziveele makedonci

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ракометот на беспаќе
Што прави Али Ахмети
Обемниот буџет почна да крахира
Семејството ме спаси од судбината на Линдзи Лохан
ЕУ го храбри Западен Балкан
Излеани милиони
Содерлинг, конечно, го победи Федерер!
И Романија ќе се лустрира
Лоша владина комуникација
Колку специјални претставници му се потребни на Балканот?
Петар Хаџи Бошков спореден со Џакомети
Георгиевски притискаше да се избере Груевски
Карикатура